Не е, јас со сите 3 почнав накај 17 недела дури со првото покасно оти и покасно ми почнаа грчеви и болки во препони.
Женски испонастинсв ЛОМ , кашлам растурам и полна уста ми е афти .. 27ма недела ... Некое чаре за афтиве има ли? Исто и непцата ме болат премн и ми крварат, стоматологот ми вика камилица само плакнење а тоа не помага...
Jas sum stavala med so cimet. Samo proveri dali smee i vo bremenost makar ne mislam deka e nesto loso
Види дали смееш метиленско плаво, исто и гел за бебиња против болка кога им растат заби. Јас кога имав коксаки со тоа лечев ама доев, не трудна.
Има ли некој лек за настинка, премногу кашлам и имам секрет од нос и шлајм. Веќе од кашлање стомакот ме боли и градите ме заболуваат. Пијам сируп од исландски лишај по препорака од матичен ама не помага. Се испробав веќе, чаеви, лимон, супа, ѓумбир, солена вода, инхалација. Ништо не помага. Бремена сум 15та недела и ме фаќа и страв да не му наштетам на бебето.
За афти мед со сода измешај , исти соодност и мачкај. А има и крема за деца,ти ја пуштам во слика, за малава ми ја дадоа.
Ставај мед на афтите, ама биди упорна помага. За непцата тоа е, чај од камилица и чај од жалфија да плакнеш, чај од жалфија никако да голташ само жабуркање. Мене камилица ми е поефикасно, жалфија кај мене не се покажа со ефект.
Не се секирај за бебуш, тоа си е добро заштитено, само што е пренапорно и преистоштувачки да си труден и болен…Дали ти земаа брисеви од нос и грло, да не имаш некоја бактерија, па да треба и антибиотик? Иди и на лекар ако не си била да те слушнат да не ти се спуштило на гради чим толку кашлаш па не дај боже да ти направи обструкции на белите дробови. Да се пожалам и покенкам и јас, веќе 4ти ден како сум болна и сум ужас . Вчера ми стигнаа резултатите од брисевите и искочи дека имам некој коронавирус, плус изгледа некоја синусна инфекција, цела фаца и горна вилица ме боли на моменти до неиздржливост. Волку секрет во нос во живот сум немала. Се гушам од што неможам да дишам од толку секрет, а кога дишам на уста премногу се умарам плус ме стиска позади дали некој нерв или нешто, многу гадно чувство…хаос. Јас сум 29та недела и веќе и така почна да ми станува тешко, се да ме боли и стиска, уште ова капак. Само кога стојам ми е малце по ок и така ко будала си стојам по дома…Навечер последниве 2-3 дена ставав оперил зошто иначе нема шанси да спијам и да не се угушам од сопствен секрет..Овие марисол капкиве тотално бескорисни ми се, само се шприцам со надеж дека малце ќе ме одзатнат и џабе…ко 0% ми помагаат . Нема полошо од болен труден, ни можеш нешто суштинско да се напиеш да си олесниш, ни асални капки да си ставиш... Стварно сме гревчиња тие што сме болни . Али мора да издржиме тоа е, многу одмор, течности, витамини и позитивна мисла, ќе помине. Ти посакувам за брзо да ти биде подобро.
Фала ти најмногу, дај боже и ти побрзо да оздравиш. Сварно мачно е вака без лекарства да се излечиме. Бев на лекар завчера одма кога ми почна кашлицата, ме слушна и земен е брис од нос и грло, па чекам и резултати. Тогаш бев добра немав толку секрет и кашлица како денес. Туку и Црп ми е покачено на 20, па можно е да ми дадат антибиотик и да нема бактерија.
Ништо нема да ти заврши работа антибиотик ако е вирсно, а има доста вируси периодов кои креваат црп. Сепак ќе видиш што доктор ќе ти каже. Со кашлица јас не сум имала проблем ама имав со стомачен вирус и тт во 5ти месец. Ужаааас со тоа што не смеев ништо да пијам. Иначе мене на вечер многу ми се стврднува стомак и ме боли највеќе кај попоков, од болка дури кога ми се моча на сред спиење едвај станувам. Гасови имам овие дена па можно е и од тоа плус. И некако наеднаш скокна стомак, треба подхитно да си зеам хеланки пошо тие што ги носев прошлата недела ме стегаат. А нели втор триместер трудницата има повеќе енергија, има желба за се? Тоа кај мене не важи
Дали во прв триместар ви се подува стомакот во втора половина од денот, па сабајле пак спласнува? Дали внимавате на храна која подува или??
Се подува можеш да изгледаш како 4-5 месец и наеднаш ќе спласне. Запек исто е многу честа појава во прв триместер. Ама тоа е се од хормони не од храна.
Немам проблем со столица, ама секој ден после 14ч. како 5ти месец изгледам, сабајле спласнува и така во круг.
Јас имав течна столица во оваа бременост, повраќање и уште имам стомакот до кај 9та недела ми беше подуен, после тоа спласна како да не сум ич бремена до пред една недела кај што скокна наеднаш. Тоа е многу нормално.