Oysho хеланки, најубави материјали имаат и за трудници специјална линија. Друго не планирам специјално трудничко да земам, не знам ни дали има некаде кај нас. Исто имам план New Yorker да купам неколку зимски комплети со широки пантолони и џемпери во поголем број, имаат по приступачни цени.
Исто и јас земам само хеланки. Друго се ми е over size или некој поголем број од H&M, Zara.. за зимава нема специјално за зеам јакна туку капутот што си го носам само шалови долги стомакот кај што да го покријам.
Женски, сакам да ве прашам неколку прашањаа... Прво, дали носевте или планирате да носите мидери на стомакот после породување? Не ни знам точно какви се, а гледам доста има што користат. Што си спремате за во чантата за во болница? Знам дека е рано баш за мене, ама да си имам на ум. Исто така кога купувавте работи за бебе? Мене ме фаќа нерва сакам се да изнакупам уште сега, а имам уште 4 месеци. Многу ме советуваа да не купувам секакви работи пошто не знам бебето колкаво ќе биде и што ќе му е таман, а што не. И ако може да ми дадете совети за креветче, јас не сакам дрвено, ама се предомислувам.
Јас ќе ти кажам прво што да не купиш, јас земав на Чико тоа за преслекување и внатре кадичка значи тоа ми е најнеискористеното нешто и сега со третово не ни го вадам од подрум. Да, ако го водат над 3кг ќе земеш 56 ама немој многу пошо за месец дена веќе им се мали, во ред е да имаш за преслекување пошо моето прво мноогу повраќаше во млаз и буквално само се преслекуваше, а за кака на новороденче да не праам муабет. Е сега, пошо две женски и мислев дека дел од првото ќе искористам дел купив за второто нови 56, иако ми велеа дека ќе е помало и вистина се роди малечко и 56 се пливаше на неа, па мајка ми трчаше 50ка да земе додека сум болница затоа ќе видиш кун крај ич не се брзај. Брзо се пере, се пегла значи тоа не брзај. Чим имаш уште 4 месеци со мене си фебруар така? Имам јас веќе едно зимско бебе и имав 2 капчиња, целокупно меко мече за шетање плус плико зимско за во количка кое и те како и следната година ќе го користиш. Јас користев и многу марама тоа ми помогна ептен да заспие и да завршам доста работи пошо беше бебе кое сака само мама уште од многу мало, во тоа ја и шетав искрено корпата мене најнеискористена ми беше и со двете. За мидер носев и ќе носам сега пак. Градици удобни за доење, влошки за гради и маст за гради, пумпа обавезно. Торбицата за болница ми беше спремна некаде од кај 36та недела
Ти благодарам многу, инаку јас сум крај на Јануари, 27ми ми е последен термин, сите ми викаат дека машките деца знаат да надминат и термин. Инаку за преслекување што е тоа ме предомисли сега, а сакав да го ставам во кошничка, а не ми е јасно за каква кадичка станува збор? Стварно сум изгубена не знам на кај да фатам. Се мислам дека е касно за купување пошто гледам луѓето почнаа веќе. Инаку може да споделиш најосновните работи што ги имаш купено?
Нема врска машко женско, нити прво второ трето, кога му иде време тогаш. Моите се термински ама јас сум надносена. Па под тоа за преслекување има корито и ми изгледаше дека ќе ми е практично ама искрено полесно ми беше преслекување на кревет. Бодиња со кратки и нешто по долги тоа ако е јака зима, а излегвате. Шприкозни најдобро тое што кај ноџињата имаат за раскопчување за да не мораш цело да го слечеш кога се менува памперс. Јас имав некои за преку ден/шетање, некои како пижамчиња. 2-3 чорапчиња ако земеш трењерчиња без ногавици. Лигавчиња мене ми требеа заради повраќањето, кога ќе блуцнеше помалце таман ми беше да не ја преслечам цела. Тетра пелени, бањарчиња. Ако одлучиш за да спие во вреќа ќе видиш колку степени во е дома, претопло не се препорачува. Креветче, количка, транспорер, корито тоа веќе се знае, јас користам и водоотпорни чаршавчиња постелнина на душеците.
Не се секирај, имам уште два ипол месеци терминот ми е декември а немам ништо купено Пред два дена земавме количка и тоа е едино нешто
Мој совет ти е да не читаш ништо ни сега ни кога ќе се роди бебето. Таква анксиозност си направив што сега цело за нешто ме фаќа страв, а реално нема да што. Пробај максимално да уживаш и да си опуштена. И не читај ама баш ништо.
Јас носев појас. 10 месеци поминаа имам мининално стомаче, ама јас сум царски и не знам дали некогаш ќе ми биде пак рамен. За во болница ако идеш ГАК требаат документи (книшка, брисеви, крвна група) вода, папучи, пешкир, тоалетна хартија, влажни за тебе и бебе, памперс, полнач за телефон, подлоги за пресоблекување за тебе, улошки памук, чешел, четка за заби и паста. Толку. Спаваќа ти даваат таму, се друго може да ти донесат, качуваат ствари на секои 3 часа. Ако планирате да правите мекици алишта купи минимално колку за почеток, сите ќе ти донесат тоа. Купи си бодиња на прерамки и по долги неколку големини од 0-3, 3-6 месеци, многу брзо ќе ги израсне во првите месеци и шпилхозни исто неколку, па после мекици ќе купуваш ако ти треба. Многу носат и ќебенца јас добив мислам дека 7. Купи си бањарка, пижами, када, за преоблекување не купувај никаква подолога залудно потрошени пари, купи си количка не многу скапа може да не сака да се вози на пример па нова да ја спакуваш и да стои во кутија за некој друг ако ја сака во иднина, седиште за кола земете, купи си чорапчиња, хулахопки. Тренерки, фармерки, блузи, фустани (не знам што чекаш) ќе ти требаат после 6-7 месеци. Јас ја израснав со бодиња на долги и хеланки или шпилхозни. Купи си едно шише за не дај Боже ако не фаќа или немаш млеко, купи и една две лажливки цуцли, чешел, турпија за нокти, носко за мрсули, чепкалки за уши. Па мислам дека тоа ти е доволно за почеток. Другото како ќе минува време ќе докупите. Ние креветче имаме дрвено и старо 40 години, на маж ми било. Супер си брка работа. Само нов душек купивме и ете можеш да си купиш и една две постелнини.
Охоо јас ако чекав на мекици или повојница/кршевка ќе останеа моиве голи. Кај нас на мекици ништо не се дава, а пошо праевме крштевка и викнавме тогаш за да не ни идат на повојница сите пари донеасоа.
Ние правевме мекици и тоа беше свадба 120 луѓе сите дојдоа со бовчи. Мене до денес ми жал што многу од алиштата уште со етикета ми стојат, не стигнав ни да ги исперам, а не па да и ги облечам, ќе чекаат некоја друга дада
Фала ви многу мамички, доста многу ми помогнавте. Си имам нотес па да си допишам што ми рековте плус. Инаку гледам почнуваат со пазарување и ми е греота пошто немам ништо, мислев единствена сум. Имам само цуцли, тие ми се кога му соопштив на мм дека ќе имаме бебе и се спакувани. Таман пред нова година ќе зимам. Инаку минимално како што викате, да не трупам гардероба само, секако знам ќе носат сите.
Поим немам некој мајка ми го даде со закопчување како со нитни на неколку нивоа од пошироко кон потесно. Како проаѓаше време така само го стеснував.
25та недела денес, секој ден нешто различно ме боле. Вчера десниот колк, завчера лева страна од поливина, претходно десен лист од нога. Се осеќам како 100 годишна баба. Културно пропаѓам. Не трае болката, еве денес станав сега за сега не ме боле ништо, ќе видам до после каде ќе изненаде.
Супер ти е терминот за да фатиш попусти при крај на година и за black friday. Гледам ти пишале подоле, скроз се слагам за кадата на постоље ич не ја користиме и ние, си земавме уште една обична за на земја што се собира, најпрактично. А за подлога за пресоблекување ако ти стои на комода е супер висина за пресоблаќање. За креветче не можам да ти помогнам, еве трети месец сме господинот спие со мене на спална, next to me креветчето ни служи ко остава За останатите помали работи (релаксатор, кенгур, гнездо, столче за јадење, baby gym) договори се да ти се поклон од блиски луѓе, а и не ти се итни, отом потом. Исто ко што излегов од болница ептен ми се најдоа пумпа за гради и стерилизатор иако бев скептична дека ќе ми требаат. Со лесноо
Мојот термин е средина на Јануари, во мојот град не постојат мекици. Во 24 недела купив кревет и количка, ги начекав на попуст баш какви што сакав. Земав транспортно креветче на две нивоа до 36 месеци и количка 2 во 1 до 48 месецо без корпа бидејќи додека почнеме со прошетки ќе биде веќе неколку месеци и немав потеба од неа. Од страна на облека порачав се онлајн чекам да ми стигне еве конкретно што 2 пара тренерки 1-3 месеци 2 пара тренерки 3-6 месеци 5 боди на куси 1-3 месеци 5 боди на долги 1-2 месеци 5 шпикозни 1-3 месеци 4 шпикозни 3-6 месеци 8 пара чорапи 2 капи 2 ракавички 2 постелнини + 2 чаршави со ластика 1 скафандер (Јорган и ќебе имам, исто и стерилизатор, термофор, кадичка) Гледав да имам барем 15 комбинации, со што доколку ја пресоблечам бебка 3 пти на ден да сум покриена за 5 дена. Знам дека ќе ми донесат уште облека кога ќе се роди, но не можам да се потпирам на тие бидејќи не знам ниту која големина ќе се, ниту ќе се перени и пеглани. Така да гледав да обезбедам за 5-7 дена. Козметика ќе купам во декември од локална аптека, во мојот град нема ДМ а не сакам да ризикувам да купам нешто што кога ќе го снема да не можам да го најдам овде. Од страна на додатоци треба да купам лигавчиња, крпа, водоотпорна подлога, за маникир, тетра, термометар, едно шише. Цуцла одлучив да пробам да не давам. Мојата листа за во болница доколку одам на ГАК е следната: влошки, мрежасти гаќи, ладен гел за интима, шише за одмивање, линолин, подлоги за 1 употреба, терапија и витамини, памперси, судокрем, влажни марамици, чешел и додатоци за коса, четка, паста, бикчиња, сапун, купка, шампон, крем, лабело, део, пижами, крпи, влечки х2, чорапи, градници, мајци, навлаки, облека за излегување, шпикозни, капи, ракавички, чорапи, тетра, лигавчиња, полнач, продужен, вода и храна.
Мене почна да ме боли кај кичмава доле и сиг нема да ми се смири до крај пошо и небремена на лош покрет ќе ме фати, а не па сега ама тогаш еден диклофенак и поминувало. Ми се натрупале алишта за пеглање, пола јас пола мм, јас паузи праам оти се изморувам како да сум исто 100г баба. Се примеќам преска во одење сум почнала со пингвин одење.
Здраво може не е темава за тука ама некоја идна мама ако сака облека за машко бебе би и дала тоа што е посочувано. Некои работи се по 1-2 пати носени. Сега една тура од 2 вреќи фрлив во оние за текстил кантите и ми е грев да фрлам... па ај уште еднаш да прашам овде...