Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Здраво идни мамички! Еве и јас да ви се придружам во чекањето, 36 недела сум и моментално сум на одмор, дома, па си чекам :)
    Втора бременост ми е, и многу полесна од првата ама многу ми е топло па не можам ништо да правам, мин. шетање и тоа....дури не сум ни купила за од болница што треба :lol: ај деновиве, да помине топлотниов бран. туку ме зачуди леонтина што вика 30 трудници примиле немало спаваќи доволно :o леле што ќе беше тоа брееееее.... Јас со првото бев царски и во ремедика, а сега здравје државна, само како ли ке се помине леле леле :) да го ѕирнам ручечето...поздрав мешиња !
     
  2. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Кажи ми само, прашав погоре пиеше ли калциум посебно, нешто појачана доза???[/quote]

    Јас пиев прегнезол и остеокер тука има повеке витамини мегу кои е и калциум ,и магнезиум се разбира .
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Пијам и јас, ама да ги допијам овие што ми останаа Прегназонот и не пла нирам веќе да пијам. Сметам декас и внесувам супер витамини со исхраната, а и пустите многу ме тераат на јадење, а нормално јадам, зошто само без потребно да чувствувам глад, исто осетив дека и желудникот ме боли кога ги пијам.

    Регенбоген, со лесно нека ти помине престојниот период, па да ни раскажуваш како си поминала.
     
  4. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Туку да ве прашам за ова витамините, има шанси од нив да се поправив, досега 6-7 кила имам качено, а јадам исто како и порано, дури и поздраво се хранам. А мислам дека пола од нив ми се во градите отидени, и така си бев надарена, ама сега !? :tmi:
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
  5. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Фала ти Ивановичка, јас сепак мислам дека и малце е рано за да ми кажува дали е ниско или високо, колку што читам после 15 недела почнувала да се поткрева матката изнад карлицата. Ама како и да е, фала ти на убавите зборови, чувај се и ти, ние нели сме си колешки до ден погодени :) .
    Поздрав до сите и со лесно. :*
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Витамините може апетит да ти отворат +, а за поправување, дали нема од што, аман веќе :envy:
    Стриите кај мене почнаа еве сега, значи почеток на 7ми месец, до сега немав ништо :?:
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Здраво трудничкиии, јас само да ве поздравам и да ви кажам дека сум на моренце, денс цееел ден си лежкам, си пливкам, уживкаме со мажето и максимално, па недела ден за одмор нели е? 8) Ве гушкам сите и се читкаме покасно :*
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Pozdrav I od mene, utre ke odam na pregled da go cujam srcenceto, mnogu sum nestrpliva I Se nadevam se ke bide Dobro.
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Meшиња еве ме и мене јас денес пак се занимавав со купување некои работи за бебенцето и за мене па немав време да пишам цел ден..

    Е така поздравче од мене се читкаме утре :)
    Добра ноќ на сите :)
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Добро утро !!!
    Мешиња јас немам појма како ја преживеав ноќва, по жешко и загушливо не памтам нникогаш да ми било.
    Едвај имам дремнато, повеќе се мачев преку ноќ, а сега веќе не ми се ни спие.
    Згора на се, се осеќам настинато, затната, поткашлувам, а и цела ноќ имав болки (како за добивање), но континуирани, така да или сум квалитетно настината или матката си се шири, ова дефинитивно не се контракции(пу пу пу не дај Боже), а вчера испив магнезиум повеќе од вообичаено. Поради тоа што демек настината, а отворен прозор постојано, ај легнав со пижама(нагоре), абе кога не се сварив пак арно, го слушам маж ми вика по мене да сум станела да се соблечам ,зошто вода бев. КАтастрофа вечер се на се.

    Денес сум решена да шетам, само после накај 16ч, ќе одам низ продавнички да купам нешто за ова прчлата . Планирам да купувам алишта за од болница, едно по едно да си ги комплетирам.

    Како сте ми вие???? Како поминуваат деновите???
    Уник каде ќе се пораѓаш???
    Леонтина ако е денес денот Д, со лесно нека ти е :*
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    лелел не спомнувај неспиење и жештини ;( катастрофа е и битола времево, спиеме со отворена врата од терасата ама за џабе спијам само по боди и пак жива вода сум, пекол е и внатре и надвор, едвај чекам да дојди есен, а уште повеке зима, а со неа и бебенцето ке си дојди ;)
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Добро утро и од мене, лееле значи оваа ноќ ми е била најпеколната ноќ до сега што ја памтам, да нема воздух да се дише ни В од ветерче, загушливо, не спиев цела ноќ, па тоа го нема никаде, цела ноќ вентилатор дуваше и ништо, ем на море сум да речеш тука бар ќе дувка малку ветрече покрај морето ама ништооо , ова е ненормална работа, се молам да заврне бар еден дожд да разлади ова не се издржува :(
    Денес не појодов на палжа, вчера под сенка и се зарвенив на градите и нозете и денес не одам, утре здравје, па ќе седам на жешкото, а како ќе се издржи, еден Бог знае :x
     
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Епа ајде добро утро и од мене мешиња :) .Мене викендов ме немаше, но еве ме сега. Ноќва беше прежешка, не се спие како што треба. Едвај чекам септември, па малку да се залади.
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Добро утро стомачиња,
    И јас се нервирам со жештиниве, па или седам дома со клима или на работа со клима а за забава одам во супермаркет кај што има клима и така... :D
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Значи кај сите била иста ситуација синоќа. Да ве израдувам од утре до петок најавуваат мало разладување, можно било и дожд(само да не стане уште по спарно :^) )
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
  16. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Добро утро идни мамички и од мене...Денес повторно ќе ве дружам.Незнам за вас, но мене веќе два дена ме измачуваат киселини.Неподносливо е..Има ли некоја од вас таков проблем и како се справува...Инаку краткиот одмор ми пријаше добро..Секако и таму беше топло, но сепак климата е друга и можеш да се оладиш во вода...Башка си надвор од загушливово и пеколно Скопје...Поздравче
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Добро утро и од мене мешиња и мене ноќва ми беше пеколнаааа.. превртувај се и пак ништо и на крај клима си пуштив ама џабе бре склет кога ке ме фати се потам како ненормална..
    Меу јас здравје планирам во Гак да се пораѓам па ке видиме..
    Се надевам дека Леонтина ке не израдува денес..

    Вие мешиња каде планирате да се пораѓате ?

    Мислев да одам на викенд со мм во Дојран ама не бре времево е катастрофа , стварно не се дише а и Дојран е така малку како спурно , така да ке си останам дома...
    Ми останаа уште некои работи да докупам за мене и за бебушот ама не можам сега ке мора да почекам малку да се залади...

    Имајте убав ден мешињаа :)

    едит: Даниелка јас имам киселини само кога јадам благо , ми поминуваат од киселата вода и малку по високо ако спијам на јастукот инаку нема шанси да заспијам од нив.. пробувам да не јадам благо ама па ми се јаде :D :D :D
     
  18. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Добро утро и од мене мешиња, гледам сите сте имале проблем со жештиниве и со неспиењето а јас пак спротивно ова жештинава ме коматизира и едвај сум се разбудила додуша уште спијам ама полека отварам очи. Викендов со обврски па помалку можев да седнам да пишувам и да ве читкам ама затоа сега му ја седнав се испрочитав.

    Како сте сите, МЕу, Силк ЛЕонтина Калиас Уник Даниелка , гледам сите тешко ја минавте вечерта, ужас едвај чекам септември да дојде. Сакав да прашам дали некоја од вас има проблем со алергии во теков на бременоста, Јас сум си хронично алергична особа на респираторниот тракт па си имам проблем со дишење ама во последниов период си имам проблем со кивањето со оглед на тоа што не смеам ништо да конзумирам од лекарства. Па да не има некоја друга сличен проблем и како го решава, мене мислам дека ова стомаков што ме боли е од кивањето.

    Поздравче до сите, иако денес е тежок ден не се дише надвор (на тераса пишувам ама се прибирам веќе внатре) имајте најубав ден денес. :*
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Unique јас ќе се пораѓам во Чаир, таму имаме врски, па сега здравје Боже, ќе видиме како ќе биде.
    Инаку немој ни да помислуваш да одиш во Дојран, додека те читав мислам дека почнав да се гушам од што е спарно таму.
    И јас неделава ќе одам накај југ(кај моите), па планираме да одиме до Грција, се надевамд ека нема да биде спарно, задушно , дека ќе се диши , а и дека ќе поуживаме малку, крајно време е.

    Даниела, кој месец си??? Ако си на почеток нема спас за киселините, ако си во по одмината бременост, мене ми се јавуваат, но брзо и ми поминуваат, ништо посебно не сум применила до сега, а се надевам дека нема да има потреба.
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2017
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Едно уље Бубшен
    АД капки
    2 оригинални павловичеви креми
    Бадемово уље - Галафарм
    Пантенол маст
    ________________________________________
    Се се става во еден сад и се меша со миксер.

    Јас ова го користам за стрии и не само за стрии туку мајками го користи и за брчки немате поима колку многу и го омекнува лицето, мислам дека држи вода ова, јас се мачкам скоро една недела и почнуваат да ми избледуваат инаку го користам само за стомакот, за градите и рацете користам Еуцерин...
    и да пред да се мачкате најубаво е да се истуширате, знам дека нема скроз да ми исчезнат ама барем ке обелат нема да бидам шарена..

    Пс. Среќа што има Олимписки игри инаку ке си пукнам од досада, се наоѓа вака барем нешто интересно да се гледа :)