Здраво девојки, системски во ФЗО сум сеуште со старото презиме, дали знаете како оди постапката за промена, треба да однесам венчаница или може и електронски да се направи промена?
Здраво девојки, од кога почнува 7ми месец? 27 или 28 недела, секаде различно пишува не знам по кое да се водам.
Здраво женски, позитивен тест сабајлево, сега прашање ми е додека отидете на гинеколог како го поминуват времето, мене ми закажаа дури за на 2.10 и нестрплива сум…Според апликациите сум 4+1…
Јас кога направив тест одма се јавив за одма истиот ден да закажам ехо зошто имаше уште некои 4-5 дена до првиот преглед ама ми закажаа само два дена порано...тие два дена бев хаос ни на небо ни на земја хахаха од мене совет за мирно и без стрес чекање нема да добиеш зошто незнам како изгледа тоа
Многу е рано за преглед така да добро е што тогаш ти закажале, пошо се пред 6та недела ( а и ок е покасно) може само да те испаничи. Пааа.. живеев исто како да не сум бремена јас првите прегледи тек 8+ недела ги правев ама си терав нормално без да се оптеретувам.
Со лична карта идеш во фзом кај црвен крст, прв шалтер лево, за 1 мин се завршува работа кога ќе дојдеш на ред
Фала ти, ќе одам деновиве но за секој случај ќе земам и венчаница да не им текне да ми побараат па да треба дс се враќам
Мајки, јас си го родив моето второ памукче сè е исто како првиот пат, тон емоции, среќа, радост, солзи, душа полна ме изненади, викав има време пораѓајот ми беше брз и лесен, ќе раскажувам во породилни со лесно на сите
Како трудница, не ти дадоа предност барем да не чекаш ако имало голем ред? Културата во мк е 0, не ми се ни збори на темава
Женски, во петок конечно ќе го запознаам моето бебуфче, но искрено, почна да ме фаќа страв од царскиот рез. ❤️ Толку долго го чекав овој момент, а сега тремата си го прави своето. Кажете ми, вие што сте поминале низ царски, што правевте за да се опуштите и да не мислите на стравот? Секој совет и искуство ќе ми значат многу. ❤️
Како девојка што има носено 3 бремености со серклаж, јас би ти препорачала да побараш и второ мислење. Јас би го следела цервиксот редовно, бидејќи може да се скрати за релативно кратко време. Кај мене до 30-та недела секогаш ми велеа дека сè под 25 мм се смета за скратен цервикс. А плус, цервиксот не мора постепено да се скратува може за многу кратко време значително да се скрати. Затоа јас лично би побарала уште едно мислење и би го следела почесто, за да бидам помирна.
Само што завршив со контрола 17+6. Бебе ќе биде уште една палчица Иако сите мислеа дека ќе биде овој пат машко, јас па само мајка на женски се замислувам, а од друга страна ми набија на глава дека е машко интересно Пошо само јас знам, дома чекаат цурици да им пукнеме конфети со боја. Иначе оваа недела колку грама ви беа?