Кога почна да ви расте стомакот? 9та недела сум и почнав да имам стомак. Чудно ми е толку рано бидејќи со првото дете во 5ти месец почна да се приметува
Здраво феминки Сакам да прашам дали некоја од вас има искуство со чешање на цело тело, посебно навечер во текот на бременоста. 20та недела сум, веќе 3 пат ми се дешава по 3-4 дена да имам чешање на цело тело, посебно е неподносливо навечер. Читав за холестаза, барав да ми се испита ама докторот кажува цело време "ништо не ти е" , или алергиска реакција се мислам да не е на некоја храна. Земав да се мачкам со синопен денеска да видам како ке делува. Ако има некоја искуство со ова ве молам да споделете.
Да, со второто дете се чешав дури рани се правев. Користев хидратантна крема против чешање. Сега 17недела, само долниот дел од стомакот ме чеша.
Со второ побргу се познава, со првото 6 месец стомак немав еве јас сега со трето 5 месец како 7ми да сум после ручек ај то туку јас во 3 бремености немам класичен труднички стомак нанапред што оди туку како да сум само дебела изгледам ама овој пат одма ми скокна.
И јас имав период кога премногу ме чешаше телото особено по спиење и по туширање, на 2 пати бемки откорнав од што се чешав (среќа не беше страшно). Некаде по 24/25 недела ми помина. Со лесно!
Да и јас се чешам, мачкај на влажна кожа после туш веднаш масло за тело и врз него хидратантен крем. Мене само така ми се смирува…
Дали до крај на 21 недела е многу што покачив 4 кг од почеток? Матичната ми кажа нормлано било од 8-10 во цела бременост, се друго било од прекумерно јадење. И еве веќе 3-4 дена имам грижа на совест уште 19 недели имам а според неа уште 6 кг макс за здрава бременост. Со 58 останав сега сум 62.
Јас до 25 некаде просек по 10-12 кила качував. После до крај ич. Језда пазев што јадам поради шеќерот, ама не мора да значи дека линеарно се качува килажата во текот на цела бременост. И јас со 58 останував, со 70 на пораѓај. А и немаш многу качено ти.
Јас останав трудна со таа килажа, мене ми рече матичната макс до 71 кило. И јас бев нешто слично со килата и неделите, последно што се мерев беше 10 дена пред пораѓај и имав 69 кила, а 5 дена после пораѓај имав 65 Мислам дека си супер, не се оптеретувај многу со тоа, секако голем дел од тежината оди во бебе, плодова вода и сл. Можеш да припазуваш да не јадеш многу благо и тесто, ама никако не смееш да прескокнуваш оброци или да бидеш подолг период гладна Со лесно до крај
Јас со првата бременост 30кг качив а ништо не јадев, на инфзуии бев од повраќање. Имав премногу заддршка на вода, и големо бебе сега со оваа бременост, само стомак имам, не се ни мерам, се напикав во фустан М, така да 25та недела сум и не е така страшно. Иначе сум 173 и поим неам со колку останав бремена. Мислам 70 имав, али чим ме собира М
Јас останав со 61 бремена, претходната недела ме мереа 79 сум. Искрено и многу ми се јадеше цела бременост, на крај сум така да сигурно ќе бидам +20 и не се оптеретувам Ми кркори стомак за храна, буквално мислам дека прасе цело ќе изедам, не јадев цела бременост од стрв туку јадев оти стварно бев гладна и сеуште сум.. Не знам какви се тие ограничувања, мене никој не ми спомна дека морам волку или толку да качам..
10-12кг e нормално и здраво качување во бременост со еден плод а околу 18кг со близнаци. А и ти имаш убава стартна килажа не се оптеретувај и да бидеш со 13-14 кг на пораѓај одма после пораѓајот се симнуваат 6-7 кг(бебе плодова вода, плацента).
10-12 кг е нормално Со првото имав 65кг стартно па 77кг на пораѓај бебе беше 3280 сега со 67кг стартно на пораѓај 74кг бебе 4400 после три недели од пораѓај имам 62кг и се тоа без да се замарам со килажа. Апсолутно не е многу што си качила 4кг се тоа е нормално и ги снемува после пораѓај килограмите.
Со првото 30 качив чим се породив дур излегов од болница -12 бев, за 6-7 месеци бев на стара килажа. Со второто 10кг дали качив со толку и излегов од болница
Дали тврда столица може да направи проблем со бременоста? Неколку дена повраќав, бев на инфузии и мислам поради дехидрираноста неможам веќе ден да одам во тоалет. Како и храната е тука многу сува.Инаку имам редовна столица. Многу се плашам бидејќи цело време осеќам грчеви и стегање.
Мора да се смириш, анксиозноста ќе те уништи. Иначе да проблем е хемороиди, на бебето ништо нема да му биде. Те молам пробај позборувај и со психолог, онлајн барем, мора да се смириш, не значи дека пак ќе биде исто. Исто многу важно, доста читаш, немаш потреба.
Не е проблем скоро па секоја трудница има запек, јади храна богата со влакна, иначе и покрај запек јас немав хемороиди.
Не може да направи не се грижи, освен хемороиди. На бебето ништо не му е. Јас со син ми каков запек имав, страшно нешто, никогаш во живот не ми се беше десило, а јас отсекогаш имам нормална столица. Поради хормоните и столицата се менува не само е исхраната, вари си компот од сливи, или земај кашички од сливи, сега имаш и свежи сливи помага доста. Урми многу помага ама во бременост мислам не смее да се јаде. Цеди сок од лимон и портокал и движи се доколку бременоста ти дозволува. Не се плаши, ништо не е.