Фала ти, очајна сум со болките, не можам да функционирам. Најдов и канал на јутјуб со вежби за овој проблем, ги споделувам тука, па може да си ги пробаш и ти, дури и двапати во ден може да се вежбаат. Мене денес ми е втор ден.
Не знам каде точно ти е болката ама пробај и со hip flexor mobility вежби. Јас имам болки во колковите многу често бидејќи пред да останам бремена често трчав по 6-7км. Овие вежби доста ми помагаа. Сега не трчам, само вежбам тежински и за мобилност. Ме болат уште ама кога ќе извежбам подобро ми е. Пијам и магнезиум навечер по потреба.
И јас пред бременост бев премногу физички активна, а сега не можам ни да пешачам, одма ми почнуваат болки. Ме боли во делот на срамната коска, и како да се шири кон назад во правецот на препоните.. Читав дека 1 од 4 жени во бременост добиваат вакви болки.