Под 2 треба да биде. Јас останав бремена со 3, претходно не пиев терапија бидејќи само ја следевме. За 5 дена ми се качи на 4.7 и почнавме одма со терапиј. Сега фала богу е околу 2. Одма се чувствува промена пд 4.7 на 2, искрено не сум поспана, не ми паѓа косата, не ми чука срцето во ушите, станувам рано без проблем. Одам во СК на Нуклеарна медицина и патофизиологија.
Јас си јадам и туршија со сите состојки, чат пат си јадам и лути пиперки кога ми сака душа и секаква зимница со винобран и конзерванси не се тресам толку.
Јас јадев многу. Свекрва ми ми направи ама имаше ставено есенција. Дали е штетно или не, не знам. Ама јадев многу
Не сум примала никогаш терапија ама во мај кога последно испутував крвна слика (обично секогаш и тироидни хормони испитувам) тсх ми беше 3,5. Претходните бремености не сум испитувала и никој не ми кажал. Сега се мислам дали и јас да испитам, 6та недела сум и јас. Дали можеби требаше пред бременост да испитам? Страв ме фаќа
Не знам колку е точно но две докторки на Нуклеарна медицина ми кажаа дека ТСХ и ФТ4 влијаеле врз развојот на бебето, затоа било важно да биде ТСХ под 2, а кога било тоа под 2 и ФТ4 се регулирало. Така ли е - не ли е, не знам.
Секогаш во нормала ми биле и тсх и фт4 и никој доктор ниту гинеколог не ми кажал ништо…а тсх не ми било под 2 никогаш. Мислам горна граница беше 5. И ехо на тироидна сум правела и тоа беше во ред. Само антитела немам испитувано
Тоа што границата е до 5 не значи дека е во нормала. Златна средина е од 1-2, се друго е надвор од нормала. Јас 3 години бев со 3-3.5 ТСХ и немав терапија бидејќи не бев бремена и не планирав во тој период. Го држев до 3 со строга исхрана и физичка активност, ког дознав дека сум бремена почнав со еутирокс од 25мг и видов која е разликата. За еден месец ми се симна на 2, сите симптоми што претходно не бев свесна дека ги имам исчезнаа. Инаку имам одено на милион лекари и приватно и држвно, само во Нуклеарна аи го најдов мирот бидејќи ми се посветуваат најмногу. Во Тиреодијгностика кај Татјана платив 6000 ден за 5 мин и да ми каже "ништо страшно". Спојлер: Линкови https://bionikapharm.mk/улогата-на-тироидната-жлезда-во-бреме/ https://panacea.mk/d-r-stefanka-iva...o-bremenosta-proverete-ja-tiroidnata-zhlezda/
Немав симптоми, во 2022 ја открив на рутинска контрола, но кај мене има фамилијарна историја. Откако открив дека ми е 3.5 ТСХ почнав со редовни контроли на 2 месеци, а сега во бременоста ми се на 4 недели. Во првото тромесечие беа почести на околу 2ипол-3 недели. Инаку споредба пред и после терапија видов разлика дланките и нозете не ми се ладни, срцето не си го слушам кога ќе легнам, имам енергија многу, станувам во 6ипол наутро без проблем, не сум поспана, не ми паѓа косата, кожата и лицето ми се свежи, немам подуеност. Во 2022 кога ја открив имав околу 65 кила, со исхрана и физичка активност без проблем за пола година докдов на 58 и со таа килажа останав бремена.
Ќе му спомнам на матичниот баш, да ми даде упат да си испитам, сега за некој ден сум за срцева акција. И мене ми се ладни дланки и стапала скоро секогаш. Се надевам дека не е некој проблем што не сум земала до сега терапија
Не е проблем, не верувам мене секако ми кажаа да правам преглед откако ќе има срцева реакција, така да после 7/8 недела почнав почесто да одам на контроли.
Здраво, ставав Acidossalus вагиналети, немам инфекција ги ставам за одржување на флората. Дали на некоја од вас што ставала и се има појавено чешање околу анусот?
Девојки, 20 недела сум и почнав да чувствувам болки во долен ден на стомак (чувство како да ми жежи внатре, слично како после вагинален преглед да ми земале брис), не знам ни да го опишам.. Од пред неколку недели ме болат и препони посебно на движење и пијам магнезиум. Докторот ми вели дека било нормално и да се одмарам, да не се преморувам, ама мене ми е многу чудно чувството, па ме интересира дали некоја од вас имала слично искуство?
За болка во препони е нормално. Од кој магнезиум пиеш? Јас магнезиум бисглицинат и многу сум задоволна.
И мене на рутински проверки тсх ми бил 3-3.5, ништо не ми рекол докторот. И јас се зачитав глупости за високо тсх кога бев трудна со второто, ништо не се случи ни со мене ни со бебето. За првото сигурно ми бил таков исто. За мир прашај си, ама не паничи.