Многу неубо се осеќам.. од вчера големата ми е со висока тт, без глас и болки во грло. Заради мала собраќајка јас на болница, детето ме чека 2 саати болно во чекална, другото досаѓа пишти.. цтг е ок, срцева реакција е ок ама не се мрда нешто многу, они ме убедуваат да ме задржат, јас лијам солзи сакам да сум со мм и со детево. Не знам што да праам искрено, кога си растрган на сите страни, а немаш никој близу..
Нека поминува побрзо, како ти вели интуицијата така прави. Ако мислиш дека е ок бебе на твоја одговорност треба да си одиш. Јас имав слична ситуација во болница каде ми велеа да останам а дете дома ме чекаше, потпишав и си кренав. Не ме слушај јас како сум постапила, зборот ми е процени од докторот и како се чувствуваш, консултирај се со докторите за да процениш Се да помине побрзо
Со лесно и со помин, многу ми е жал што поминуваш низ ова. Јас сепак те советувам да останеш малку во болница да пратат. Тато е тука да ги пази женските, ќе пројде сигурно некој вирус закачила. Пишувај ни како си.
Треба да одам на прв скрининг во 12та недела и матичната ми закажала кај доктор Маја Пејковска, дали некој има искуство со оваа докторка? Се мислев да одам и приватно кај Димчев, ама матичната вика дека нема потреба за првиот скрининг, особено што ќе правам пренатален тест. Прва бременост ми е и не знам што е најдобро.
Со помин нека е, се надевам дека ќе бидете сите добри. 13та недела ме убија киселини, ова не е можно. Вечерав во 17:30 часот и од тогаш не сум каснала ништо, а се чувствувам како слон да сум изела и дека ќе исповратам се.
Како да проверам на 02.12 кој доктор е во соба 37? Не пишува на упатот, а не го запамтив името на докторката.
порано имаше распоред на вратите пред амбулантите на ГАК, сега не знам дали уште ставаат.. некој да ти слика или ти да поминеш
Мој совет е да се опуштиш малку, и да не overthink-нуваш премногу Чим докторот вели дека е све во ред, не си прави паника.
Со пренатален се откриваат едни работи, со скрининг други. И си треба стручен доктор за тоа. Јас правев кај Димчев и во двете бремености, во втората беше на одмор, па првиот го правев кај Петровска.
Нема што да правиш освен топло да држиш. Мене 1 недела ме боли врат, попуштено има ама не е тоа тоа, само топло редам и нежно масажи.
Не можам да се препознаам колку премногу паничам... Се нешто ме удира во глава дека не е во ред. Инаку ставив топли облоги и малку ми се подсмири. Инаку можеш да пробаш со некоја маст со декспантенол, не помага многу ама барем знае да ја ублажи болката.
Паа си дојдов дома, бев повеќе од 4 саати на цтг, наизменично со ехо, вака бебе изгледаше добро, почнав да го осеќам и тоа е важно. Реално ударот не беше силен али стресот огромен, децава беа позади среќа секогаш се во седиште ама испаничив ептен, па тоа доведе до стврднувања и блага болка. По протокол морало да ме задржат освен ако не потпишам на мој ризик да си одам. Ме фати паника за ќере, висока тт со болки, без глас, иако бевме на преглед, знаеш тука не даваат ништо и си викам што ако среде ноќ и стане полошо, па и малово пиштење по мене некако знаејќи дека моментално е се во ред не ми даваше мира да му ја оставам така добро сум сега ќе одмарам, ја осеќам веќе неколку пати и се надевам на помалку стрес.
Не ми дозволија мене ништо освен топло.. иначе да, кога нема простор за паника стварно не си ја стварај. Ова е само почеток на побелување на коса, мораш да си постабилна во однос на ова иначе кај ти е крајот.
Не знам дали е исто ама претходната бременост во 6-7 месец мислам беше, ме фати така некој мускул под градите над стомакот од лева страна и при одредени потези ми се ширеше болката и кон грбот. По некој ден ми попушти болката, ама до крај на бременоста при одредени потези уште осеќав фатен мускул, како тапа болка дури и со рака кога ќе се допрев на местото. @Bubish26 со помин да е, се надевам добро сте