Мајки, дали некоја пиела Амоксиклав во бременост, особено во 3 триместар? Како поминавте и дали бебето беше во ред?
Не гледам причина зашто бебето не би било добро. Има антибиотици дозволени во бременост, подобро да пиеш ако имаш потреба отколку да не пиеш и да направиш поголема беља. Јас пиев цефалексин во трет триместар, малата има 1 и 10 месеци.
Најверојатно ќе излезе дека е или тоа или овулацијата е утната. Денес кај професорката Ана бев на детален преглед, 1 час ме прегледуваше, секоја чест за докторката. Све е уредно и нормално, единствено стомачето заостанува. Не е присутна плацентна инсуфициенција, на доплер е се ок, плодовата вода е со AFI 12.47 што е идеална вредност. Нејзина претпоставка е дека генетски е бебево помало. Закажавме контрола по 3 недели. Дали има било каков сличен случај како мојов?
Кај мене цела бременост главчето беше 2 недели понапред а стомачето 2 недели назад, меѓутоа чим има добри протоци на крв и кислород, тежина која одговара на гестациската недела немаш потреба од грижа. Секако дека дел во сето ова игра и генетиката. Јас си родив здраво и право бебе, така да опушти се следи си совети од докторот на кој му веруваш и уживај во бременоста до крај
Моето од втор скрининг почна да заостанува, прво 5 дена, па 7, па 8, за да на крај стигнеме до 3 недели. Затоа и ме породија со провокации во 39 недела, мало и ситно излезе 2,6 кг, ама на брзинка за 10 мин на бокс. Здраво, право, за месец дена накачи скоро кило, си напредува одлично. Не му ја мисли ако е помало, па не може сите да се големки
До две недели +- се толерира. Мене за првото ми направија паника мешето било мало, се роди нормално т.е она си има ден денес тесно меше ама складна со градбата слабичка е. За второто беше поназад исто секогаш иако и јас сум 172, мм 182цм не се секирав за неа пошо ми рекоа до 14 дена не е страшно. Се роди ситна и уште си е палчица.
Здраво девојки ❤️ Дали некоја од вас има искуство со лежење во Аџибадем Систина за патолошка/ризична бременост. Ако може, ве молам споделете колку приближно ве чинело и колку денови сте лежеле. ❤️
Еве и јас да ти споделам за моето искуство со намалена плодова. Ја виде др. Петрова во Ремедика околу втор скрининг мислам. Пред 4 години беше, може нема да ти дадам најточни информации, имам заборавено детали. Ако ти е од помош, a не дополнителна збунка, ќе побарам стари извештаи ќе ти пратам во ЛП, чисто да направиш споредба. Вака напамет не можам бројки да ти кажам оти гледам има различни мерења. Од кога првпат ми измерија 'лесно намалена плодова вода' бев советувана да зголемам внес на благо и најмалку 2 литри вода дневно. Отидов и на второ и на трето мислење и никој друг не ја потврди истата дијагноза. Се опуштив малку, правев нормални контроли, на трет скрининг кај др. Петрова пак ми вели дека сум со намалена, ама воопшто неалармирана. Некако се потпрев на неа оти и' верував на стручноста, иако бикој друг ни матична ни никој не виде намалена вода. Дојде ред да се одлучувам за пораѓај, сплет на околности, завршив на Гак, почнав таму да правам контроли. И таму ја забележаа водата дека е овојпат многу намалена, ме задржаа на патолошка во 36та на рамно, во 36+2 ме породоја царски после неуспешен обид со индукција за природно. Детето ми е 3ипол години , сеуште не знам зошто сум снемала плодова вода, отприлика тие недели како тебе. Имав уреаплазма, цела бременост, тврдоглава со ниеден антибиотик не исчезна, ама никој не ми потврди дека тоа е причината. Со вторава бременост скроз ништо од тоа. За разлика од @Feniksgirl, кај мене др. Ќаев беше согласен дека треба индукција. Ако ти се од некаква помош, ќе побарам стари извештаи, пиши ми лп.
За детево беше 300 евра од ден. Не знам дали има разлика за нас. Јас пред две години за инфузии платив 13500.
Ви благодарам многу, Вам и на сите во оваа заедница! Вакво залагање е прав пример како треба да функционира еден форум! Симнувам капа, искрено! Воопшто не се малтретирајте за извештаите, бидејќи и Димчев и професорката Ана Данева потврдија дека количината на плодовата вода е во златна средина (AFI e 12.47цм) и дека нема ама апсолутно никакви абнормалности во плодот. И двајцата заклучија дека има уредна фетална морфологија за гестациската недела. Имено, докторката вчера правеше цел час скрининг и се е во нормала, ниту еден параметар не отстапува од нормалното освен што стомачето е за 5-6 дена помало. Но, направи доплер на папочната врвца, се е во ред. Значи исклучи било какви медицински фетални или мајчински недостатоци. Рече дека најверојатно е. генетика бидејќи и јас и сопругот сме поситни. За 3 недели сме на контрола. Уште еднаш благодарност до сите членови овде!
Јас сумамед пиев, праев и серклаж со општа анестезија и бебето ми е супер (и јас се плашев како тебе)
Женски на колку време проверувавте крвна слика и урина? Јас сега сум на почеток на 4ти и до сега не ми спомна гинекологот за таа проверка, јас самата последниот скрининг му реков ќе му донесам резултати од крвина слика и уринокултура.
Јас имав редовни контроли, ехо преглед, прв скрининг приска, брисеви се беше ок. Меѓутоа за крвна и уринокултура ме зачуди што не спомна па спомнав јас дека ќе направам и ќе му ги однесам резултатите да провери.
Уринокултура обично даваат ако видат нешто на урината, вака само крвна слика и урина испитуваат. Ама не касниш, не се секирај, ете направи си сама, следно побарај си за месец дена пак.
Не зошто мислиш дека во Систина подобро ќе те гледаат, не навлегувам но доколку 500 евра од ден ти се многу, пробај на ГАК, без оглед на муабетите за нив, во областа се и те како стручни. Ако те плашат условите ќе ти кажам дека се ептен пристојни. Моето искуство е дека од паталошка, родилна сала, пин и одделот за бебиња доле на паталошка е најдобро. Од чистачка, сестра, доктор сите беа на располагање. Чистат секој ден по 2 пати. Едино не чини храната ама дозволуваат да ти носат. Во соба се по 3 кревети, има телевизор, цтг прават секое сабајле од 6 часот. Трчаат за сите. Мене ми оставија позитивен впечаток.
Здраво мамички ❤️ Дали некоја од вас пиела Methyl B12 и Methyl Folate во бременост? до кога ги пиевте?