Јас купив од Зара, 3 броја поголеми ми се точни моментално а сум 25 недела. Кога нема да можам да ги закопчам планирам или да ги носам откопчсни или на шнајдер да ми стават ластик од страните па да се шират. Инску како модел барај само низок струк ако сакаш да ги закопчуваш
Девојки,хелп! Денеска со завршување на домашни обврски, си ги гледам стапалата,отечени најмногу што можат. Влегувам во 28 недела. Испитани д димери,околу 1118 беа. Матичната некако не е баш заинтересирана. Значи само кога лежам по цел ден,ми се нормални стапалата. Друго што да испитам? Дури и страв ми е,бидејќи скоро и да не ги чувствувам. Извинете на долгиот пост.
Девојки, сум околу 30 недела и имам серклаж. Денеска малку се опуштив и правев некои домашни чистења низ дома, ништо претерано. Од тогаш ме боли долниот дел од грбот, особено кога одам, а долниот стомак одвреме-навреме ми се стврднува. Исто така многу често мокрам и чувствувам болка/притисок кај самиот серклаж. Дали некоја имала слично искуство? Можно ли е да е од активноста и да се само Braxton Hicks, или сепак да одам да ме проверат? ❤️
Одмори, легни смири си го телото, ако е за час, два исто оди нека те видат да си мирна. Со серклаж вие што сте нели треба постојано лежење или сум грешка. Одмарај, батали чистење.
Јас имам пријателка во двете бремености со секлаж ама функционираше нормално, немам искуство лично јас ама ете од неа знам.. валда следат како е и така и дозволуваат што смее што не. @Joraa и кај тие без секлаж во таа недела е многу нормално тоа, одмарај измеѓу, а ако имаш помош користи си.
Најверојатно до состојбата е тогаш, и јас се збунив дека моја пријателка со двете деца беше на строго мирување. Како и да е кај сите со леснотија нека врви бременоста
Од топлото е и од што си била на нозе цел ден. На свадба бев во петокот, целодневна и вечерта нозете не можев да си ги познаам, одвај извозев до дома и одвај газев. Дури и утредента не беа скроз спласнати. Одмори повеќе, ти кажав и претходно, ддимерите ти се одлични.
Девојки, имам закажано за втор аномалиски скрининг на ГАК кај Ана Данева. Од кај матичен ми рекоа дека упатот ми е за амбуланта за фетална супервизија. Дали таму за сигурно се прави скринингот или нешто друго ми имаат закажано?
Јас на почеток на шеста недела имаше срцева акција би требало до тогаш да може, меѓутоа и ако е покасно не е страшно.
дали некоја правела доплер на долни екстремитети? Вчера седев долго и само едната нога ми отече во глужд, немам други симптоми, примам Клексан ради тромбофилија, денес ми спласна ама пак некако ми се различни нозете во глуждот. Ми рекоа со оглед дека бремена да правам доплер и некако се разочарав и вознемирив.
Здраво 20 недела сум имам болки во јајници кога движам и слаба болка доле , и често ми се влажни гаќичките , нормалано е ?? аа даа да напоменсм и декс во вагината доле кај отворот како да ме боли некако штрекнува
Мајки заборавив капнав Заболек на забот ама не голтнав плукнав леле ... Ќе има ли штета за да плодот?