да точно е дека може да успори, но ако се аплицира на време по нивна проценка од ситуацијата не претставува проблем. Инаку за ГАК, баш од скоро (можеби пред 4-5месеци ако не и повеќе) имаше објава дека почнуваат со примена на аналгезии, не знам претходно како се одвивало ама се сеќавам дека ова беше потенцирано
Бремена сум 12 та недела. Наредна недела одам на скрининг кај матичната и Приска. Ми спомна дека тогаш ќе треба да направам и испитување за прееклампсија. Но ми потенцираше дека тоа го испитувале само во Авицена. По интернет читам дека испитуваат и на Гак. Дали некоја правела на Гак со упат од матичен и како оди тоа испитување? Земаат само крв и мерат притисок или?
Кај мене не го успори епидуралот порагајот, ама пред 5 прста да се отворам не ми ставија. Плус бев со индуциран порагај. Сега кога вратам филм прелесно поминав, јас повеќе се исплашив од родилките во другите соби што викаа, ме фати една паника и цело време кружев околу кревет. Не се сеќавам на некоја ептен јака болка да викам или да се виткам. Да рагам пак исто би со епидурална, толку години немам никакви последици. Бев во приватна, на Гак колку што знам со врски само ставаат. Е сега не знам зошто, знам како е со индуциран, и пак ме фаќа страв што ве читам некои како сте поминале Повеќето со индуциран преболно, а јас во 21 часот свежа се јавив на сите, само што гласот ми беше фатен на боксот кога давав напон
Дали во бременоста ви биле покачени холестерол и триглицериди? Хол. до 5.2 мене ми е 6.4, триг. до 1.7 мене ми се 2.2.
Не го знаев тоа матичната ми дава упат за во градска за сите работи да ги испитам па најверојатно по дифолт штиклира се.
Мене ова ми е трета бременост предходните две природно без епидурал. Според моето искуство брзо се заборава се и брзо се опоравив, не знам за со индуциран како е. Поучена од првиот, за вториот се спремав многу со вежби за дишење и без пиштење и тоа ептеен помага колку и да се мисли дека не.
Па не знам јас не викав, ама до мене многу викаа и добив паничен напад што ги слушав, јас мислев тогаш дека од породилна сала викаат оно од собите па уште толку ме мавна страв. Кај мене лесно беше индуциран ама сега кога читам членки страв ме фаќа кај некои како е.
Мене со првото ме примија на болница со 2цм и тогаш не ми даваа до крај, а со второто веќе бев 5 и многу брзо се одвиваше не ни побарав ама мислам дека кај многу измислуваат причини, јас сум странство породена и околу мене што слушам ниедна нема добиено, а ја имаш као во понуда.
Девојки имам јако чешање долу овие 2 дена. Досега ми се нема ова случено. Се мијам со камилица, друго не знам што би ми помогнало. Дајтеми совет. Инаку мислам дека ми е од антибиотик што пиев пред 4 дена. И порано кога сум пиела ми се јави пецкање но не вакво чешање не издржливо. 24та недела сум.
Да не беше на преглед? Мене после преглед од тоа вазелинот или што и да е страшно ме чеша. Иначе спомни на доктор, може да е инфекција и да треба да се исплакнуваш, сигурно има нешто безбедно.
Не сум била брзо на преглед. Ми закажа преглед но за 5 дена. До тогаш ми рече да не користам ништо на своја рака. Претходниот пат ми даде вагиналетки на природна база тогаш беше од антибиотик предизвикано чешање. А сега не знам зошто не ми кажа пак да ги земам истите.
Исто ми се случуваше негде после 34та недела, кога ќе зачешаше не престануваше. Брисеви чисти, редовно одмивање и носење само памучни гаќи, џабе, ми прекина 2-3 недели по пораѓај. Не знам од што беше, го препишувам на жешкото време
Мајки можеби прашањето не е за тука но ако некој има слично искуство.. Тие што имате едно дете ама буквално лепенка за вас.. значи не ги сака многу ни бабите ни татко и се сака да е со мене, за спиење исклучиво мене ме бара. Запишана е на градинка одеше една недела ама толку траума и се створи што и направивме пауза некое време и ќе тргне пак. Инаку во ноември 2 ќе полни. Прашањето ми беше дали тие што имате вакво дете сте се осудиле на второ Јас сакам ама многу ми е страв како би се снашла, бабите ми одат на работа а и да сакат да ја земат таа нејќе во нив, плаче по мене.. па некој ако има искуство нека сподели
Моето ноемвриско бебе е лепенка за мене, значи јас си викам стално дека не ни ја исекоа папочната на раѓање значи мама, мама и само мама. Ги сака бабите ама не, мама и крај. Си игра со маж ми и се тоа ама не пак мама. Јас сум бремена со второ, и првите 5 месеци повраќав и имав хипермеза, значи не можев на раат да повраќам, она висеше до мене во вц, буквално хистерија ја фаќа ако отидам во вц, доаѓа и плаче пред врата, ми отвара врата влегува. Оди во градинка и она е љута на мене зашто оди, на никој друг Здравје второто го чекаме во декември, и зборам цело време и до сега многу го сака бебето, кажува што ќе му правела, како ќе го чувала. Па ќе видиме кога ќе се роди.
И моето прво беше така ама се 3г разлика, па едното на цицка беше другото со деугата рака го ранев абее ужаас ама сега се најдобри другарки и љубовта буквално расте секој ден, почетокот е тежок после се фаќа ритам. Иначе сега второвп е така хаха ама јас трето чекам, така да се издржува. Ние исто немаме баба-дедо сервис.
@Bubish26 Додека бев бремена доста читав за епидуралот. Точно е дека може да го забави породувањето, но од друга страна може и да го “забрза” кога мајката ќе се опушти поради тоа што веќе нема болка и прекинува да се лачи адреналин кој го забавува породувањето. Мене искрено ме чуди што и кај вас е опција, а никој не ја добива. Овдека веќе знаеме дека е така по државниве.