Здраво девојки, да се пријавам тука со 4та бременост За жал првата и третата ми беа индуцирани абортуси заради плодови со аномалии и нема да се лажам себеси дека умирам од страв да не ја изгубам и оваа…Ама со Господ напред, многу молитви и позитивна мисла се надевам дека ова бебенце ќе го држам во раце и ќе биде сѐ во ред Немам уште никакви симптоми освен болни гради, 5+2 сум и буквално како да не сум бремена. Сеуште немаме на никој кажано, ни на најблиските и сакаме да помине здравје Боже прв скрининг во ред за да кажеме (како ќе додржиме да сокриме уште месец и пол стварно не знам) Се одлучивме вака не затоа што се ризични недели, туку затоа што ми е полесно периодов никој да не знае, да не ме мисли и да не ми мудрува со непобарани совети. Инаку, уште пред бременост вежбав ама баш тие 2-3 месеци пред да забременам не бев баш најредовна и сега продолжив да вежбам дома иако намалив интензитет и тежини. Па ако има некоја мајка која вежба нека пише некој совет, или да отвориме тема зошто не најдов таква баш за вежбање и исхрана во бременост и постпартум.