Таман работа затвориш ние од првата недела шетаме затоа реков зимски деца имам и само за шетање се бодињата на долги. Ти имаш листа напраено, а не објаснато за што и се корисни или не корисни некој работи, па може да се залета некоја и да изнакупи, затоа додадов коментар. И во ред е да се вклучи/исклучи некои работи од други членки. Вреќа ми е подобра замена за ќебе пример, јас иако не користам ништо за покривање сепак гледам да се стави тоа што на некој би му олеснило од искуство. Сега во денешно време имаат и многу машини за миење чинии со опција бебешка програма, па јас шишињата кога почнаа да користат во тоа ги миев а до 6м не користеа шише. ете пример мене нема кој да ми дае ништо, нити па на мекици кај нас се носи поклон и ако очекувам да ми донесат ќе е голо, а па ако изнакупам све може ќе фрлам пари. Тоа е мое искуство. На постојле кадичката пример јас велам огромно НЕ и овој пат не ја ни вадам од подрум.
Јас кога прокрварев во 10 недела и кога отидов на дежурен, ништо не ми спомнаа ама во извештајот гледам пишано постелка со лакуни. Одма ѝ пишав на Котларова пошо со неа нон стоп контактирам околу бременостите и кај неа одам од прв скрининг натаму, ми кажа дека рано е тоа да се види. После пишав и на чат гпт, вика тоа се како дупки исполнети со крв и дека нормално е да се појавуваат и во рана бременост додека созрева плацентата. Инаку димери и хемостаза еднаш месечно испитувам и клексани примам. За 1 недела сум на прв скрининг и баш ќе прашам и ќе видам како е ситуација.
И ја на скрининзи кај Котларова одам, и за првата и сега, ете она ми рече ништо страшно..ќе го следиме растот на бебето рече. А зашто примаш клексани ти?