Баш убаво од твоја страна, јас носам женско инаку би прифатила.. и јас би ја дала во иднина облеката кога ќе ја израсне бебето пошо не планирам трето да раѓам
Девојки, вие што сте имале или имате болки, како поточно ве боли во делот на карлица? Јас сум 18 недела, имам болки како стегања, болни грчеви на надцорешен дел на вагината, како од страните на препоните. Посебно при движење и подигање на нога од под, како повисок чекор, премногу ме боли, а пијам и магнезиум. Сте имале слично искуство? Со бебето е се како што треба, супер напредува, чекаме сега да дојде времето за втор скрининг
Јас ги имам истите болки, ме фатија 27 недела и претпоставувам вака ќе е до крај. Сабајле ме боли помалку, како трае денот се повеќе, само лежење и одмор ми помага…
Леле колку неубаво чувство, барем уште малку имаш, јас сега сум 18та недела, а овие болки ги имам уште од 14-15. Не знам што е причината, лигаменти, раст на плодот.. но многу ми е неубаво чувството... Инаку да, насабајле помалку и како што поминува денот се повеќе и повеќе...
Јас од вчера болки во поливина при газење со десна нога, не знам веќе ни како да легнам ни како да седнам. Можеби денес е денот кога нема да имам болки никакви. Во дилема сум дали ми треба вреќа за бебе 0-3 месеци кое ќе се роди Јануари? Нешто сите се као првите 3м не мрда во сон да сум го покривала со ќебе, ама не ми е сигурно. Јас спијам како тенк, страв ми е дане си го повлече ќебенцето преку лице а да не осетам пошо јас ни маж не осеќам кога оде на работа насабајле и се сопнува 38 пати по дома...
Девојки кога прв пат сте биле на ултразвук? Пред неколку дена направив тест и е позитивен,си реков ќе чекам до 8ма недела па да отидам но ептен ми е тешко да издржам до тогаш♀️ втора бременост ми е инаку
Со лесноо Јас во 4та недела имав прв ултразвук, видовме само точка, но и тоа беше пгромна возбуда На 8ма недела го слушнавме и срцето, на втор ултразвук. Најдобро со гинекологот да се договориш.
После 6та недела, се предходно е според мене рано и само може да збуни и безпотребно да насекира, јас бев со двете 8ма недела.
За првиот месец два земи си ваква вреќичка, ова е спасот затоа што кога ќе почне да мрда со рачињата самото ќе се плаши и буди. Јас вреќа земав од втор месец, затоа што ми е страв со ќебе вака е чиста работа https://share.google/lQOLYBpO7nE5C5Re5
И јас не користам ќебиња, децава затоа ден денес не сакаат да се покриени ама ако е поладно облакам слој плус. Вреќи оставаа само додека беа ептен мали кога почнаа да се вртат во спиење им сметаше.
Јас во петта, тогаш имаше термин, прва или петта оди си на време, точно е дека не се гледа ама направи си бета барем. Во петта дсмо срценце не слушнавме, за две недели веќе имаше. Јас сакам се на време да знам за недај Боже да е биохемиска, вонматерична, затоа што за жал се може да се случи. Или може има некој хематом па докторката дава упатства, затоа не се оставај. Направи бета и види како де дуплира.
Да, земи си вреќа. Можеби има бебиња што не мрдаат, не знам, ама моето не беше такво. На еден крај на креветче го ставав, на друг го наоѓав. Краток период имаше грчеви, зборам за пред еден месец да има бебе, кога ќе го фатеа нозете ги креваше нагоре. Денски го покривав со тенка прекривка, значи под надзор бил и еднаш така кога ги крена нозете отиде прекривката над лице.
Ако ти се нови продади ги за пониски цени. Имаше страница мислам за втора рака моја гардероба или како и да се викаше. Ако ти е мака едно по едно да продаваш направи како пакети од по 10 парчиња на пример.
Девојки дали на некоја од вас и се случило штом почне да прима клексани да и се зголеми крварењето, имам хематом иначе и многу се исплашив до вчера беше малку сега дури и на гаќичките капка две? Ве молам за искуство
Бебе до 2 месеци не мрда. Јас мојата ја покривав со ќебе само убаво го набивав по страните. Но, вреќа секако ќе ти треба понатаму ако не сака да се покрива. Мојата е 10 месеци како почна да мрда, цело време е гола и сега спие зимно време исклучиво со вреќа, сега веќе со ногавици. Можеш да земеш и од оние рацете што им се врзуваат за да не се плши ноќе ама ако трпи. Јас купив за џабе беше. Додека не го извадев не сакаше да спие.
Откако ќе се роди бебе и мувата кај комшиите ќе ја осетиш Јас труп труп спиев, се додека не се роди бебе. Е она палецот ќе го помести, јас рипав. Инаку две години е мојата и од бебе е во вреќичка. Сега веќе како шпилхозна вреќичка и облакам, ама дефинитивно е спас за зимно време.
25 недела, денес на рутинско ехо ми спомнаа дека имам ситни лакуни на постелка. Не ми се објасни баш, само рекоа ќе следиме. Некој искуство со тоа? Иначе примам клексан, димерите ми се 1500, Јани само ми продолжи терапија вчера без да го знаеме ова од денес. Исто, колку е нормална должина на цервикс во 25 недела? Вагинално ми измери 3.5, ми рече ок е ама следеше коментар одмарај, не прави долги прошетки и не се форсирај и ме замисли дали стварно е ок.