Е како да не. И со прво можеш експресно да се породиш, а второто 2 дена да го раѓаш. Сепак одиш на котроли, ќе осетиш контракции, ќе отидеш во болница.
Ако некогаш раѓам второ (не сум бремена) и излезе побрзо од првото, значи уште на скали во влез ќе излезе. Јас сум од тие со брз прв пораѓај.
Како да не ќе си се породела во кола. Секоја различно де ама не е тоа така баш чим знаеш како е знаеш и што се породилни болки. Јас второ родив побрзо него прво ама не како да суѓ била ВЦ.
Врска нема. Првото ми е родено 4ипол кила, второто по некое такво "правило" требаше да летне после раѓањето на толкаво дете Башка 2г и 5м разлика се... Ама јок, пак надносив 7 дена над термин и немаше абер цервиксот да ми пушти.. па со пукнат водењак 36ч, болки, провокации.. со второ завршив царски. Така да нема никогаш баш правило..
Нормално е скроз, еве и кај мене до пред неколку дена многу бев залежана и само ми се спиеше, константно гадно чувство во уста…7+3 сум денес и последниве 3 дена како да не сум бремена. Освен навечер знае да ми се подзгади така зависи што сум јадела.
Исто исто. На кивање ќе искочат. Арно во стоење што не ја родив. Мајка ми мене за ептен брзо ме родила, ама затоа со сестра ми ( помала е) душа и искочила два денa
Јас не знам дали беља си напраив сама.. значи ќерка си ја поткревам чат пат кога е будна ама два дена по ред не чекам мм да дојде туку инает ја префрлам јас во друга соба. Дали е до тоа или нешто друго не знам пошо во спиење цела тежина е, јас денес 3 чекори напраам имам многу болки. Не сум човек што паничи, до последно трпам за се ама ова трае цел ден.. не верувам да се комтракции пошо не се на интервали ама не е ни како менструална болка туку мноогу појако. Се напив магнезиум, као ќе одмарам сега да заспијат ама ми е на мисла ако утре продолжи. Бидејќи сме Мк на одмор до недела, Ск ако нешто ми треба преглед на државна или Чаир можам комотно да отидам? Немам иначе стврднувања.
Здраво мамички 37+1 недела сум бремена и вечерва ми се покачи притисокот на 165/110. Бев во болница, ЦТГ беше добро, ми дадоа Апаурин инјекција и две таблети метилдопа. По терапијата притисокот ми падна на 135/90 и ме пуштија дома. Дали некоја од вас имала вакво искуство?
Многу честа појава за жал. Ќе пиеш терапија и ќе пратиш притисок. Е сега не знам дали ќе можеш природно да се породиш. 37ма полна недела си, нормално е дека се ближи породувањето. И болките се скроз нормални, се спрема телото. Мене се таму ме мава, плус препон е, нормално е повеќе да осеќаш и поболно.
Не, со првото исто не пиев. Почна да ми тече колострум од 16та недела. На пораѓај веќе извирав. Сега исто од 20та ми тече колострум ама помалку одлочку со првото. Но кога се породив, многу ми помагаше чајот од Алкалоид.
Не сум пиела во претходната бременост, млеко ми дојде 2 ден по пораѓај и тоа наеднаш многу ми надојде. Мислам немаш сега потреба да пиеш
Како да се сеќавам дека не смееше чаеви за лактација бидејќи можат порано да започнат пораѓај? Или сум грешка.
Нема потреба, ќе пиеш кога ќе зе породиш, ќе јадеш ориз, јогурт, ќе го ставаш да цица и да се молзиш за да поттикнеш лактација и за да се празниш. Се тоа од кога ќе се породиш. Со првото после 3 дена ми надојде млеко, со второто истиот ден.
Не мора да значи дека ќе мораш царски ако притисокот еднаш ти се покачил, доколку е нон стоп покачен тогаш да. Ми се десило и се породив природно.
Девојки, И претходно имав пишано, не знам дали сум единствена или некоја од вас исто има слично искуство поминато. Имам прејаки болки во карлицата (само кога движам), читам и наоѓам дека е Symphysis Pubis Dysfunction (SPD) и почнав да правам вежби. Пијам и магнезиум веќе долго време и наутро и навечер. 21 недела сум, болките не исчезнуваат, еден ден имам, друг ден немам, а одмарам и внимавам да не се преморувам.. Се плашам како ќе се издржи до 9ти месец.. Споделете ве молам дали некоја од вас имала иста мака и што да очекувам понатаму во бременоста, се останато е суперз гинекологот ми вели ништо нема само одмор..
Имаме иста мака, зависи и која бременост ти е. Со првото покасно ми почнаа, со второто немаде после 25-6 недела, со третово од 17 недела. Сега овие дена мислам ми се делат препоните како ме боли, највеќе кога сум легната/седната и станувам па правам неколку чекори. Ужас невиден. Мислам се распаѓам од болка.
Прва бременост ми е, првпат ми се појави после пешачење од 12км на во 14та недела, и се поинтензивни се болките.. Што правиш и си правела претходно за да се справиш со ова? Докторот твој ти дал ли некој совет? Се плашам да не влијае и на пораѓајот.. Природно ли се пораѓаше досега?
Нема врска пораѓајот ни дека ќе се породиш порано. Совет е да пиеш магнезиум, да легниш на страна со перница меѓу нозе да не е цела тежина на колкови. Не поминува баш али може да ублажи. Болките се многу нормални и ги има секоја, посебно кога бебе се повеќе ќе тежи, кога карлицата се шири. Не се плаши скроз нормален процес ама дека е ужасно е. Иначе јас со двете сум 40та недела природно породена. Мене ме боли многу и кога менувам позиција во спиење