Јас неколку пати бев на забар и правев заби без анестезија и чистев забен камен 2 пати во цела бременост. И мене ми се пореметија забите
Нема шанси без анестезија, имам преголем страв. Пред неколку месеци добив страшна фобија и полошо е да седнам без анестезија. Ми одобри гинекологот и стоматологот анестезија, само се прашувам што ако правам 3,4 пати со анестезија во текот на бременоста?
Прво да се оформи органогенезата на бебето најдобро после 5ти месец да правиш ама без анестезија ќе издржиш не е толку болно
Мојот стоматолог ми рече после седми месец да одам за правење заби, но бидејќи ми е ризична бременоста и пред некој ден отидов кога ме виде некако цела бев преплашена и не се нафати да ми прави. Инаку забен камен чистев кај четврти месец.