Мене тоа со ддмери ми е нејасно малце. Тука не испитуваат, таму е нормално секој да испита или според некои симптоми?
Па задолжително испитуваат ддмери и хемостаза, ама не сите матични. Некои не даваат. Ама повеќето даваат.
И јас немам испитано, на прегледи не ми кажале досега, а последно кога бев прашав и ми рекоа “ако толку си запнала испитај и одма на клексани ќе те стават” и јас збунета сеуште немам испитано ок ќе им верувам. На прегледи се ми е уредно незнам што да кажам. Со низок притисок сум, лошење стандард, отоци немам. Само проблем со одење по надвор и затоа имам грчеви и нелагодности па и еден ден стомачен вирус закачив
Еве јас 3та терам бременост, со прошлата ремедима ми ремедика ддмери испитано ли имаш, па после матична прашав ми рече немаш симптоми за да испиташ. Тука читам сите имаат испитано, золва ми со аспирин беше, другарка со клексани. Баш вторник сум на преглед ќе и спомнам да бидам што ќе каже. Јас имам немормални трпки во нозеве, магнезиум не помага, ми се чини навечер можам маратон да истрчам. Ме интересира некоја да каже кои се симотомите на покачено ддмери освен натечено нозе и болни?
Дали некоја има правено фетална ехокардиографија? 19+5 бев на скрининг и ми рекоа само да појдам за 4 недели а вака океј било све. Искуства женски
На тој преглед се фокусираат на детален преглед, на срцето на бебето. Ништо страшно не е. И јас го правев.
Од денеска почнав да чувстувам како треперење во горниот дел од стомакот веднаш под левата града. Кога ја ставам раката ми престанува. Дали има некоја искуство со нешто вакво?
ајде хелп имам како вртиглавици некој болка во слепочници притисок ок и од време на време во текот на денот она како да се губам на секунда незнам како даобјаснам јас викам како рестард во глава ви се случува 25 недела сум ? како да ми се завртува на секунда какода ке паднам и толку
Нема симптоми на високи д димери, тоа се разградни продукти од фибрин, кој се создава во процеси на коагулација на крвта. Бременоста сама по себе е хиперкоагулабилна состојба и нормално е да се покачени до некое ниво (затоа има поинакви референтни вредности за трудници) Обично кога на ехо ќе се увиди некој проблем со постелка, протоци праќаат за испитување д димери.Но во последно како што гледам станато е како дел од рутинските превентивни анализи исто како и скриениот шеќер.
точно така.. и јас испитував дидимери во истиот период кога испитував скриен шеќер рутински од кај матичната ми дадоа упат. Првиот пат беа благо покачени па ги следевме на две недели.. веќе кога се покачија многу имаше и лагуни на постелката дури тогаш почнав со клексани... Не се примаат клексани туку така сакам да кажам... Се следи целосната слика .. а не само покачени дидимери.. исто и времињата на хемостаза се споредуваат..
Девојки, моментално сум во 6та недела, уште од порано пијам терапија за тироидната и ми беше под 1 пред бременоста и сега е накачена на 2.6. Некаде прочитав дека идеално би требало да биде под 2.5. Дали е вистина тоа? Исто така, мојата докторка што ме води за тироидната кога слушна дека сум бремена рече дека не води трудници и сега барам нов доктор кај кој ке можам да ги пратам резултатите. Кој ендокринолог би го препорачале? И исто, гинекологот ми кажа да пијам магнезиум, па сакав да ве прашам која форма ја пиете? Видов на NOW дека имаат Glycinate, Citrate i Malate. Кој би го препорачале? Фала ви
Da pod 2.5 treba da e tsh vo prvo tromesecje, mene odma posle pozitiven test mi ja koregiraa dozata, jas kaj d-r Crcareva odam vo Sistina
Само на SOLGAR Chelated Magnesium е најдобар, барем мене ми е најдобар помага за грчеви и болките што ги чувствував и најнежен за желудникот во бременоста.
Дали јадете туршија, не секоја може без салицил или винобран зимница, а понекогаш на човек му се пријадува