Од кога се чувствуваа движењата на бебето? Јас скрос заборавив, а додуша и општо заборавам дека сум бремена физички и психички
За да успијам дете легнувам на под, жени јас 10мин собирам сила да станам, значи кичма (хронично) плус препони ме убиваат да не можам да станам без да ми се плаче. Го почнувам денот со нормално одење, после 1 саат јас се влечам и клатам како да сум пред пораѓај.. иначе денес правев испитивање за скриен шеќер, првото боцкање не излегуваше крв, па наеднаш експлодира во шишето, имам доста голем хематон и многу боли при исправување раката, да не праам муабет на допир. Не е потечено местото али до сега вака не ми изгледало толку модро и големо. Знае ли некоја дали треба да мачкам нешто или ставам?
Јас уште не знам преден ли, заден ли Ама според неделите ми е рано. Со син ми знам дека последните 3 месеци не спиев од клоцање, дури ножето на стомак се познаваше како отпечаток да имам Додуша во сред ноќ и си поплачував кога силно ме клоцаше Дали имаше силни удари во претходните бремености? Моите другарки ниедна немале болни удари, повеќе им биле нежни клоцкања. Чудно им беше кога им кажував. Се надевам дека ќе ме поштеди барем ова од болни удари
Да второто при крај месецот толку јако ме маваше што баш пишував тука мислев дека ќе излези ептен болно, првото не беше така јако знаеше во ребра да ме удри и да е незгодно ама не како второто да имам осеќај дека од нигде никаде ќе ми излезе пошо во препони беше страшно болно. Карактерно се различни многу, второто е помирно сега
Оф ако морам да трпам болки поарно нека си клоца оти бато клоцаше ама па златен ми е, како машко е многу мирен и чувствителен. Барем пола од него да биде на карактер. Обично вторите се попалави ама ај да се живи и здрави
Многу разлика ти е од јадењево, мора да каснеш нешто, макар и ситно. Пробај бадеми непечени, мене и јаболка зелена ми помагаше за киселини.. Моево е второ така, со главата е доле уште за разлика од сестра му што беше карлично со газот доле, и она не ме маваше горе, али дека карлично. Икањето се доле го осеќам а со сестра му горе накај пупак. Е сеа се доле ме мава бебево или на страна, воопшто не ме мава во ребра, значи препониве сол ми ги направи. На преглед сега пред некое време му викам на докторов “абе детево ко да не ги користи нозете” стварно ниеднаш нагоре ме нема мавнато, се препон, или од страниве. Се насмеа вика ај да видиме дали ги користи нозете. Он стуткан баш вака е: Може и затоа не ме мава горе, ама некако се загрижив дека ко да не ги користи. Има ли некоја што не ја мава горе бебето?
Моето сега уште не е свртено, па ја осеќам некаде под попок од лева страна што предпоставувам се раце пошо на секој преглед она боксова. Ти бидејќи си повеќе недели од мене можно е да оваа позиција нема простор за мавање во ребра. Знам дека второто не ме издишуваше како првото пример ама покретите и беа по јаки и највероватно отуркнувањето и удирањето со главче долу беше многу силно и затоа болно. Да не праам драма ама стварно се држев долу и викав ќе испаѓа од силна болка
Од почеток воопшто таму не ме мава, стварно ми е пречудно. Вака коа ќе прочитам во ребра дека маваат, моево ниеднаш. Се од страните и доле.
Имам ужасни грчеви и болки во стомакот. Денес толку ми беше лошо што на ургентно бев на гинекологија. Се е во ред со бебето, ми рекоа колку може да мирувам и магнезиум 2 пати на ден, по потреба и 2 пати. Кој магнезиум го пиете вие? Јас го земав тој на ДМ, еднаш на ден пијам ама да пробам некој друг.
Земи ферона, мене многу ми помага, еден ден да промашам одма мислам се пораѓам… премногу изразени лажни контракции имам со оваа бременост.
Девојки здраво Имам прашање во врска со доктор Ќаев.. кој ден е во амбуланта во државна? барав некој распоред дали има на страната ама нема ништо прикачено. Матичниот ми е на некој конгрес се враќа за две недели а сестрите на заслужен одмор