Ако може совет.Седум ипол недели сум,гинекологот ми рече за сега само фолна да пијам,ама нешто чувствував дека вит Д ми фали и направив денес испитување и ми е 25,многу ниско. Што да зимам суплементи?Знам треба мали дози?Дали само Д3,дало пренатални витамини?Нема шанси само со фолна да терам како,што ми кажа...
Па кај нас е малце и полабаво искрено со првото ме оставија со мм во породилна соба буквално мислев он ќе ме породи, бабица која ти се падне, доктор пораѓа само царски и тоа царски не се добива лесно, само ако е во прашање висок притисок или карлично нели, пулс на бебето ако опаѓа иначе доброволно нема шанса. Мк гледам нормално е индуцирање пораѓај, кај нас 10 дена над термин, 2 дена е нормално да шеташ по болницата за да оди се природно. Само што условите се стварно топ тука. Е сега јас двете во вода ги родив, би сакала и третово.
Знам, нашите бебиња се сеќавам дека беа 2 дена разлика Браво за храброста се ќе биде во ред ❤️ Ќе ни расправаш за скоро како ќе е , живи и здрави само
Zdravo,so prvoto prirodno poroduvanje mnogu maka vidov so hemoroidi,mi izlegoa nadvoresni hemoroidi kolku edna raka stisnata.Iskreno poveke bolki imav od niv otkolku od ranata.Sega kaj da e treba da se porodam so vtoro,strav me faka poveke od hemoroidite otkolku od poragjajot.Dali nekoja imala slicno iskustvo,nesto dali moze da se prevzeme uste sega da se prevenira,ili ista maka ke me jade
И јас имав исто големи хемороиди, од раната немав ич мака, ама едвај си седнував. Јас со млака вода де одмивав и ставав една органска маст. Ставај плус кантарионово масло органско.
A dali sega pred poroduvanje da mackam nesto kako bi sprecila ,imam uste mesec i nesto do termin,dali bi pomognalo da se spreci?
Не знам искрено, да не си направиш проблем, подобро прашај доктор. Голема мака е, тоа од напонот, се друго да биде добро тоа ќе средуваме отпосле. Можеби овој пат нема да имаш.
Пред 1 недела го правев вториот скрининг, 21+4 сум сега. Се е во ред, тоа ми беше најважно, но ме загрижи моментот кога гинекологот ми кажа дека бебето си е измотано околу папочната врвца. Гин. ми рече дека ова се случува на 90% од жените, ама јас пак да си прашам. Знаете иако ви кажат дека е се во ред, пак имаш некои мисли во глава.
Двете деца ми беа замотани на раѓање. Првото 2 пати, второто било еднаш, во родилен картон прочитав. Првото природно се роди.
Знам, тоа е нормално во бременост. Таа постојана напнатост ич не ми фали . Ама одиш на редовни контроли, веќе и го осеќаш ваљда бебето па тоа ќе те смирува како станува поголемо. А најчесто тоа за што се секираме и знаеме е под контрола и ретко искача проблем.
Девојки, завчера бев на преглед кај мојот доктор во 19+2 и ми беше измерен цервикс 29.3 мм, но тој рече дека е во ред, но читајќи наидов на многу од вас дека други доктори тоа го сметаат за скратен.. што да правам ќе барам и друго мислење.
Здраво девојки денес сум 19+1 недела. Последните два дена имав како болка и некои грчеви лева долна страна понекогаш и целата долна страна. Во 16та недела ми рекоа имам ниско поставена плацента. Дали е можно да е од тоа или истегање на лигаментите и кревањето на матката го праи своето?
18та недела сум и после мала активност пример спремам деца за школа/градинка, носам, моментално чекам малаата да се прилагоди па не одам дома одма, се враќаме дома и јас сум готова. Ми треба еден саат лежење за да станам да напраам дома ручек и исчистам. После тоа пак одмор од еден саат. Мислам дека долниот дел со горниот дел од телеви ќе ми зе расцепи од болка, да не праам муабет за болка во препони кои почнаа овој пат порано и грчеви во нозе.. иначе на скрининг и мене ми беше ниско поставена, одам утре на преглед и да видам какво е стање. Само јас не се пазам, немам време за размислување дека носам пак бебе. иначее, како што кажав 18та недела трета бременост и јас уштеее бебе немам осетено демек со секоја наредна порано се осеќало
Здраво девојки, минатата недела имав како затегање на стомакот на средината ама немав никакви болки, отидов на преглед ми правеа цтг испадна контракции се. Потоа ми даваа терапија и се смири. Ноќеска пак осетив така затегање на стомакот што јас мислев дека е од бебето што мрда, денес сум на преглед ама пак ми е страв дали се вистински или лажни контракции. Инаку сум 33 недела прва бременост и ако може да ми кажете како се осеќаат лажните од вистинските контракции. Инаку минатата недела ми правеа ехо и вагинално и се беше супер со бебето, има доволно количество на плодова вода, нема никакви проблеми со протоците.
Правите почнуваат како со појака менструална болка која се движи и накај кичма, а лажните се со затегнување на стомакот. Правите се на точни интервали и се намалува интервалот постепено, а болката се засилува. Реално правите контракции тешко дека може некој да ги промаши, освен имало случаеви кај што и без болка биле отворени, но тоа затегкување е од лажните кои се нормални. Еве јас ги имам од сега, сум 18та .