Мораш, мене не ми беше сменето и ми пеавеа проблем со комисиско боледување. Многу брзо завршив работа.
Добро утро, медицинска биохемија каде точно се наоѓа на клиника? Не се сеќавам дека некогаш сум била, а и на минатите места си имаа курир што носеше.
Ако мислиме на истото, ти се наоѓа од главен влез, првата улица десно по угорницата. Токсикологија поминуваш и влегуваш во комплекс клиники што е и тука е.
Глупости значи шо им менува презиме. А адресата дали треба да ја менуваме? Со мм сме на различни, т.е јас сум на домашна, не ми е сменета.
Па ти си сега пр:Марија Поповска. Не си Марија Ангеловска. Во болница даваш лична карта со Марија Поповска, а во книшка си друго презиме. Тука ќе ти направат проблем.
Ако е брисеви, тоа е она по скалите што се симнуваш... кај Институтот. @marama за брисеви ти е? Патем.. има нешто ново кај тебе?
Па секаде треба да се ажурираат податоците после регистрација и промена на презиме, банка, фонд, матичен лекар и сл. Јас во банка заборавив да сменам податоци и од фирма при исплата на плата ми кажаа да си ги променам што побрзо за да ми легне платата. Кај матична ми дадија упат со старо презиме кога отидов во Мајка Тереза презимето не се поклопуваше па се молевме таму да премижат дека податоците не се совпаѓаат.
Кај мене 100 пати се ажурирани податоците во банка, а на сите платежни картички сум со моминско презиме. Не знам зошто. @marama клиничка биохемија е кај интерни клиники на приземје, медицинска биохемија е наспроти министерство за здравство, во институтот.
А најјакото е што пола мажени жени се во извод со моминско презиме (односно во компјутерите-архиви нивни таму). Како дознав за ова иако сум со сменети документи со на маж ми презимето 10 години? (Лична, возачка, книшка, све живо е со негово презиме)... а јас во систем со моминско Е вака дознав.. Сакав да извадам Документи од суд онлајн и се пуштам во програмот, презиме моминско И морав да одам да сменам во матично, односно да ми ажурираат конечно иако сум 11г во брак После мене и други колешки се вклучија на тој програмот и секоја втора, трета беше во систем со моминско. Незнам како е можно, ама ете македонска работа. Проверете си сите (ако имате мој ддв, имате и податоци за таму да се пуштите). Uslugi.gov.mk
Ако не ја имаш сменато воопшто адресата не е проблем. Иначе секако секој личен податок мора секаде да се смени
Вчера вечер притисок 129 со 78, сабајлево мерено 149 со 98. Се јавив на матичен веднаш ми препиша метилдопа од 250мг х 2 , аспирин од 100мг две пред спиење , диазепам од 2мг пред спиење и препорачано ми е да мерам притисок на секој 4 часа .Некоја со сличен проблем? Дали се било во ред до крај на бременост?
Мене не ми е сменето до денес. Ама јас сум со 2 презимиња па може ради тоа не ми правеа проблем не знам. Не сменив зошто имаше многу гужва и на никој од тие што чекаа и работеа во фзо не му текна дека жена со толкав стомак можат да ја пуштат преку ред. Исто не ми е јасно како во државава само за дигитализација се збори а презиме да смениш мора да идеш по гужвите со стомак во сезона на грип.
Нема да ти следува парична помош од општината. Мислам дека треба двајцата да сте на иста адреса најмалку 6 месеци.
Не, одамна не даваат. Јас за моето 3то денар не земав, ни еднократна нема. Даваат само на семејства каде само еден родител е вработен (на минималец), а другиот е невработен и немаат никакви други заеднички примања освен минималецот..
Да одам до фонд да сменам презиме утре инаку за адресата немав време да ја менам, требаше да чекам околу месец пошто од различни општини сме, а итно ми требаше новата ЛК со презимето. Е ова се глупости стварно!
Јас во групата за породилно баш од некоја членка видов мислење дека за две различни адреси поднеле во две различни општини за парична исплата и добиле од двете, мене искрено ми нема логика тоа да мора да сме двајцата на иста адреса за парична помош, секако во барањата и документи што се доставуват нема таква ставка. Јас сум на различна адреса од сопругот и не планирам да ја сменам затоа и се заинтересирав