Кај кој доктор одиш? Јас се мислам наредно на мојот да му побарам повеќе ама јас го примам превентивно од пред ембриотрансфер а сега чекам резултати од мутации може и нема потреба да ги примам ама почнав па ми е страв да прекинам додека не излезат тие резултати. Инаку ми проверуваат димери хемостаза се е во ред.
Од 3 месец на бременост па еве се до сега кога влегувам во 7ми месец, колку и да сум уморна и да ми се спие јас не можам да заспијам. Само што ќе задремам се сецкам и осеќам некој страв и силно лупање на срцето . Разговарав со матичната ми рече по потреба да пијам дијазепам. Иако ми е од нејзе дозволено мене сепак ми е страв да пијам . Дали некоја се соочила со вакво нешто или пиела дијазепам ?
Пред бременост ги имаше овие симптоми? Земај б6, магнезиум бисглицинат и б комплекс некој поквалитетен. Хормонски е, пешачи, читај книги, нешто што те опушта.
Не пред бременост немав проблем, се до 3 месец од бременоста тогаш почнаа вие симптоми. Пијам б6 и магнезиум секојдневно
Јас заспивам ама ќе станам среде ноќ и не можам после 3 саати да заспијам.. морам рано да стамам и после кај 10-11 ме фаќа дремка мислам глава ќе ми падне ако не прилегнам.
Јас заспивам, ама несоница имам некоја навечер. Се будам од што ми е премачно да се вртам и не ме фаќа ниедна позиција, па ќе се расонам и по 3 саати дремам. Ова вака од трет триместар ми се дешава, претходно не. Прв триместар се утепав од спиење.
Пред некоја страна се збореше за тсх, ако може членката да пише како со исхрана го намалила? Вчера ми земаа крв и испадна 2.4. Не е страшно но би сакала да го спуштам под 2.
Исфрли глутен, млечни и сувомеснати производи на минимум. Салати, овошје и цедени сокови секој ден. Омега 3 6 9,цинк, магнезиум, Д вит зголемена доза и по 2 бразилски на ден. Мое искуство како го средив.
Глупости ,така одма на клексани. Па ако има потреба и се високи норамално дека ќе се дадат клексани. Не ги разбирам докториве... значи ддмери и крвна слика од трансфузиологија е по протокол битна да се даде на трудница. Посебно кон крај на бременоста. Високи ддмери кон крај на бременост без клексан може да доведат до создавање тромби и прекин на доток на крв до фетусот или мајката па да има лош крај бременоста. Има дозволени вредности за ддмери и треба да се следи. И да нема мутации трудницата , барем 3 пати се прави проверка во цела бременост.
Така е, една моја познаничка го загуби бебето во 9 месец заради откачен тромб. Димери немала никогаш испитано во бременоста. Не дај Боже, затоа поубаво да се испитаат и да нема индикации.
И јас го испитав вчера и ми е 2.3. Фт3 и фт4 во нормала, антителата негативни. Матичниот ми рече не сум за терапија. 6+4 инаку, ако имаат врска неделите. Инаку, летоска пиев еден период селен, пошо во мај тсх ми беше 3,5
Безглутенска исхрана и млечни производи на минимум Секако не е возможно да се избегне 100% глутенот бидејќи и да го јадеш немаш симптоми, но 90% може успешно да се избегне. Брашно на Schar, тестенини највкусни има во Шпар и Тинекс, овошје, зеленчук, месо, грав, леќа, ориз се безбедни. Најмногу пазење на грицки, благо и сосови. Грицки и благо од зегин или нешто без глутен од маркети тука-таму ако се најде. На фб има група за Целијакија, јас од таму читав и наоѓав прозиводи. Пс, откако почнав безглутен ослабнав околу 5кг и стомакот ми се израмни, немав никаква подуеност. Сфатив дека се е од глутенот и белото брашно.
Во понеделник ќе испитам за прв пат земав упат, на прегледи, контроли досега според ехо мирно е се. Но од овде што ве читам и за брисевите исто и тоа хемостаза ддимери сама си барам по моја иницијатива. На гак само ехо и добро си па дојди за 3 недели, цела бременост така. Затоа во понеделник ќе одам на трансфузиологија