Дали ја има некоја оваа пумпа за измолзување да сподели искуство? И дали се подобри овие како модел или тие што се ставаат во градник?
Јас ја имам супер е. Е сега тие за во прслук бежичните се подобри за да ти се слободни рацете ама па и поскапи
Slobodno jas zemsm 2x1 tocorelax i plus magnesium, so serklaz sum ama site doktori mi rekoa deka se bezbedni.
Здраво девојки, дали сите правите NIPT тестови или не? Јас сум 10 недела, 33 години и се мислам дали навистина вреди или е само фрлање пари?
Здраво мамички, што користевте во бременост за настинка? Две недели сум настината не спијам од толку што кашлам
Цеден лимон со мед и вода помага, прегорен шеќер и млеко со путер/маргарин и спреј за нос аква марис. Тоа имам користено.
Не, секоја вода над 35 степени не се препорачува, исто и дома ако правиш купка. Се додека не те фатат болки тогаш можеш, опушта. И не само вода, не смееш во простории кај што има пареа.
Колку често ви го мерат цервиксот? Мене еднаш во прво тромесечие. Дали често треба? Сега во второ сеуште не, ќе барам на следна контрола. Дали матичните не ви реагираат на крвната слика освен железо и крв? Прерходниот месец ок ми беа вредностите, сега нешто каша попара неколку, нешто покачено, нешто намалено. Матичната вели дека во бременост е нормално а јас само анализирам и паничам
Дали некоја од вас во почеток на бременост имала ТСХ 3.1 и дали ви дале терапија еутирокс ? Моментално сум 4+4 уште немам никакви прегледи правено.
Нели матичната праќа за приска па ако има индикации праќаат за нипт? Јас правев ама јас бев 38 години и плус ивф. Мене ми беше полесно дека се е во ред и плус го дознавме полот.
Мене никогаш не ми измерија и зошто тука читав еднаш барав и ми рекоа дека нема потреба. За крвна слика се секирав само за железото за другото не ни гледав. Опушти се и не читај. Јас не ги читав ни извештаите од ГАК а идев многу често имав намалена плодова вода, што ќе ми кажеа тоа беше не читав друго ништо. И не се оптеретувај толку после тоа ќе имаш нови предизвици. Уживај во бременоста се ќе биде во ред.
Па мене ми рече матичната направи си Нипт, а за прв скрининг и приска имам следната недела термин… Затоа реков да видам дали повеќето од вас испитуваат на своја рака
Мене ми беше препорачано од ин витро докторот заради возраста моја и на сопругот. 38 и 40 години. Мислам дека скоро сите го препорачуваат иако ако се вратиш неколку страни поназад мислам дека @Bubish26 беше кажа дека таму каде што живее со трето дете е бремена ниту еднаш никој не и препорачал нипт.
Цервикс ни еднаш до сега За крв ми објасна за триглицериди и холестерол дека може да се покачат, внимава на хемоглобин и железо... Мене од 0.25 кога ми се качи од 2.5 на 4. Уште пијам и ми е 1.6, ми кажаа после бременост најверојатно ќе прекинам.
@Doublett да, гледам дека во Мк е пракса веќе да се препорачува иако на скрининг било се во ред. Искрена да бидам пошо така се погоди 3 бремености, кај 3 различни доктори да водам бременост и дури ни за скрининг ме ми рекоа, прв пат во третава бременост праам Австрија скрининг пошо со првите две Мк правев , а ако не отидев Ремедика на ехо само за да мм го види бебе, немаше ни да знам за скрининг ако оставев на овие тука, и реков ајде сега и за ова ќе праам да не е покусо. За Нипт ми рекоа и сега дека сум млада, дека на скрининг е се во ред и нема потреба. Дури тука два скрининзи сега правев кај два различни доктори, како ќе ти се падне нема бирам еден и готово. Ни за пораѓај не знам која бабица ќе ми се падне... пошо јас сум навикната на овој систем и кога ве читам колку се оптеретувате за тоа кој ќе ве породи, па препораки, па што ако не е тој на смена ми е чудно. Ништо лошо не мислам ама јас не размислувам воопшто на тоа и мислам дека сум многу поопуштена.