Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.715
    Пол:
    Женски
    Пораѓање со царски само ако навистина е неопходно , ако бебето не е свртено карлично или ако со мајката можат компликации да настанат , а незнам зашто сами би барале царски рез кога би можело природно :?:
    Е сега друг случај е Сењорита што би барала закажан :)

    Инаку норманло е да се има болки при нормален пораѓај ама па и царскиот не е така безболен :o
     
  2. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Јас ги користам на натурал велт таблетите од 250мг, ( на минатиот пост сум погрешила,сум пишала од 350мг :fubar: ) околу 400-500 денари се,100 таблети. има шумливи,мислам дека се викаа биолектра,незнам од колку мг се,имале убав вкус :) а прашокот се вика магнезиум директ,тој е 350мг,се истура пакетчето дирекно во уста и се пие со голтка вода,од овие имало повеке вкусови. јас освен таблетите друго немам пробано. една моја пријателка што скоро се породи ми кажа дека магнезиумот се прекинувал во 9 месец,така и рекла докторката.

    Ломбарди исто и јас мислам дека во скопје нема да те одбијат за закажан царски со твојата состојба ама ако не сакаат тогаш отиди да си се договориш за породување во битола :) ете штом можело таму да се договориш за царски :) Ќе биде бебушот битолчанче :P
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Сењорита, а зошто во државна??? Имаш врски или познати???
    Те прашувам зошто во Чаир не прават проблем за царски, посебно ако имаш по комплицирана бременост. Јас би те советувала, пред да отидеш, да си се консултираш и во државна и во чаир со некој доктор, па после да донесеш конечна одлука каде ќе се пораѓаш.
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и јас мислев дека нема да направат проблем, ама матичната моја вика дека од неа ништо неможам да очекувам ако станува збор за Скопје и породување, оти таа немала таму надлежност. А за во друг град неможам оти ваквите случаеви ги решаваат само во државна и на никоја друга клиника, оти само во државна има децки нефролог, за тоа правото на избор веке ми е ограничено. За две недели пак ке одам во Скопје кај тој доктор таму што ме гледа и со него ке разговарам на оваа тема тој сигурно може нешто да направи во државна, таму работел повеке од 15 години.
    Најмногу ми е страв оти терминот ми е на сред празници не работни денови, и од кај да знам јас кога кој лекар ке биде на работа или дежурен. Сепак е по сигурно кога овие работи се договорени и со двајцата лекари, и кога сите ке знаеме тој и тој ден во толку часот сите присутни и да се реше проблемот веднаш а не да се чека.
     
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    Навистина Сењорита ако може распрашај се за битола, па тука порагај се ако успееш ;)
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    неможам во Битола оти после пораѓај веднаш ке ми треба детски нефролог а такви кадри има само во државна, за беше работата само за царски ке останев или тука или во некоја од приватните тие не одбиваат пораѓање со царски, ама работава е дека во мојот случај мене не ми треба царски рез јас имам супер бременост, и бебето е поставено со главата надоле значи ги исполнувам условите за природен пораѓај ама матичната рече дека за бебето во овој случај е подобро да се роди со царски рез за да можат веднаш да го прегледаат и да реагираат, ако се роди природно ке требало да се чека некаква стабилизација а и не било убаво во таква состојба да го притискаме да поминува низ родилните канали. Незнам колку ме разбравте.
    Е сега за да му се помогне на бебето и да му се даде потребната нега е можно само во државна заради тамошниот кадар, што во друга клиника го нема, ама па проблемот е во тоа што во државна можно е да не сакаат да ме породат мене царски оти јас како родилка ги исполнувам сите услови за природно.
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Со ваква анамнеза нема дали докторот сака или не сака туку мора ,а и твојата матична ќе си напише мислење и тоа е тоа.Никој доктор не би се правел паметен да породува нормално ако има било каков проблем.
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    ова го блондирав намерно затоа што ти не ги исполнуваш условите за природен пораѓај односно ризикот од повреда на бебето при природнен пораѓај е присутен заради здраствен проблем со бубрезите на бебето така да имаш право да си побараш царски ако треба на клепки ке му се обесиш али мора да те прифатат и матичната треба да си напише упат за царски рез со мислење дека за бебето е подобро да се породи царски отколку природно
    така да биди упорна и не кути оти на никој освен на тебе не му е гајле а матичната твоја во кав после таа глупост што ја направи редно е да ти фати врски во скопје сигурно има колега некој што си контактира со него па може сигурно да се потруди малку нека не те лаже дека неможе ништо да стори може може само еден тел број ако заврти
     
  9. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ама јас не сум веќе кај таа, сега имам нова матична :) и она вика дека може да ми даде само упот за породување, ама оти породувањето ке биде во Скопје неможе таа да одлучува како ке се изведе туку лекарите таму. И со тоа болдираното сакав да кажам дека јас ги исполнувам, ама за бебето има ризик. ме свакаш?
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    убаво те свакам синорита јас ама ти не ме свакаш ти и бебето сте едно и ако за еден од вас е ризичен природен пораѓај тогаш е исто и за двајцата ти кај што одиш на контрола во скопје ке се договориш со тој доктор дека посигурна си ако оди царски или пак во краен случај може да си закажиш царски во кавадарци па после бебето да го префрлат на ненонат во скопје а ти после некоја ден и ти да одиш на неонат обично така оди тоа факт е дека бебето кее има потреба од дополнителна грижа а таа ке ја добие само на детската клиника во ск и ти ке треба да бидиш до него таму ако има слободно место ако нема ке се ослободи и ке те викнат али рано е за тоа да се замараш уште сега има време ти сега сконцентрирај се да си закажеш царски
     
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ете гледам дека не ме свакаш. И во кавадарци нема да ме породат оти бебето не сакаат да го изложуваат на ризик да патува до Скопје, за тоа е цела фрка за пораѓај во државна со закажан царски за на лице место да се присутни сите лекари. A докторот во Скопје што ме прегледува мисли дека нема да има потреба од никаков зафат, и дека е се во ред со бебето и за тоа нема да сака да ургира за царски оти според него е се нормално, ама овде во кав. викаат нешто сосем спротивно, дека бебето е здраво ама тој мал проблем што го има би можело да стане поголем ако се роди природно. Е сега ајде биди паметен. Неможам да ризикувам до толку многу, сепак ова не е маче, ова е мое бебе, за тоа ја послушав докторката од тука дека е подобро така за бебето.
     
  12. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Ломбарди прво дојди тука во ГАК и разговарај со лекарите. како и да е тука е најстручен персоналот и имаат најмногу породувања и верувај дека никој од нив нема да ризикува да те породува природно ако тоа е ризик за бебето. За нив е дури и полесно да те породат со царски. А во твојов случај мислам дека и тие ќе се сложат со тебе.
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    За жал, за нив не е полесно да ја породат царски, зошто тоа е цел оперативен зафат, во кој се вмешани повеќе профили на луѓе, и затоа гледаат да го избегнуваат најмногу што можат, додека кај природното породување докторот ја гледа од врата (што се вика), ама ако има индикации за било каков проблем било кај мајката или кај бебето - царскиот ќе им е прва опција во секој случај.
     
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.715
    Пол:
    Женски
    Сењорита мораш со царски, па неможеш да го ставаш животот на бебето а и твојот во опасност !
    Една моја пријателка со висок притисок , со многу проблеми ја ставија на бокс да се пораѓа , несвесни дека треба подхитно со царски , И после часови мачење ја породија царски ! за среќа се беше во ред и со бебето и мајката !
     
  15. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    За жал, за нив не е полесно да ја породат царски, зошто тоа е цел оперативен зафат, во кој се вмешани повеќе профили на луѓе, и затоа гледаат да го избегнуваат најмногу што можат, додека кај природното породување докторот ја гледа од врата (што се вика), ама ако има индикации за било каков проблем било кај мајката или кај бебето - царскиот ќе им е прва опција во секој случај.[/quote

    Сакав да кажам дека во нејзинот случај би им било полесно. додека докторот ја надгледува од врата и ризикува да се искомплицира нешто пологично би било да се спреми сала и да се направи царски.
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ке видиме што ке кажат како ке им биде полесно. јас ке гледам да најдам некоја врскичка да поминиме со царски. Се надевам дека се ке помине во најдобар ред.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    За пари сите се нафаќаат за врска, тоа важи за сите во клинички центар. Ние за тетка ми што лежеше месец дена на неурохирургија секоја недела плаќавме на рака што доктор, што сестри за да ја проверуваат, инаку ќе беше оставена ко последен грев да лежи во соба со 20 болни.
    Другарка на сестра ми за да и дојде на смена докторот што сакаше да ја пораѓа на клиника, му плати на рака слична сума колку што чини пораѓај во Систина и Ремедика.
    Ова е најверодостоен муабет, не го вадам од ракав, ако си немате своја врска, можете да си платите за врска.
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не се секирај тебе и твоето синче Господ ве чува, сигурна сум дека се ќе помине во најдобар ред ;)
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. devojceubavo

    devojceubavo Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Дали некој бил на предавањата во државна? Се оди околу 28 недела...
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мешковци, до вчера бебушко го осекав ептем високо до под градите, ама денес го осекам долу, буквално го осекам како ми мрда во делот кај јајниците... можно е да се има свртено надолу, и да слегло а??? :?:
    нели имав пишано дека беше карлично, а и денес само малку шо поодев одма се уморив :(