Тие што имате уплатено пакет за породување со Nipty во Систина дали потпишувате некаков договор за уплатениот аванс и што се случува со авансот во случај на ,,не дај боже,,
Јас пред некој месец кога прашував за нивниот пакет со Нифти добив одговор дека ако не дај боже нешто се случи ми се враќа авансот минус 100е (колку што чини тестот). На крај сепак по препорака од гинеколог од систина одбрав друг тест (кој се изработува во странство).
Мене ми е ниско ама ни еден доктор ( кај 3 ) бев до сега не ми рекоја не патовање, јас дури од Австрија дојдов Мк, Грција, пак Мк и се враќам за Австрија за една недела. За кревање пошо имам две деца ми рекоа не е докажано дека од тоа може да се направи нешто лошо, но јас имам 3г дете и секој дневно за нешто морам да ја кренам, ти си друго. За односи исто имаме зелено светло. Све спротивно од тебе јас и морам да сум активна со децава и чистење и парк и трчање... туку ми рекоа и мене до кај 26та недела би требело да се крене.
Ова се до третиот месец? Немаше мачнини, тегоби, поспаност? Јас со син ми првите месеци имав некој метален вкус во устата, бев многу поспана и без енергија. Браво тие што имате сила посебно првите месеци.
Не не, јас сум 15та недела и сум уште со 2 апчиња на ден Xonvea против повраќање, без нив не можам вода да се напијам. Поспана сум уште и тие имаат мислам удел ама оваа бременост ми е најтешка. Сепак избор немам, сами сме со мм, среќа па не одам на работа ама децава си бараат. Мм работи од дома ама пак си има работа што може ќе помогне, мада околу домот не сакам мешање. Е сега, кога речам ми се спие и заспијам в дневна децава не ме чепкаат и си одмарам.
Девојки, трет скрининг сте правеле ли? Ми рекоа дека нема потреба, мада Димчев на вториот ми рече ,се гледаме на трет.
И мене така ми рече Димчев ама не отидов, си бев само кај матичен, детална проверка на бебето ми направи па почнувам кај докторот за породување.
И мене истата ситуација со Димчев, матичната рече дека не е потребно, но јас си отидов Ми го наплати како преглед, не како скрининг.
Кога почнавте да купувате за второто(различен пол)? Имам нешто од ќере така унисекс што е, нешто ми даде и другарка, ама меракот е пак и јас да си земам нешто.
Па накај 7ми месец ама доколку имаш желба купувај си. Иако кај мене ист пол сепак разчино годишно време и не искористивме многу работи, тек сега почнувам.
Ej не знам искрено, јас бев кај еден доктор матичниот гинеколог и се водам по тоа мислење и мене ми звучеа строго тие рестрикции ама тоа е . Може сака да сум екстра претпазлива, пошто реално јас имав прелесен прв триместар патував шетав бев активна и без мачнини освен повремен замор. Па сега вториов го доживувам екстра напорно.
Терај како ќе ти кажат. Јас со првото имав ептен лесна бременост ама не ми беше ниско, сега и мене кога ми кажаа на преден ѕид ниско одма прашања, пошо со двете сум природно и не би сакала царски ама ми рекоа као нормално е, ќе се крене до 26та недела, па да се надеваме.
Па мене ми рекоа ќе видиме до 20та недела на тој аномалиски скрининг, као до тогаш се решавале повеќето ниска плацента ситуација.