Супер ќе поминеш, не му ја мисли на тоа. Колку и да ни е познато, пак имам стравови кои се нормални, сепак не сме од камен. Ќе помине и ова и после уживанции.
Па не мораш да правиш скрининг секогаш кај исти доктор. Бременоста ја води еден од причина што е запознаен со целата твоја ситуација, а скрининг или дополнителен преглед, други мислење секогаш можиш да правиш на друго место и немора кај еден те ист.
Da ama ke mi dojde taka mn cesto pregledi kaj razlicni neznam kolku e pravilno? I na kolku vreme smee.
Не разбирам оти многу чести прегледи? Матичната знае кога мораш да имаш преглед, нема потреба од дополнително освен скрининг ако она сматра дека е се во ред. Ти пишав и во скрининг, не е проблем ако е почесто тоа нњ му смета на бебето, само нема потреба да си правиш дополнителен стрес кај што го нема и да бараш само да те прегледуваат, а е се во ред.
Морам да те цитирам @Feniksgirl , ти си ми една од најпозитивните во поле Бременост. Секогаш те читам и наидувам на твои мислења, дај боже сите да си имаме лесна и здрава бременост, а уште полесен пораѓај здрави, прави бебенца па да се читаме следно на тема бебе
Kako ste zadovolni od Dr Ana Marija Spisik so doaga kaj Dr Izabela vo Prilep, konkretno za vtor skrining i koja e cenata ako moze da mi kaze nekoja clenka.
До сега мачкав др.Павлович и немам ни една стрија 28 недели точно. Сакам да вклучам нешто поинтензивно. Препорака? Гледам масло на Eucerin и Uriage?
Нема на Еуцерин, дефицитарно е. Јас мачкав со првата бременост од него и немам ниедна стрија. Оваа бррменост мачкам со маслото на Бејбилов и еве 33та недела немам до сега ниедна стрија, се надевам така и ќе остане. 165 денари е и баш е убаво и трае.
Па од трет месец, мене ми е втора бременост и побрзо се познава мешето. А со првото покасно почнав, зашто и покасно имав меше.
И јас со првото мачкав Еуцерин и немам ниту една стрија. Ми остана едно неотворено, рокот му е супер па ќе си го користам сега. Скроз сум нефункционална. Ужасно ми е лошо, ме боли стомакот и иако немам постојано киселини ми гори хранопроводникот цело време.
Јас со ништо не се мачкав и немам ниедна стрија. Со обичен крем за тело мачкав после туширање, и тоа кога како. Се е тоа воглавном генетика, компаниите и злоупотребуваат со маркетинг и се ствара некој вештачки хајп.
Здравоо, мајки што веќе се спремате, препораки за убаво гнездо? Малку ми е шубе да нарачувам по онлајн страниве дали стигаат исти не знам.
Можее, прати ми. Фала ти Јас гледав на инста на страната cottonnatelier, но не знам какви се во живо, ако има некој нарачано нека ми пише
Јас на weleda го користев наутро дека не ми оставаше мрсно на облеката, а навечер маст од невен и си ставав ад капки во неа и спиев со стари маици. Исто ниедна стрија немам. Сега планирам за скоро да почнам да се мачкам бидејќи ова ми е 4та бременост (2 имам што се завршени во 12 и 18 недела)-сега сум во 9та и веќе почнува да ми се познава Го гледав на Пура Перла кремот за трудници и планирам него да го пробам
Девојки да се пријавам со едно прашање. Претпоставувам нормално е, ама сепак малку и ме загрижува бидејќи во последните денови забележувам дека е почесто и поинтензивно. 18та недела сум, имам често болки во долниот дел од стомакот, освен тоа чувствувам како влечење во интимата. Особено изразено е после завршување на некои обврски или еве како сега после долго пешачење. Најверојатно доаѓа од премореност, но дали може да си направам проблем? Или кај сите е исто и нормално е?
Дали ти го имаат мерено грлото на матката дали ти е во ред бидејќи велиш дека чувствуваш влечење. Одмарај повеќе и ако си во можност да одиш да ти измерат грло, бидејќи мене веќе во 17 недела почна да ми се крати иако немав никаков симптом и во 21 недела итен серклаж ми направија.
Кога започна да ви се познава стомакот со втора бременост? 11та недела веќе сите пантоли ме стегаат, вчера дури го направив трикот со стегач за коса бидејќи ме притискаа многу. Не сакам уште сега да барам труднички пантоли, мислам дека е рано. Со првата бременост мислам дека покасно започна да се познава, сега мислам уште оваа недела ќе истуркам некако со нормални пантоли и веќе следен викенд ќе треба да барам некое решение.