Дали некоја членка правела Нифти тест во Систина? Гледам дека оди во пакетот за породување и мислам пишуваше аванс 60.000. И ме интересира колку време се чекаат резултатите?
Мислам дека нема врска клексанот со тестот, јас се боцкав и исто тестот го направив во 10+4, немаше никаков проблем за ништо
Јас во двете бремености правев NIFTY и ми кажаа вечерта пред тестот да не се боцкам со Clexane, за да има доволно фетална ДНК во примерокот. И двата пати така направив и резултатот си беше во ред.
Јас се боцкав навечер, искрено не пазев кое време а сабајлето накај 9 часот го правев тестот. За да биде успешен треба да има повеќе од 4% фетална днк, кај мене во примерокот имаше 12%
Јас точно дента кога стигнав 18 недела осетив прв пат, но само кога легнав после работа да одморам. Прво мислев дека ми кркорат цревата и се преиспитував зашто сум гладна а јадев пред 1 час после сфатив дека така почнува да се осеќа бебето на почеток. Од ден за ден почна да се осеќа повеќе, најпрвин само кога одмарав, а после две недели и во текот на денот. На почеток неможеше ни да се види моментот кога ќе клоцне и сопругот не можеше да осети, после 21 недела почнав и да гледам а да осеќа и некој друг кога ќе стави рака. Кај секој е различно но очекувај дека ќе е следниов период
Јас се боцкав само еднаш навечер и ми кажаа вечерта пред тестот да не се боцкам. Ама штом ти примаш по 2, мислам дека сепак е подобро да си ја примиш дозата и таа вечер. Тоа е сепак нешто важно во бременоста, а ако случајно нема доволно фетална ДНК во примерокот, ќе те известат и ќе треба да го повториш тестот. Ништо страшно.
Јас примав 2 клексана . За Нифту тест ако се боцкаш вечерта во 8ч пример ќе одиш на тестирање послем 8ч наутро да има поминато 12ч.Прво ти зимаат крв па послем боцкаш утринскиот клексан.
Јас закажав преку матичен за аномалиски скрининг на ГАК кај Данева слушнав многу пофални зборови. Е сега ќе бидам 19 +4, што се смета за 20-та гестациска недела. Искрено вториов триместар ми е потежок од првиот што го поминав доста лесно. Имам доста карлични болки, и болки во препоните што вчера одвај одев, излегов пола саат на одење и баш имав препонска болка ужасна што е проследена со нагони за мокрење често. Кога олеснуваат овие симптоми?
Кога се породив, тогаш ми прекина карличната болка, а ја имав од 16та недела. 38ма се породив, претходно одвај одев.
Да, ферона и магнезиум. Ама џабе, не ми помагаше. Не знам дали бебето беше напикано така, ама ептен имав болки. Само движење помага а ја не можев ни тоа.