Дали сте имале проблем со отечени дланки? Плус и болки имам кога ќе ги свиткам прстите. Нешто како внатрешно виење да не речам реума… 36 та недела сум иначе и од пред една недела ми се јави овој симптом..
На сите кажува така, јас не отидов. Матичната детално ме гледаше на секој преглед кај неа и немаше потреба. Тогаш главно се следат протоците, постелката и плодова вода, што секој матичен (би требало да) знае.
Јас сум 30. недела и веќе почнав да купувам по нешто ❤️ После две девојчиња, сега ми е баш необично да барам машки алишта Имам доста унисекс работи што ќе ги искористам, ама искрено меракот ме тера да си земам и нешто ново за него. Некако цел живот гледав розево и фустанчиња, а сега машки бодиња, шпилхозни и сетчиња ми се нов свет ❤️
Девојки, бидејќи деновиве сум доста отечена во стапалата, проверив д димери, инаку 27 недела. Сега гледам дека ми се 1118. Утре секако ќе се јавам на матична. Искуства?
Даа, сега ќе почне возбудата кога ќе одам кај докторот дадата како да чувствува дека доаѓа време за бебето, ме гали по стомак, му збори на бебето и цело време е мама мама и сама не знам како летна времево со вторава бременост ти пак ќе раѓаш зимски батко како што приметив
Да зимски ама батко. Па затоа немам многу алиштенца. Иначе ќе можев се да искористам од ќере ако беше девојче. Мене сите ми викаат леле коа помина, а мене споро некако ми оди. Дали дека бев со хипермеза до 5ти месец и некако премачно со тодлер кој е опседнат со мене. Ама и лето да си бремена е најмачно, претопло годинава се погоди.
Знам дека е батко овој пат, затоа и го пишав зимски батко според мене почни купувај си полека по нешто, да си бидеш спремна..јас од првово имам ама од мерак ќе си земам и нешто ново, не можам да одолеам Си имала мака, затоа споро, инаку со дете по дома деф лета време, не е како за прва бременост ни се погоди нас две, двапати бремени во лето..и пред 3год беше хаос топло лето, сеа па јас крајни месеци во лето, пукнав..ама мора да се издржи тоа е
Баш ми е мило сите што имате мешани дечиња Јас одсекогаш сакав ќерка и бев убедена дека ќе имам ама имам три сина нека се живи и здрави ќе ми остане неостварен желба да купувам розеви алишта
Jas pocnav od 36ta so urmi. Pilates topka, vezbi, skali, pesacenje i devojceto si resi deka ke si ceka do kraj 40+2