Поздрав. Бремена сум 15 недела на брисеви ми излезе кандида матичната ми даде гинолек плус. Дали некоја од вас ги користела?
Дали има некој искуство со NIPTY пренатален во Биотек, но со пакет за породување во Систина? Дали е ок тестот?
Здраво девојки. Јас сум 8-ма недела. Во почетокот чувствував огромен замор и спиев по 2-3 пати дневно, меѓутоа, последниве денови наеднаш имам многу енергија и воопшто не сум уморна и не спијам преку ден, воедно имав и многу vivid сонови, меѓутоа и тоа го снема. Сега имам само болни гради и утринска мачнина и кога нема да јадам подолго време. Дали некој има искуство во овој период (8-9 недела) да му се намалат симптомите. Многу сум загрижена. Во јануари имав еден missed абортус.
Нормално е да варираат симптомите, не се оптеретувај. Еден ден ќе ти е добро, другиот ќе ти наплати за претходниот и така. Уживај додека немаш симптоми, мене тек во 19та ми престанаа.
8ма недела исто,секој ден различно со симптомиве. Некои денови гадење наутро,градите мислам ќе ми експлодираат, навечер силна мигренозна главоболка, притисок висок. Па наредниот ден ништо не осеќам,па третиот ден пак одново и така ...
Дали некој имал во 18та недела (или околу таа недела) исцедок кој е беж/кафенкаст, малку беше и е густ не е течен. Убаво ме најде сега во сабота навечер спрема недела. не знам дали утре работи некое дежурно ехо во мојот град, како ќе издржам до Понеделник да не се провери не знам. Немам некои болки туку нормални повремени боцкања како и до сега вероватно нормални за бременост. Пробувам да останам смирена но сепак сум загрижена. Се беше ок на последното ехо пред скоро 3 недели.
Здраво 32 недела сум трудна и имам еден полускршен заб кој што до сега не ме болеше ама прееска јадев корнфлекс и уште малце го поткачив изгледа пошо сеа веќе почнав да го осеќам да ме подзаболува... сакам да закажам на забар ама би сакала со анестезија да ми го поправаат нема шанси без Дали сте биле вака трудни на забар дали сте поправале заб со анестезија?
Да, јас имав заб кој ми пукна, еден дел падна и се отвори дупка.... Мораше да се вади, со анестезија, а примав и атб, со дозвола од заболекар. Ова ми се случи во второ тромесечие.
Охоо знсчи може и вадење заб во бременост Пошо знам дека за вадење заб друга анестезија ставаат за разлика од обично пломбирање.. освен ако не дум грешка хахаха Не знам зашо цело време си мислам дека во бременост не смее анестзија кај забар Сигурно ќе ми го извадат и мене пошо булвално имам кратер
Од утре влегувам во 17та недела. Веќе 2 недели имам подуеност на десната нога. Има некој вакво искуство? Во вторник имам контрола, па да се консултирам и со вас. Сите кои ги прашував ми рекоа дека е нормално и дека периодов голем дел е од жешкото време.