Многу честа појава е крварење во прв триместар. Појди си кај матичната побрзо, или на итна да те видат за да ти препишат прогестерон. Секоја трета има, мирувај повеќе. Иначе за месец ќе прави две години а два пати имав во прв триместар.
Се случува, во втората бременост во таа недела јас обилно прокрварев, на ехо беше сѐ нормално, немав ни хематом, па не се откри од што крварам. Таман се смири, со терапија бев и мирував, во 11та пак кафеав исцедок неколку дена. Па повеќе не се повтори, имав нормална бременост до крај. Веројатно (моја претпоставка) е дека ми беше понизок прогестеронот
Честиткии ! И ние не кажувавме иако дп сега било се во ред сите бремености и мислам најправилно е така. Иначе јас со првото бев предходно ептен активна во теретана, продолжив со дозвола од доктор дека смеам да вежбам и вежбав додека се осеќав добро. Не кревав многу тешко, не се форсирав го слушав телото колку ми може. Ќе разговараш со доктор ќе процени како и колку е најдобро за тебе. @April20 оваа бременост имав кафено 7+ недела, тогаш не добив терапија др рече дека е застарена крв, па имав 14 недела баш крв крв тогаш на ехо ме видоја убаво рекоја нема ништо видливо не знаеме од каде е крвта со бебе е се во ред, добив терапија едно паковче. Со второто дете имав 10та недела благо крварење ( предпоставувам дека претерав со пешачење 4 дена на шетање бевме во др град) тогаш не добив терапија, си се роди жива и здрава 40+1 недела.
Бев на преглед ,се виде мала точка но уште не се слуша срцето па наредна недела пак ќе одам,околу бебето немаше крв ,ниту хематом.. инаку најверојатно е стара крв во прашање па ми даде терапија - Дабростон
И јас примав Дабростон на почетокот од бременоста. Најважно е што нема хематом и што докторот те следи. Се надевам дека наредната недела ќе си го слушнете срценцето и сè ќе биде во ред.
Ајде мајки и иднии мајкии. Од кои колички сте задоволни,за нерамен терен, од кои креветчиња, и што се е потребно за породување во Чаир?
Јас за првото купив Anex E Type, бидејќи патовав по 10 летови во годината 3 години ја турив од користење, како и за секојдневни употреба така и склопи расклопи по аеродроми. Количката не мрдна и второто дете ја користеше исто, па заменавме после со летна количка пошо она е попрактична за багаж, патовање, а и после 2та година попрактична. Е заради моја грешка ја оставив овој пат неубаво заштитена во подрум и кожата малце испука, па за третово 90% ќе биде ABC Simba 2. Не сум ја пробала во живо ама читам добри коментари. Јас на сите ви давам идеа ако сте во можност да одете до Грција и да разгледате таму што има. Зависи од буџетот ама има марки кои вредат пари, а не се достапни во Мк, такс фри ќе си земете плус. Креветче исто ќе земеме ново, овој пат транспортно со спуштање на едната страна за да ми дојде на ниво со нашиот кревет. Иначе со првото купив плетена корпа-креветче наменета за првите 3-4 месеци и таа ја искористив и со второто на почеток пошо со го возев низ цел стан.
Здраво девојки дали некоја од вас имала вакви генетски мутации, т.е тромбофилија колку што сватив, 7 недела сум трудна, се боцкам еднаш во денот клексани ама ме фати многу страв од оваа дијагноза, ако има некоја искуство ве молам споделете
@Malina@ ние за првото земавме Joie Versatrax, не се каеме ептен добра се покажа,ќе тера и за второ здравје... за креветче би ти препорачала било кое транспортно со 2 нивоа,нашето е Joie Alura но мислам генерално квалитетот им е сличен
Немој да се плашиш. Јас поминав низ многу додека дојдам до ќерка ми. Со доста мутации сум но успеав да износам здраво живо дете. Мој совет е да правиш контроли на специјалист, матичните гинеколози, не сите се запознаени со најновите истражувања за тромбофилија. Прво ќе си се упатиш на трансфузиолог кој исто така треба да е сериозен во испитувањата секој месец. Јас се боцкав клексани од позитивен тест до вечерта пред пораѓај, немој да те загрижува тоа - супер е што постојат. Испитувањата на трансфузиологија секој месец, првите 5месеци на 3недели ме боцкаа, потоа на 4 до 8ми месец и кога влегов во 9ти секоја недела за да ги пратат времињата. Дополнително протоците до детето специјалист обавезно да ги проверува секој месец, јас закажував на 3недели без исклучок. Многу позитивна енергија и истрајност и ќе си се гушкаш со најубавата среќа за некој месец ако ти треба било какво инфо пиши ми слободно порака
И од мене препорака да си купиш се од Солун. Цените им се супер, брендовите и изборот огромен плус такс ќе си вратите и ќе ти искочи се ем поефтино ем убав бренд. Од мене препорака за kiddo.gr / две локации имаат едната на влез во Солун другата во Каламариа прошетајте се ќе си одберете се
Здраво, бидејќи матичните др е многу касно да ги побарам, да прашам тука. Имам главоболка и притисок 135/93 дали смеам да се напијам метилдопа? 38ма недела сум и ми ја препишаа баш за во вакви ситуации за да ги имам дома. Прв пат ми се покачува вака и не знам како да реагирам
Па не ти е многу висок, не ти е за паникае. Нон стоп ми е така на преглед и никогаш не кренале паника, исто и за откуцаите на срце.
Премногу ме болеше главата и одеше нагоре до 139/97, јас сум со низок притисок и ми смета. Се напив метилдопа за пола саат се намали и главоболката ми помина
немој да се плашиш од мутациите, скоро секоја од нас ги има, кај некој знаат да направат проблем, кај некој не, јас ги открив на потешкиот пат, откако го изгубив првото бебе во 5 ти месец, имав многу повеќе од овие, но со терапија со клексани истерав уште две нормални бремености после тоа имам две деца сега живи, здрави прави и бремености без никакви потешкотии, важно е да имаш добар гинеколог да ти обрне внимание и паралелно да те прати и трансфузиолог како што ти пишала @Baby warrior . со лесно
Значи ова бебе сака се да искусам очигледно. Почнаа и киселини… кои со првото воопшто ги немав. Вртоглавици и притисок до даска. Ај што повраќав и умирав до 19та недела, сега во последни месец дена уште ова ми треба. На врвот па и лажни контракции мислиш се пораѓаш.
Јас сум уште со апчињата, ако не се напијам се цедам.. среќа па ми деловаат добро иако до горе ми иде некогаш ама се контролирам. Јас сум преуморна, немам сила за ништо, нон стоп ми се спие и се осеќам исцрпено. Немам често лажни комтралции ама дефинитивно секоја бременост е прича за себе. Киселини имав со второто 3 тромесечие, пиев рупурут ми помагаше.
Не знам што ќе беше ова. Почнав и да отекувам, а сѐ е океј. Крвна слика топ, притисок низок, како и цел живот, урина океј. Само се боцкам со клексани заради високи ддмери, не знам веќе како ќе издржам уште месец и пол..