Абе ти имаш проблем? Која е поентата да те лажам? Со царски не смееш да јадеш, и чисто информативно ако има итен царски, дали си закажана или не имаат предност пред тебе. Тоа и го кажуваат. Не само со царски, со било која операција исто важи. Информирај се прво, никој не го изгладнуваат без причина. Сестра ми се оперираше во Жан митрев, 12 саати мораше да е гладна, таман да ја оперираат имаше итен случај пред нејзе, замисли уште 3 саати остана плус гладна. И во Жан митрев изгладнуваат? Дај малку соберете се со муабети. Секој различно поминува очигледно, јас поминав предобро, и свесна сум дека има некој што поминал лошо, не го оспорувам и тоа, али да ми викаш дека лажам или дека сум се лажела себе, мислам олабави малку.
Зашо стрес? За тоа дека бебето мора на било каков начин да излезе? Стрес се прави ако нешто не е во ред со бременоста, за сосема природни работи кои мора да се десат што ќе се стресираш? Криење баш напротив е најлошо, секоја треба да знае што ја чека, па и со бебе како ќе биде. Розово не е и нема што некој да очекува да е така. И не, странство не се чека понекогаш туку секогаш, само ние странство можеме да се задоволиме со чекање, минимални прегледи и која бабица/доктор ќе ни се падне ама вие што ѕврцкате на секое за ситница стрес ќе имате од темава? Валда нема да пишиме тука дека бебе сме го виделе на ехо како ни мафта со рачињата и уживаме во бременоста. Камоли да имаше некој паметен од околината моја да ми каже се што ми следи највеќе постпородилно, наместо на 22г да барам по темиве што е нормално што не, туку еден не се најде на млада мајка да и каже се е во ред сите сме поминале ова.
Ти очигледно со сите членки тука си имаш проблем или со сама себа... Пошто еве ти се знаеш и ти се си најуправо, тоа така дома можеш да си правиш филмови. И ај смали доживјај...
Ај олабави ма. Со кој членки ја си имам проблеми. Ако ти имаш лошо искуство немаат сите. Ја си го кажувам моето искуство, ако тебе тоа не ти се допаѓа нека ти стои. Ај олабави и откачи ми се. Искомплексирани луѓе што не можат да прифатат различно мислење од нивното.
А бе , А ма ај поработи малку на бонтон и основна култура или од Карпатите си симната.Какво просто однесување. Свашта. Смешки...
Мислам дека треба да прочиташ што е бонтон, слабо ти е знаењето. Исто поработи на комплексите и почни да сознаваш дека не си само ти на планетава земја. Не можам повеќе да се објаснувам со ограничени луѓе. Секое добро. Поздрав.