Јас исто бев со клексани, тие лакуни ги гледаа уште од 13,14та недела се до крај. Доколку има добар проток на крв и кислород, и бебе одговара со мерки на гестациската недела немаш потреба да се грижиш Моево се роди живо и здраво
Колкава доза на магнезиум пиете во еден ден? Имам премногу грчења на делот на препони.. не знам што да правам веќе.
Јас пијам Магневил, 375 мг е дневна доза. Претходно пиев други ама дека имав грчеви матичната ми ги препорача овие како подобри.
Да се надоврзам на магнезиумот, јас не пијам а имам грчеви стопала листови, од лошење и од немарност значи, а сабајле си ги пијам фемибион и вит ц и понекад железо. Незнам дали е ок за бебето кога ќе се роди да не има недостаток на витамини или нема врска тоа?
Магнезиум се препорачува пред се, за да и ,,помогнеш” на матката во новата состојба, а тое е брзинското ширење и растење, нели ради бебето. Друго, сама кажуваш дека имаш грчеви, а не пиеш??? Се мачиш самата со грчеви и после болки од истите тие. Консултирај си гинеколог за ова. И како понекад пиеш железо?
Мене матичната ми кажа да не земам било кои витамини на своја рака. Пијам Новалак, вотамин Ц, железо, фолна киселина и магнезиум одобрени за трудници. Не баш сите се "безбедни". Посебно железото...
Ако мораш да пиеш за железо нема по некад, пошо железото знае ѓмогу да падне во бременост. Магнезиум е убаво да се пие посебно ако имаш грчеви. Иначе јас пијам магмезиум цитрат по две. @Strawbery98
Од што ми се лоши ми се гади затоа мг не пијам инаку пиев мг цитрате ќе почнам пак, а железото ми ствара запек кај имам мака природно со запек со тоа уште повеќе ми си појача на 5-6 дена одам во тоалет. Инаку пијам малтофер на ккс имам блага анемија, а рез ми се ок што ми кажале нормално за трудница
Тоа баш сега и одворив на @BellaBibi имам блага анемија пијам малтофер ама ми ствара запек и кога пијам кога не, што да правам гледам да балансирам со одење во тоалет и железото
Ми даде да бирам меѓу Солгар џентл или Феро Фолик 500, но мене ми беше 6 па го земав Феро Фолик бидејќи ми е слаб Солгар. Немам запек или болки од него. Во 13 часот го пијам заедно со витамин Ц, во 15:30 Новалак, во 21 часот Магнезиум и фолна...
Во консултација со гинеколог смени магнезиумот, ако ти прави проблем. Магнезиум цитрат, знае да прави дијареа и гадење, јас го имав истото и др ми смени и пиев таблети. Така немав проблем. А за железо исто ќе најдеш соодветно. Неможеш понекогаш да пиеш, понекогаш не. Тој се пие континуирано , додека не се среди кс.
Во 6 месец ми се појавија ситни брунчиња со вода на челото, спасот го најдив во ова. Ако некој го има сличниот проблем, го препорачувам!
Искуства со патување во 6-ти месец од бременоста. Бременоста ми е уредна, па се мислам дали е безбедно да тргнам на пат. Како го поднесовте патувањето и дали се консултиравте со доктор пред тргнување?
Ќе си наоравиш преглед пред патување и ќе поразговараш со гинекологот што ти ја води бременоста. Ако е се нормално и се чувствуваш добро, патуваат зошто да не
Супер. Јас имам пишувано дека првата бременост морав да патовам секој месев по два пати значи, а втората патовав исто повеќе ради шетање. До 34 недела во уредна бременост можеш
Јас бев 6ти месец во Грција со кола, супер си помина све. Само повеќе одмор и да не се уморуваш од шетање премногу.
Ќе си се консултираш со лекар, зависи колку време ти е патот. Прави паузи да се разодуваш. Немаш гајле да се секираш.