Ве молам за совет, бидејќи моментално времето на чекање ме убива. Поради планирана бременост, ми доцнеше неколку денови направив тест со урина со два различни теста и двата покажаа две линии. Отидов на гинеколог после неколку дена, ми рече дека сите параметри се во ред (зголемена матка, задебелен ендометриум). Втор пат отидов на 27.08 и јасно се гледаше дека има гестациска кеса. Неделава повторно бев во 7+4 недели (според послена менструација), имаше зголемување на гестациската кеса но пак не се гледаше плод ниту пак имаше срцева работа. Матичниот ме консултираше да почекам уште неколку денови, а потоа ако нема плод ќе ми даде упат за клиника за медикаментозен абортус. Ве молам за совет и ваши искуства во ваква ситуација.
На колку време добиваш? Направи бета и после 48ч уште една видите дали расте За абортус лесно е но не брзај
Добивам на 28-32дена, правев бета одма после домашниот тест, тогаш резултатот беше во ред. Сега матичниот не ми даде упат ниту предложи да испитувам. Некако премногу избрзано ми делуваше, не понуди никакви други опции.
Да си го смениш матичниот заради ваков пристап, оди на друго мислење и направи бета на приватно за да видиш дали се дуплира.
Предлози за матичен исто така се добредојдени. Одамна сум на мисла да го сменам, за ПЗУ Мама се работи, претходно идев кај Надица, но таа нема интерес за ништо, сам треба да си ги бркаш работите, а одиш на доктор за стручен совет.. Сега кај син и како подобро, но мислам дека сепак неискуството си го прави своето.
Членките кои се од ск може да ти предложат опции. Мој совет е да испиташ уште утре бета, за 7 недела вредностите треба да се прилично високи доколку има бременост, а потоа оди пак на ехо.
Требало за 48ч уште една бета и ке сте знаеле на што си Напрај бета утре и понеделник во иста лабараторија и во слично време пр 10ч наутро утре и понеделник
За жал, во моментов немаш многу што да направиш освен да почекаш до следната контрола. Знам дека чекањето во ваква ситуација е ужасно тешко, но повторното ехо по неколку дена ќе ви даде многу порелевантна информација. Би дополнила во однос на советите за бета, во 7+ недела кога веќе на ехо се гледа гестациски сакус, следењето дали бетата се дуплира на 48 часа не може да даде сигурен одговор дали бременоста се развива правилно. Бетата може да продолжи да расте и кај blighted ovum, т.е кога гестацискиот сакус расте, но во него не се развиваат yolk sac и ембрион. Дополнително, на овие вредности и во оваа недела веќе не се очекува бетата задолжително да се дуплира на секои 48 часа ни кај нормална бременост Најважно сега е што ќе покаже контролното ехо и колкави се димензиите на гестацискиот сакус. Ако имаш било каков сомнеж, секако дека можеш да побараш и второ мислење кај друг доктор за да бидеш 100 посто сигурна. Ти посакувам од срце на следната контрола да добиеш убави вести
Во 2013 година поради нејзина немарност и не следење на цервиксот го изгубив бебето во 24 недела . Да си ја смениш таа докторка.
Имав моларна бременост или гестациска вреќа без плод . Следев бета стигна до 11.000 па за два дена падна на 9 илјади и утре дента имав киретажа . Неколку мислења од различен доктор. Затоа секогаш се дава фора до 9 недела, ако до 9 недела не се појави плод тогаш киретажа се прави.
Да, кај тебе падот на бетата бил дополнителен показател дека бременоста не се развива, но поентата ми беше дека не мора кај секоја неуспешна бременост бетата да почне да паѓа во тој момент. Кај blighted ovum може извесно време да продолжи да расте и hCG иако не се развива ембрион, па две бети што растат не можат да потврдат дека бременоста се развива нормално. Затоа во 7+ недела, кога веќе има гестациски сакус на ехо, контролното ехо и развојот и мерките на сакусот се многу порелевантни за проценка отколку дали бетата се дуплира. Иначе, моларна бременост и гестациска вреќа без плод (blighted ovum) не се исто. Кај blighted ovum се формира гестациска вреќа, но ембрионот не се развива. Моларната бременост е друга состојба, при која поради неправилност при оплодувањето наместо нормално да се развиваат бременоста и плацентата, се развива абнормално ткиво во матката. Затоа и различно се дијагностицира и следи. И не мора секогаш да се чека до 9та недела, постојат ехографски критериуми и потребен временски интервал меѓу две еха според кои лекарот може да утврди дали бременоста е како што треба. Секако, ако има било каква дилема, скроз е оправдано да се почека и да се побара второ мислење
Види го медицината не се секогаш 2+2 =4 Ако влезеш на мојот стар Ник тука на Фемина форум ќе се увериш во тоа. Последнава бременост или пак како што си ја кажувам со мојата Дарија беше патешествие. Прво ехо 6+ недела одам кај друг доктор ми вика оваа бременост е 5+ недела па тек после една недела си дојде 6+ недела. Предходната моларна се утврди тек материјалот кога се прати на проверка. Чекавме до 9та недела да се појави ембрион , падна верата и ме исчистија .
Здраво девојки. Има ли некоја што има мачна бременост? 9та недела сум и по цел ден ми се повраќа, ме боли стомак, грб, глава, толку сум измалаксана што едвај одам на работа а домашните обврски ми заостанаа чисто... Немам воља и желба буквално за ништо, дури сум нервозна што ми е така. Дали ова ќе помине? Ако цела бременост е така, ќе полудам
Јас бев таква до 13,14та недела, цело време повраќав ми се гадеше, немав сила за ништо, не одев на работа и пак ми беше многу мачно низ дома да средувам, дури се сеќавам дека немав сила ни желба косата да ја мијам Кај мене се среди чим влегов во 4ти месец, како преку ноќ друг човек ми прекина и гадење, повраќање ми се врати и енергијата Така да не секирај кај некои трае само првиот триместар, после малце олеснува
Во ред е не си единствена. Првото тримесечие буквално го преспав а за јадење живеевме на храна од надвор. Не се вознемирувај толку за домашните обврски за некоја недела ќе ти биде подобро.
Норамално, јас имав многу големи нагони за повраќање,тежини,промена на вкус и ме држеше некаде до 4ти месец. Мислам дека од кожава ќе си излезев, се ме нервираше дома и маж ми ме нервираше што си функционираше нај нормално.. Не отсуствував ни еден единствен ден од работа цела бременост, дури и по добро ми беше кога одев, кога ќе стасав дома како да ме “навасуваа” сите можни симптоми. Пиј Антиметил и Б6. Со лесно
Кога правеше бета дали се дуплираше правилно, дали имаш симптоми на бременост? Најдобро направи бета пак да видиш дали опага, не се менува или се зголемува. Тоа најдобро ќе покаже, ама мораш и да почекаш за сигурност, можеби покасна овулација си имала.
Симптоми не секоја трудница ги има а и буквално зе разликуваат од бременост до бременост кај иста жена камоли различна. Ако случајно некоја прочита што нема симптоми посебно 8ма недела, да не паничи.
Доколку одмарам ок е, ако нешто поработам и се изморам тогаш почнува да ме боли и е тврдо кај попокот. туку, си дежура ли некоја како мене вечерно време? Из чиста мира се будам и сон никако не иде, после дење сум како отепана. 17недела