па мене зашто ми рече да пијам магнезиум директ од 300? не дека ме прегледа па ми фали него како преветива...
и јас се сложувам со сењорита ломбарди за магнезиумот Мислам дека докторот одредува која доза ќе се зема. Ги има како таблети,како шумливи таблети и како прашок. Јас го земам редовно,по 1 таблета од 350мг од самиот почеток на бременоста а сега сум 31 недела. убаво ме потсетивте да го прашам докторот дали да ја зголемам дозата За трудницата што и трнеа рацете јас покрај магнезиум би и препорачала и витамини Б комплекс и покрај тоа што во прегназолот ги има. нема предозирање од овие витамини
Јас пак магнезиум до сега не сум пиела, не ми кажал ниту еден од докторите ,одам кај двајца истовремено и до сега ми немаат спомнато да земам мг, само железо, фолна и калциум земам, друго ништо
Кога сме кај магнезиумот, од кој вид пиете? Јас до сега пиев Магнесол, ама они се од 150 мг. Бидејќи веќе сум 7 ми месец сакам да си ја зголемам дозата, и да земам од 250 мг, но сакам да слушнам вие кои таблети ги користитие?
Здраво мамички. Еве не и нас..јас и мој Филип кој што фала богу остана во мешоков. Ве послушав и дента отидов на клиника, одма ме задржаа и еве денес си дојдовме од болница. Истекло плодова вода да, во право сте биле мамички, но добро е, има доволно сеуште и престана да тече во мегувреме. Болките се намалија, некако се стабилизиравме, арно ама бебушко не мрда сеуште. Има срцева акција но тоа едноставно не мрда. Како да спие постојано. И докторите немаат објаснување. Се сеќавате кога признав дека пијам кафе и кока кола ко ненормална???? И гледам вие сите против тоа, штети на бебушка па ( иако не сакав јавно да признаам хахахахахха ) поднамалив количински со кофеинот. Сега, верувале или не, докторите ми препорачуваат поголемо количество кофеин во денот, до 4 кафиња и половина литар кока кола со цел да се размрдува бебушко. Препорачливо според нив ми е и по половина чаша (100 мл) енергетски пијалок на секој втор ден. Вчера вечерта се напив и еве го бебушко претна. Порано сме си уживале со мм особено навечер- оно претни ние со рацете на стомак и се топиме и двајцата. Сега нема такво нешто. Но важно во мешокот е и се надевам ќе остане бар уште некоја недела. Ви праќам
Уф фала богу, сега мораш повеќе да се чуваш. Со лесно понатака Абе тоа дали е задолжително или не е дискутабилна работа. Мене до сега никој не ми рекол да пијам. Немам грчеви, не отекувам така што ако не ми препорача доктор јас на своја рака не пијам. Плус магнезиумот се внесува со храна и вода (пијам минерална вода богата со магнезиум) така што може доволно си примам на природен начин Во секој случај јас на своја рака ништо не пијам
јас пијам магнезиум по потреба не го пијам постојано но кога чувствувам трпненје обавезно си пијам или пумливи таблетки а понекогаш и тие за џваканје
Мамички, дали на некоја од вас и се јави орална кандидијаза за време на бременоста??? Мислам незнам дали за тоа се работи но јазикот наутро кога ќе го исплазам има бели наслаги повнатре накај грлото, во средината и на врвот ми е розов. Се отстранува со четка но утрето имам пак, и загрижена сум Читав по нетов дека се јавувало ова во време на бременост (заради миксањето на хормоните), и при земање контрацептивни таблети... Но сепак сум јас многу исплашена...
Здраво мешиња Ви благодарам на сите за помошта. Денеска се консултирав со мојот матичен гинеколог и ми рече да ги земам магнезиум шумечи таблети 1 насабајле и 1 навечер, па од вечерва ќе почнам и ми рече истовремено и да продолжам и со прегмазонот омега, па здравје ќе ги видиме резултатите како ќе бидат. Позззз
И кај мене на последниот преглед беше карлично и гинекологот ми рече дека до крајот тоа ќе се сврти уше многу пати, наредната недела сум на контрола па ќе видиме дали се наместило со главчето надолу. Ете можеби и тие менструални болки се баш тоа местење на бебчето, ќе видиме на наредниот преглед
дај боже да е така,и кај мене да се сврти, сакам природно да се породам, а докторката ми рече ако остане вака ке мора со царски... јас сум на контрола кон крајот на месецот па ке видиме што направило внатре
Тоа не се знае, може цело време да е карлично и при самиот крај да се заврти и да се породиш природно. Здравје само, како сака нека биди, инаку и јас сакам многу природно да се породам, ама ако пак посекоја цена треба царски, царски, нема бегање, не сме ни први ни последни, мајка ми се шали, ми вели, децата со царски се поубави и не се мачени воопшто, се раѓаат црвени (јас дека царски сум родена) ама нема веза, не е битно на крај краева како че биди, важно да е се во ред и со мама и со бебчето
еххех така е , само се да е во ред, да ти кажам право едвај чекам да дојди јануари , да го видам бебушко
И јас едвај чекам за Јануари, ама може да не изненади и порано, на пример новогодишно да ни дојде баш убав поклон ќе ми биде, најубав
еххеех мене така ми рече докторката ако е здравје боже со царски може ако сакам на нова година, тамам ке земам и некоја паричка плус
Инаку денес бев на преглед бебето е тешко 1кило и 800 грама, добро напредувал, и матичната ме советува да се пораѓам со закажан царски рез ама тоа во државна е не изводливо, нема да сакаат, и незнам како ке биде со нас. да бидам искрена исплашена сум малку за тоа како ке се одвиваат работите со пораѓањето среќа што има уште време. неможело оти во државна царски ги породувале само ако имало проблем со мајката, или бебето карлично е поставено, значи само природно во вакви случаеви, а во спротивно требале јаки врски. Мене ми е страв како ке го изведиме тоа природно ке чекаме мене од тука да ме фатат болки, па ке патувам 100км, додека да стигнам до државна во Скопје и за тоа време се може да се десе не е играчка ова, навистина немам идеа како поинаку може да се изведе ако тоа не е закажан царски.
http://www.calmnatural.com/magnesium-pregnancy И јас пијам задолжително магнезиум 2х 250 мг на ден, од 12 недела. Не знаев точно за што го пијам, ама еве го најдов текстов на интернет каде што убаво е објаснета функцијата на магнезиум, испаѓа дека колку што беше важна фолната киселина првите месеци, толку е важен и магнезиумот за понатаму.
мислам дека и претходно имам пишувано за во битола дека слободно може да си се договориш за царски со кој сакаш доктор, јас веке знм два такви случаеви, каде се беше во ред и со мајката и бебето.. ако мозе кај вас во болница барај некој врски, или во скопје, па ке си закажиш за царски пред да ти измине терминот и ке си отидеш таму ете мене сама ми се понуди докторката за царски и најново што слушнав било дека сите доктори сакале да пораѓаат царски зато шо така земале повеке пари, нели сега по учинок ги плакаат п.с а за болките и јас се мислев сношти дека може да ми е од движењето или од умор, и мене на сабајле н ми е ништо супер, сум , ама подоцна ме факаат
Ама ти не бараш царски од што ти е мерак, однеси го досието и инсистирај на датум затоа што така можат да бидат сигурни дека ќе имаш и нефролог на располагање, инаку ако се породиш среде нок па и викенд еееее дур да дојде специјалист на работа ќе се изначекате. Ако тоа не е можно тогаш при првите симптоми ти оди право во болница и не мрдај дури не те примат.
Навистина Сењорита, твојот случај си е посебен и треба да си бараш посебен третман за пораѓање. Немој да оставиш на случајност и на незаинтересираност на докторите, ако треба качи им се на глава, платете нешто на рака на доктор, ама никако не оставај да те стават во ист кош со сите. Убаво вика Сесилиа, на следниот преглед со сите документи и од врата на врата кај сите можни доктори на клиника, додека не ти договорат термин да знаеш на што си.