Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    5.616
    Ништо лично, ама моментот на “последен момент” е различен, т.е границата е многу подалечна отколку во Мк. Тука не е невообичаено да се пораѓаш 2-3 дена, секако под надзор, и најчесто не се оди со провокации освен доколку нема медицински индикации за тоа. Бар кај мене, бебето не се мери на ехо, не се знае ни плодова вода ни големина, едноставно се дава шанса на телото да го прави тоа што знае да го прави. И карлично свртено бебе не е стопер за вагинален пораѓај.
    Јас родив бебе од 4кг, никој не ме сецна, ниту испукав. Но си има методи како да се превенира и тоа, само 1-2% од родилки имаат епизиотомија.

    Ама за се ова се има услови и обучен персонал. Секоја родилка е во сопствена соба каде што се одвива самиот пораѓај, нема родилна сала со неколку родилки заедно. Има персонал кој е цело време со родилката, има можност (и очекувано е) да се има и придружба итн.
    Мк нема услови за тоа, затоа и работите се различни, т.е прилагодени на условите, и тука нема за што да се замери. Нема ни доволно персонал ни физички услови за ваков тип на пораѓај, освен можеби во приватните болници.
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    10.307
    Допаѓања:
    16.622
    Пол:
    Женски
    ГАК е најспремната клиника за гинекологија во државава. Не раѓаш со 10 души заедно, сам си во сала и за царски и за природно. Во која држава нема епизиотомија? Еве во Германија 2610 роди другарка па сецната е. Исто и оваа што одвај и го спасија бебето во 42ра недела 3500 се роди. Исто и овде не се форсира карлично да биде царски, јас бев карлично со првото, ама од друга индикација морав царски, не зашто беше карлично. Точно е дека фали персонал за да ти помогнат за доење, и грижа, ама никаде не форсираат царски. Пак ќе кажам, секој има различна градба, ти може ќе го родиш 4100 без проблем, некој нема да може да оди 2 месеци од 4100 природно родено бебе. Овде имаш преглед на ехо пред да се породиш во 9ти, општо е прегледот, не е на ден на пораѓај. На денот имаш цтг само, ништо повеќе. Не знам стварно зашто мислите поинаку, па дури и во темине кај што се збори за пораѓај во приватна болница, девојките што се породиле тврдат дека никој не ги форсирал царски.
    Јас кога се породив со првото имав потреба од психолошка помош, побарав психолог и истиот момент беше повикан и додека бев во болница ме посетуваше неколку пати дневно, да ова на ГАК е, не е на приватно.
     
  3. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    5.616
    Јас не сум од Скопје, па искуството што го имам е од другарки од внатрешноста. Кај што има родилна сала за неколку жени заедно. 2/3 другарки завршија на итен царски, а пред тоа имаа моменти на стегање на стомак, качување на сестри врз нив, никакви можности за епидурал итн. Да не зборам за вербалниот однос кој што е ужас, не сакам ни да пишам какви работи не им се изнакажани во такви моменти. Примени на вечер, породени сабајле без капка вода ни храна. Да бараш бабица во 2 навечер зошто имаш болки а никој не ти доаѓа.

    Ниедна од нив не сака второ од траумата. Значи не може се да ставиме во исти кош. ГАК е може супер, но е далеку од реалната слика за остатокот од државата.