Здраво на сите. некоја со мое искуство. Нормална бременост последно на преглед 20.08 на гак за ехокардиографија, се уредно. вчера одам на преглед кај матичен, бебето значително зголемена бешика и плодова вода нема. 30+5 Не знам што ме снајде ова. Се беше како што треба. Дојдов на клиника. Ми дадоја кортико за зреење една доза, утре втора. Не знам што ме чека и многу сум исплашена за бебе…
Со првото дете правев два скрининзи кај Елена Петрова, со второто кај Афрофита и еднаш ми се погоди Симонида пошо бев не најавен, а итно. Сега со третово исто итен случај ми се погоди Зоранчо Петановски и да ти кажам од сите сум задоволна. Ептен убаво објаснуваа. Иначе јас колку што се сеќавам скрининг со приска беше 10.000? А сега кај Зоранчо ехо ми правеше 6000 платив.
@Feniksgirl мајка дали уште имаш тегоби и повраќање? Ако не, кога ти заврши? Еве 17та терам недела и вчера без апче, ме искина повраќање.. веќе преку глава ми е.
Нема правило, има жени кои и цела бременост имаат мачнини.. јас се надевам не сум една од нив. Пошо со првото немав ич повраќање, со второто само сабајле ама ова сега ме искина.. среќа па апчињата деловаат добро.
Јас сум од тие што мака мачам цела бременост не преснаа мачнините пишував тука антиметил не ми помогнаа дури и реглан пиев едно време иако не е препорачливо па ми кажаа за некои зитрон таблети ма џабе се, сеуште повраќам повремено иако еве наближувам во 30та недела. Едино мастики ми помагаат само џвакам и плукам по 2 пакетчиња на ден
Штом си на клиника не се плаши Две дози зреење да поминат 48 до 72ч и може и да те породат Пиј мнооогу вода у меѓувреме Ке гледаат они на цтг ако пате бебето ке се качуваат откуцаите и ке те породат Колку вода има?
Xonvea ми кажаа дека ги нема Мк, може само од Грција да се набават така најблиску. Доста се појаки Xonvea, не се на природна база ама брзо деловаат, само што уморот е на плус ниво од нив. Јас само се надевам нема до крај да ги пијам. Инаку имам пробано така на ден да ги прекинам и одма повраќам по цел ден/ноќ.
До 19та ми траеше, цркнав и плачев до 19та. Мислав дека цела бременост ќе имам, зашто не ми изгледаше дека ќе заврши. Еве сеа па 26та сум цело време па ми се јаде, дури ми се лоши ако не јадам.. ама се контролирам, зашто ќе се тркалам. Ова моево од крајност во крајност.
Имаше ли некои симптоми претходно? Или некоја активност што придонела да истече плодова вода? Имаше воден исцедок на гаќите? Жал ми е што се соочуваш со ова моментално.. можам да замислам колку е тешко..
Не истекува секогаш плодовата вода, и од инфекција се намалува. Кај мене беше така, од инфекција ми се намали.
Да, тоа не го спомав. Ама на брисеви можело да се открие бактериска инфекција.. Сум немала досега вакво искуство.
Јас имам, чисти брисеви, се чисто. Ни ден денес не се знае од што се намали водата. 22 месеци ми е малата, во 34та заради тоа ќе ме пораѓаа предвреме, Ќаев успеа да ме изгура до 38ма.
Брисеви правев еднаш до сег во бременост и беа во ред. Плодовата вода е намалена од голем веројатност дека бебето ја пие и не ја мочка. За тоа бешиката му е огромна и јас од тоа се плашам што има застој бебето… што понатаму… Некој проблем има што не ја исфрла водата И за тоа сакат да прават царски порано, заради застојот на водата во бешиката… за да не страда бебето
Најверојатно ке те породат деновиве Ќе почекаат да помине 48 или 72ч од последното зреење и ке те породат Па одпосле ке го прегледуваат и испитуваат бебето
Јас со второто имав намалена плодова вода т.е на граница ми беше 3, ако отидеше под 3 ќе мораше хоспитализација. Не се знаеше од што, брисеви чисти. Сепак терав до 40+1.