Јас бев исто со плацента на преден ѕид, ден два пред 20та недела почнав да осеќам нежни мрдања, после како растеше бебе беа појаки. Не се секирај кај секого е различно, еве ја сега скоро 2 месеци од толку што е живо не можам некогаш пелена да и сменам
Дали некој имал крварење т.е сукрвица при бришење по мала нужда. 23+3 сум. Вчера Доктор на дежурно ме виде под спекулум рече дека е стара крв што сега испаднала, па ме прати кај матичната. Таа ме виде убаво рече дека се е океј со бебе си расте и движи нормално според неделите, цервикс затворен и со нормална должина.. Плацента е нормална положба нема одлепување и слично. Уринокултура ме прати да направам утре ќе видиме. Денес пак имам трагички кафенко на влошка.. ама имав 2 прегледи со сонда и ме чистеше лекарот од крвта па рече дека може уште нешто да капне.. Матичната ми препиша вагиналитети утрогестан. Нели при крварење не може да се ставаат вагиналитети? Уште полошо може чи да си направам? … Како може да не можат да најдат од што е?
Не можеш ништо да направиш. Кафено е стара крв и се дочистуваш. Ако сте имале односи, може и од тоа да ти е. Пиј го утрогестанот, па ќе продолжиш кога ќе снемаш кафенко вагинално да го ставаш. Чим на ехо е се добро, немаш причина за грижа.
Дали може некој да ја сподели цела процедура за пораѓање со провокација во Систина со скроз затворено грло и незапочнат пораѓај? Ми рекоа дека прво ставале вагиналета па инфузија?
Мамички, сакам да ве прашам само дали чувствувате како да ви потекува по некоја капка вода? Не нон стоп, туку понекогаш. Пред 2 недели бев на контрола па не знам дали да отидам пак да прашам зошто и како е работата, многу рано да не е?!
Јас со трите не правев, скрининзите беа во ред, тука кај што сум јас јасно кажуваат жени над 35години и доколку нешто на скрининг не е во ред треба да прават, другите не. Мк гледам сите почнале да праат, а сите доктори посебно по приватните предлагаат дали за процент или што не знам.
Не мораш туку тоа е по желба. Бидејќи ти си го плаќаш и едното и другото затоа не можат да ти речат задолжително е и дека мораш. Јас не правев ниту приска ниту пренатален ама така ми испадна а да бев во поинаква ситуација ќе правев чисто да ми е мирна душата.
Јас цела бременост ја поминав во паника дека нешто ми тече да не е водењакот, едвај се породив 40 недела.
Иста сум и јас, со мокри гаќи. Цело време се чудам дали сум испотена доле или нешто тече изгледа хормони се во прашање
Ако на скриминг и приска било се во ред јас не би т.е не ни направив де веќе кажав. Треба да ти го кажат како опција, не да те тераат де ама стана некако популарно ептен Мк и ако не направи некоја и прават шубе ( др мајки) според мене. Они бар по приватните ти објаснуваат нели што е и ти како мајка да не направиш нешто погрешно ќе се согласиш ама мое мислење е дека додека не укажува нешто нема потреба.
И мене ми се нон стоп мокри иначе мене во 39та недела ми се случи во спиење на се измочам и мислев дека е водењакот ама ствано не мирисаше на мокрача и јас се спремав на болница, таму ми проверија со брис не било водењак ме пратија дома. После некој ден само што излегов низ дома буквално низ ногавици без да имам чувство дека ми се моча ми истече пак, тогаш не брзав и не отидов ама после ми кажа др дека мускулите ослабнуваат и тоа е нормално пред пораѓај. А сега после 2 природен пораѓај морам да се стиснам со нозеве кога ќивам иначе ќе испуштам, после третово тешко мене.. и покрај вежби џабе.
Леле и јас сум иста.. ги читам сега и другиве женски дека истото го имаат. Постојано сум мокра.. толку ми е непријатно што во ден менувам по 3 пара гаќи Значи сите со истото се соочуваме
Замисли јас не сум ни толку мокра, по неколку капки имам на ден. За тие капки сум испаничена до максимум, пишувам тука, ѕвонам по докторот, барам на чатџпт, абе што да ти кажам. Башка до последно бев опседната зошто не мрда бебето дур не ми кажа докторот дека имам стомаче и дека тие со 'дебел' стомак покасно го чувствуваат, а јас цел живот со стомак.
Исто се изначитав и јас.. има денови кај што многу сум мокра ама нешто слично на потење, а има денови една-две капки само.. Цел интернет го свртив и плодова вода проверивме со докторот, се е најнормално и супер си напредува бебенцето. Со лесно нека ни е до пораѓај на сите