Мене кај матичниот ми беше кажано дијагноза намалена плодова вода може да тера максимум 8 недели, ми рече до 32 ако стигнеш супер. Мислам дека срцев удар ќе доживеев. Нема правила. Јас се породив 40 недела и 3 дена. Нека иде ете во Систина ама сепак мислам дека треба да појде и на ГАК, затоа што што и да се случи сите итно на ГАК ги праќаат. Ако ништо друго имаат искуство далеку повеќе од било која приватна клиника.
Имам закажано и кај Димчев и кај професорката Ана Данева во ГАК. - кај Димчев денес, кај Ана утре. Паниката кај мене е што јас сум 21 недела, вие сте биле повисоки недели. До сега никој ништо не ми рекол за плодова вода, ова е првпат. А на преглед кај матичната бубрезите на бебето беа во ред, барем така она рече.
Јас го имав истиот проблем првата бременост и за жал експерт станав на тема плодова вода...различни доктори имаат различен метод на мерење (поминав едно 6-7 различни доктори низ различни приватни и државни болници)..Пример докторот каде што одев на скрининзи (приватен доктор во мојо град) мереше со AFI, и мене AFI ми варираше од 68-85, што за него беше страшно и одма ме прати Скопје на приватно...отидов кај Адамова во Санте, таа па мереше по SDP, таму ми беше најголемиот џеб некаде 4 cm и таа воопшто не беше загрижена, само ми препорача почести контроли. Се вратив кај докторот во мојот град тој пак инсистираше да ме види некој во Скопје па закажав кај Димчев демек најстручен, тој па ни беше заинтересиран ни ништо, ми вика јас не можам од еднаш да ти кажам дали ти е намалена пловодата вода, дојди за 2 недели пак...Па се вратив кај приватниот доктор, па бев кај матичната која цела бременост ми викаше каква намалена океј ти е водата ме испаничи, ми даде итен упат за ГАК, таму мува не ги полази, AFI ми измерија 120 и толку..дека се погодив Скопје, успеав истиот ден да закажам преглед кај др Симонида во Ремедика, таа беше единствен доктор што ме смири, ми објасни се, стварно ми беше редуцирана водата ама ми рече смири се, нема што да направиш, едино ќе одиш на почести контроли, ми даде магнезиум, движење за да поттикнам циркулација во матката и тоа е. Кога се вратив во мојот град, си зедов упат за болницата каде планирав да се породам и од 32ра недела одев секој 4 дена на преглед и тоа бешe тоа....AFI-то ми се менуваше насекое, џебови де имаше 3 де имаше 4, примав клексани заради проблем со постелката, ди-димери правев секоја недела, мислеа дека тие ќе ми помогнат, немав подобрување ама немав ни мака со нив...се породив 37+6, заради друго, ама што цела бременост ја поминав во стрес, ни уживав во бременоста ни ништо..На крај и кај мене испадна инфекција како кај Феникс, ама неоткриена, леукоцитите ми беа малку покачени цело време, ама брисеви чисти, урина чиста, на крај бебето при пораѓај се напи плодова вода, заврши на клиника и така открија дека сум имала Ешерихија коли зошто немаше друг начин како да фати освен од мене. И кај мене проблемот со плодовата вода се откри на втор скрининг во 21ва недела
Ова ми требаше! Фала ти премногу! Јас од вчера до денес глава не знам кај ми е. Дури почнав да бројам бебето колку фреквентно мрда. Мене ме испаничи матичната искрено, и таа не препрати и кај Димчев и кај Ана Данева као демек они биле постручни за 2 мислење. Искрена да бидам, не пиев воопшто вода, ако тоа има некаква врска воопшто. Мене првпат матичната вчера ми мереше плодова вода, претпоставувам тоа е SDP бидејќи е една вредност, AFI никој до сега не ми направил. Димчев мери AFI или SDP? Претпоставувам дека немате никаков проблем со бебчето, нели?
Незнаев ни јас каде сум искрено, шок ми дојде дијагнозата, на почеток се сомневаа на потпукнат водењак, ми правеа тест дали ми течи плодова вода, не течеше...докторите си играа со мене како со пинг понг топка, милион испитувања направив, никогаш не се дозна кој беше проблемот, на крај претпоставка испадна инфекцијата ама не се докажа дека е од тоа. Мене докторов што ме препрати Скопје, ми даде список на доктори кои тој ги смета за најстручни, Адамова беше прва и таму закажав прво, таа ништо посебно не се загрижи, ми измери еден џеб, џебот беше добар, АФИ не ни проба да ми мери, и ко се вратив кај докторот на контрола дури и се зачуди, тој тогаш ми измери АФИ 68 мислам и се преплаши одма ми рече извини ама мора пак да одиш Скопје, мене ми е страв вака да те оставам...Па ајде закажав кај Димчев демек еден од најстручните, него мува не го полази...Ни АФИ ни џеб ми измери, си направи стандарден преглед, стомачето на бебето според ехото му беше 2 недели поназад и ми даде клексани и ми рече јас не можам да кажам дали ти е намалена плодовата вода или не, ќе дојдиш пак и тогаш ќе направам споредба, кај мене не остави некој посебен впечаток, се надевам твоето искуство ќе е поинаку...Иначе секаде каде што бев ми мереа АФИ само Адамова ми мереше SDP... Кај мене пиењето вода не влијаеше никако, бидејќи јас и нормално си пиев по 2-3 литри, така и си продолжив Бебето се роди без никаков проблем, мислам испаднаа еден куп компликации ама се беше од тоа што ми се деси на пораѓај, не беше од намалената плодова вода...Дури бев трудна ми велеа можеби ќе има проблем со белите дробови или со бубрезите, бидејќи плодовата вода тоа ја голта, диши, ја моча и така во круг и ако нема доволно не знаеја дали ќе има некакви последици иако на сите еха се беше во ред со органите на бебето...ама кога се роди правевме ехо скоро на се, се беше во ред, веќе е голем дечко од 5 години Пиши ми слободно што и да ти треба, јас кога бев трудна никој ни по мк ни по странски форуми не најдов со исти проблем, обично плодовата вода се намалува при крај, и сите искуства се такви, ова беше некако рано и ми беше тотален шок, немав ни со кого муабет да направам, цела бременост ја поминав во стресови, среќа се се заврши добро
Да се надоврзам дека и моето се роди со инфекција и примаше антибиотик. Исто и имав пренесено јас од инфекцијата што ни ден денес не знам што беше. Се помина супер, веќе имаме 1 и 9 месеци.
Здраво мајки, 19-та недела сум и ми е 2-ра бременост. Со првата немав никакви компликации ништо, се до порагајо кога истече плодовата вода а не се отварав и мораше на царски. Ама сега со втората бременост ми е многу тешко. Не можам да сум активна повеке од 1 час. Почнат нози да ме болат, некогаш не ги ни осекам. А за половината шо ме боле да не зборам♀️ Некогаш во парко осекам се дека ке паднам, почне нагло да ми се поврака.. катастрофа♀️ Матичната ништо посебно не ми кажа. Дали е некој бил вака и некое решение? Бидејќи помош немам ич, сама ја чувам и се околу дома сама правам.
Zdravo, dali moze slika ili da pisete koi parametri gi proveruvate mesecno tie sto ste so kleksani i odite kaj Jani. Sakam da go napravam privatno i da otidam kaj nego, ne sum momentalno vo Skopje.
Има ли некој лек за несоница? 18 недела сум, ама секоја вечер се мачам со спиење. Се будам пречесто, не можам да поврзам ни 2 саати спиење наеднаш. Или се здрвувам колкови болат, или од најмал звук се будам и не можам да презаспијам. Пијам магнезиум ама џабе. Ако сега е вака, кај е крајот
Ти благодарам премногу за сево ова! Мило ми е што на крај се излегло во ред. Јас бев денес кај Димчев, тој рече дека “плодова вода има една купица” и дека се си е во ред. Извештајот ќе го прикачам подоле. Сите параметри се симетрични и одговараат на 20 недела, додека јас според последна менструација се водам 21 недела и 4 дена( што е 10 дена поназад). Тој рече дека најверојатно тоа се должи на покасна овулација и дека тој не гледа никаков проблем со плодот. Но, јас знам точно кога беше овулацијатА, можеби имплантацијата била покасно. И му кажав дека ова е првпат да има вакви отстапки. Сме правеле ехо на 13, 15та и 18та недел и сите биле во тој просек. Закажа контрола за 1 месец чисто да го видиме растот на наше инсистирање.
Прополис, само без алкохол да биде. Јас имав некој дома детски без алкохол и таков прскав кога имав мака како тебе со болки во грлото и со голтање и ми помина.
16та недела сум и имам некои благи болки во долниот дел на стомакот. Гинекологот ми кажа дека е нормално, се шири матка, карлица се. Некој со такво искуство?
Да, дента пред да пукне фоликулот бев кај матичниот и утредента отидов фоликулот беше веќе пукнат Но, според Димчев бидејќи се е во симетрични граници, тој вели дека со плодот е се во ред, можеби генетски да е помало, бидејќи и јас и сопругот не сме многу големи искрено. Сопругот е 163 цм . Некои други вакво или слично искуство да има? Бидејќи веќе закажав од претходно и кај проф. Ана Данева ќе видиме и таа денес што ќе кажи.
Со истиот проблем сум, 17та недела сум јас. Разговарав со матичната ми рече дека е нормално да се појави несоница, да зголемам доза магнезиум и да почнам да пијам Б6. Ништо од тоа не ми помага. Гледам навечер пред спиење да испаѓам, повеќе да шетам, трошам енергија и обавезно се туширам пред спиење. Така некако успевам да врзам сон околу 5-6 часа со неколку пати станување во вц.
Па голема е веројатноста да е поситно . Моето е 2 недели поголемо со мерки, ама и јас и сопругот сме големи. Сопругот е 195, јас 173. И првото го родив големо. Не се оптеретувај толку со мерките на ехо, на 10 да отидеш, сите 10 различно ќе измерат. Чим бебе супер си напредува, немај гајле.