Јас имав труење од храна, по препорака од матичен два дена пиев јаглен и електролити два пати на ден и prolife пробиотик во течност 5дена
Здраво девојки. На преглед бебе е 2 недели понапред и има зголемена плодова вода. Шеќер испитан, во нормални граници е. Искуства?
Па зависи колку ќе има пред тебе. Обично прво термините ги тераат па тие со приоритетен упат. Иначе ако се сите тука дента за потпис ти го даваат одма мислењето, ако не ти даваат копија со потпис што фали го носиш на комисија го прифаќаат па идеш кога ќе биде готово мислењето со сите потписи па пак го носиш на комисија. Јас ја чекав директорката се погоди да е на одмор, скрос готово го земав за 4дена. На ГАК на пример му ги даваа одма.
Фала ти бев денес пред 8 и ме примија пред закажаните со термин, само за извештајот ми рекоа наредната недела да одам да си го земам со сите три потписи.
Дали некоја од вас користела Cyclogest ректално наместо вагинално, заради локална иритација (црвенило и печење) после вагинална апликација?
7ми месец влегов, отежнато дишам, брзо губам кондиција. Нонстоп сум во движење на работа или сум под клима или ептен на топло нема средина. Вечерите ми се претешки како поднесувате мајки и идни мајки значи незнам Владава што чека да припаднеме нема мерки ова лето, а надвор 50 степени. Едино работа од дома ама кај мене не е така, морам физички да сум присутна
Те жалам искрено, почувствував како е, за моја среќа се склопија коцките и користам год. одмор моментално. Се помачно ќе ти биде, земај боледување ако си во можност или користи год. одмор.
И покрај тоа што најверојатно сум од нив изиритирана со кафеав исцедок,ивф докторот не ми рече да сменам ректално. Му кажав дека ме пецка некогаш кога ги ставам и дека имам обоен исцедок на тоа совет добив да ги ставам со ракавици без талк и да не лежам после апликација туку нормално да се движам. Ги користам веќе два месеца и нон стоп така како иритација со исцедок.
Женски бев на преглед вчера 28ма недела бебчо е во попречна положба уште се нема свртено ми кажаа дека има време до 36та недела ме интересира дали некој имал вакво искуство и ако не се сврти до 36та дали има шанси да се врти или ќе мора царски?
Моето беше карлично во 28ма ми рекоа ако не се сврти ќе мора царски. Не се сврте и се породив во 38ма царски. Но има случаи и каде што се врти, моето не се сврте зашто имав намалена плодова вода, немаше како да се сврти.
Zdravo devojki, Jas sum skros na pocetok rana bremenost,prvo eho uste nemam napraeno .Od koga vi pocnale simptomite?mnogu se plasam sto nemam nikakvi simptomi so IVF sum.Fala za odgovorite odnapred.