Женски кога почнавте да чувствувате движења на бебето? Еве јас 18та недела сеуште немам почувствувано ништо. Ме фаќа некоја параноја без врска само.
Алпенкрафт беше дозволен во бременост. Ама штом е толку лоша кашлица би ти рекла и преглед од доктор, крвна слика, брис се со ред не е на одмет. Може и антибиотик ќе треба, секако има дозволени за во бременост.
До 24та се очекуваат ударите, немаш причина за параноја. На почеток и не се удари, повеќе е скокоткање.
Реално на бебето ништо не можи да му е ако е бременоста во ред, јас во првата бременост имав редовно до крај желбата беше голема, со второто немав ич желба, имавме некогаш. Со третово чат-пат до сега ради преголем умор и повраќање, а желба иам. Трета бременост и не правев. Ако е се во ред на Приска и скрининг според мене нема потреба ( Мк најчесто за пари препорачуваат на жени под 35г ) јас сум странство ни до сега имав три гениколози ни еден не ми препорача, а Мк прва контрола одма направи си. Тоа е мое мислење
Јас сум исто 18-та недела, прва бременост и сеуште немам ништо почувствувано. Баш прашав и докторката ми рече дека е сосема нормално и дека уште е рано, особено за прва бременост
Прва бременост 22 недела, втора бременост 21 недела, трета бременост сум 15та и не очекувам пред 19та недела.
Прва бременост минимални движења во 19 недела искрено не бев ни сигурна дека е бебето. Поинтензивни дури после 24та недела и мене ми кажа докторката нормално е за прва бременост.
Здраво феминки имав ехо преглед во четвртокот, се е супер, машко бебенце . Единствено ми констатира ниско поставена плацента. Јас сум 16-та недела . Ми рече апстиненција од сексуални односи, не кревање тешко , да не патувам и да се изложувам на тежок физички напор. Дали некоја од вас имала ваква дијагноза и дали се подига и разрешува тоа до кај 20 недела, значи не е дијагноза конечна за плацента превиа туку ниско поставена плацента. Фала ви однапред.
Ќе се крене, рано е уште. До 28ма треба да се крене, на втор скриниг ќе биде крената веќе. Немај гајле.
јас имам контролно ехо сега на 24 септември, а скринингот веројатно после тоа. Ние имаме закажано свадба за 14 ноември и сега не сме на никаде се плашиме да не остане ниско и да морам да одмарам цела бременост....
Фала ти многу . Малце не исплаши докторот кога почна со сите рестрикции a и јас кога почнав да читам онлајн. А за вториот скрининг кај е најдобро да се прави, а да не е матичен гинеколог? Читам се препорачува Систина ама и докторите од ГАК?
Јас во Систина правев кај Димчев втор, а првиот кај Котларова во Ремедика. Исто и на гак правев, но не ми се погодија докторите што се на смената, на одмор беа. Иначе на гак треба одма фаќање термин, иначе нема да најдеш. Исто и за кај Димчев и Котларова, месец уназад.
Здраво мамички ❤️ Дали можеби некоја од вас познава или има да ми препорача жена за помош и грижа за бремена жена со високо ризична бременост? Ми треба помош околу секојдневните работи, оброк, лесни домашни обврски и друштво/надзор, бидејќи морам повеќе да одморам. ⏰ Ангажманот би бил 4 часа дневно, по договор. Доколку имате некоја проверена и доверлива жена за препорака, ве молам пишете ми во порака. ❤️ Многу би ми значела препорака од лично искуство.
Јас осетив 20 недела и не беше удар туку како скокоткање, така некое интересно чувство. Не се секирај ќе почнеш за кратко да го осеќаш.