Кај секого е различно, мене првите симптоми ми почнаа во 7ма недела претходно ништо освен грчеви во стомакот како за пред циклус а првото ехо го имав во 6+2
Исто ивф бременост,од денот на трансфер симптоми како за добивање а после веќе прв симптом беше утрото 6+2 нагони за повраќање
Не знам дали е за овде прашањево Ме интересира ако има некоја што се породила скоро и уште чита тука, да каже за извод за новороденче дали може онлајн да се аплицира ( нели сеа е услуги дигитализација има не знам што) или мора по институции како до сега?
Можеби е сеуште рано за симптоми а можеби и нема да ги имаш како мене јас од почеток и до ден денес 19та недела не сум имала никакви симптоми нема правила секоја различно
Не барај симптоми, да не плачеш после од мака Се шалам. Не секоја трудница има симптоми. Само уживај си. Не е за плашење.
17 недела сум имам благо боцкање на двата јајника де лево де десно ама така ме боцка ме пушта и некогаш како тапа грчебжви благи хелпп
Не ти се јајниците, бидејќи во бременост ,,спијат” . Се тегнат мускулите. Магнезиум во консултација со гинеколог земи.
Mislam deka toa e vo red ne treba da boli samo dole nisko, nad sramnata koska. Jas posle takva bolka imv loso iskustvo.
Освен симптоми како за добивање, овој пат немав ништо друго 35та недела тераме, и сѐ е во ред засега до 5-6ти месец мислев дека ќе добијам Не се грижи не е задолжително да имаш симптоми
Ние аплициравме онлајн дека во друг град се породив, ама на крај пак мораше да се обратиме до институцијата, бидејќи, како што ни кажаа таму, ретко ги разгледувале апликациите. Го земавме изводот во нашиот град после неколку дена, ама згора на сѐ, моето име беше погрешно напишано, па требаше и тоа да бараме да се поправи. Затоа поарно во институции одете, џабе е онлајн
Девојки во 25та недела сум сакам да прашам дали е до хормоните немам желба ни за интимни односи а кога имам имам голема болка и печење . До сега не сум имала интимни односи многу ми е став да не се случи нешто дали е нормално да се има
Ако е уреднс бременост може да се има односи, ако немаш желба до хормоните е. Кај некој имаат огромна желба, кај други ич.
Ние за 2 недели влегуваме во 8ми месец, цело време уредна бременост ама до сега исто, желба 0, а дури и докторката ми препорача да имаме. Многу ми е тешко за воопшто да ми текне на тоа така да веројатно е до хормоните
Дајте предлог за смирување на кашлица...кашлица со секрет ама кашлам на 5мин буквално, приметив и крв..салеп пијам, поминува и пак одново..мед не смеам така да, предложете нешто друго не се трпи ова
Девојки, Дали сите сте правеле Нифти тест? Мојот доктор ми препорача само Приска и секако микробиолошки брисеви, и ништо друго дополнително, имам 29 години, прва бременост и сум во 13 недела. Немам никакви проблеми досега.. освен секако благи симптоми, но буквално уживам во бременоста. Ме интересира и ваше мислење и искуство, колку е добро и неопходно да се прави Нифти.. се мислам некако Фала ви.
Еве јас да ти одговорам, прва бременост на 27 год правев нифти по препорака на матичната незнам ни јас зошто се си беше ок млада дека нели после 34рта година го препорачуваат и еве сега втора бременост на 34 правев пак и фала богу се уредно. Приска си е сосема во ред и тоа е валидно, мислам дека повеќе маркетинг ова со нифти тестовите као мора, а не мора. Јас со друга дпкторка што имам правено муабет баш за нифти тестови обично треба да биде за жени кои имаат семејна историја во фамилија или кај парнерот и исто на ехо доколку нешто е сомнително. Пошо мене на секој извештај од клиника ми пишува “прегледот не гарантира 100% отсуство на аномалии” и тоа баш ми боде очи, зошто тогаш го правев тестот?
Ако имаш средства не е на одмет, огромно олеснување е дека навистина се е во ред. Сега бар има промотивни цени, за 400е наместо 700е.