Која недела си? Мене за првото ми викаат машко дека е на ехо две докторки, на пренатален женско излезе. И Котларова на прв скрининг потврди дека е женско. Ова зборам 12та недела
Премногу е рано на 12та да се потврди пол, јас не сум во Мк но тука на 12та недела скриниг не се дискутира ниту шпекулира пол, тоа се прави во 20та недела.
17 + Мене искрено ми е небитен полот, само да е живо и здраво. На скрининг и следните контроли докторките гледаат женско, на Нифти е машко Кај некои имало грешка во полот
Биосејф, јас не велам дека кај мене не е точен тестот Додека не се роди си се водам по Нифти, со мала доза неверување А дека постојат грешки, постојат
Кај Органџиски, инаку за првото ми погодија одма уште рана бременост. Сега ќе видам на вториот скрининг што ќе кажат
Мене Котларова во 2 бремености на прв скрининг ми го има погодено полот, и се совпаѓаше со нифти Инаку имам читано дека може да се случи грешка во читањето на резултатите кога бременоста е започната како близначка ама едниот плод многу брзо престанал да се развива, т.е. Vanishing twin Знам лани кога испадна кај мене плод си трисомија на нифти, прво ме прашаа дали на почеток се водела бременоста како близначка бидејќи останувал днк материјал и од близнакот што не се развивал.
Сега ме фати паника, со пријателка сме бремени во исто време, нејзиниот термин е на 29ти Јануари и во 6ти месец бебенцето и било тешко 980г, а мене термин 27ми Јануари во 6ти месец бебенцето 920г. Ме уби од мислење паника зошто е помало моето 60г. Почнувам пак со паники!!!
Воопшто да не се грижиш и ехото не е баш точно, пред околу еден месец и моето беше со некои 50-60 грама "послабо", нареден преглед беше па една недела понапред со килажа...
И јас бев со другарка 2 дена разлика со термин. Последните 2 недели неа и кажуваа 3.200 мене 2800. Па и двете се родија со приближна килажа а разлика се 4 дена. Јас мислам да не паничиш и да уживаш во бременоста
Леле аман, 60 гр разлика 2 мерења од ист доктор на ист преглед и на истото бебе може да покаже не па на различни бебиња Во 38 недела се раѓаат бебиња здрави прави по 2700 и по 4200 со скоро 1,5кг разлика Не се замарај за мерките и не се споредувај, важно е да си напредува како што треба
[ Де де не секое бебе се раѓа исто некои 4кг, некои 3,5кг некои испод 3. Мене првото ми беше 3,650г 40та недела, второто црв 2900 40+1 недела еве ги двете пораснати. 2+- недели се толерира. Жени ве молам, не стварајте си стрес кај што го нема, па ќе ви каже гинекологот ако нешто не е во ред, зарем смее да преќути?
Зошто си создаваш паника , таму кај што не треба? До крај знаеш уште колку ќе варира. Јас во 39 та ја родив 3650, до мене девојката во 42 недела 2500. И двете деца беа супер здрави. Уживај си во убавиот период.
За да си го сочуваш менталното здравје би ти препорачала да не се споредуваш со други. Ако ти сега се замараш за 60 грама разлика што ќе правиш кога ќе почне бебето да се развива? Ќе гледаш идеални рилови на Инстаграм како некое бебе на 4 месеци се превртува а твоето ќе почне на 5 месеци. Како планираш да живееш? Секое бебе е различно и различно се развива и кај мама во меше и откако ќе се роди. За бебето е најважно мама да е психички стабилна и да не прави паники од се. Тек ти почнуваат предзвиците, не можеш така. Еве на пример јас бев со намалена плодова вода од 6 месеци, според сите доктори требаше да се породам пред време ама замисли се породив во 41 недела. Бебето прво беше понапредно па после заостануваше 2 недели. Па еве ја сега 14 кила а нема година. Не се замарај толку и уживај во бременоста. Спремај соба, нарачувај натписи, слики се што тие кеиф. Ако правите мекици ти направи си китенки, салфетки, занимавај се со нешто. Се ќе биде добро на крајот.
Ви благодарам мамички. Не бев таква паничарка верувајте, во бременоста станав! Ако сум таква до крај каај ми е крајта.
Здраво девојки денес 12+3 сабајлево на бришење кафено лигаво од памет се извадив .. а да напоменам дека вчера вечерта заборавив утрогестан да ставам сум се успала.ептен се исплашив до сега немав ништо а сега ова , се надевам дека е во ред се а немам грчеви никакви , само препоните што ме болат али кога ќе најдам позиција престануваат дали е ова проблем?
Толку се грижев што ги нема, за овие два дена да не можам залче во уста да ставам, повраќам и ми е лошо, се надевам ќе помине и ќе биде подобро.