Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Добре ни дојдовте мамички!!! :*
     
  2. Pepitaa

    Pepitaa Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Mamickii deneska samo sto ja vidov onaa prekrasna dusicka vo noeto stomace .. Imajte lesna bremenst i so sreka ...
     
    На Dazey и Dreem.Girl им се допаѓа ова.
  3. JanaMece

    JanaMece Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Мамички, имам едно прашање? Јас сум 5 ипол недели бремена ама ме мачи тоа што ми брболка стомакот :) дали е во ред? Се друго сум супер само имам и бело пршање повеќе од порано ама не ме чеша или пече докторката вели дека е нормално
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Епа штом ти рекла докторката дека е нормално, тогаш зошто паничиш? Таа сигурно знае повеќе од нас и нема потреба да се нервираш безпотребно кога се е во ред. Уживај во бременоста мила ;)
     
  5. zajche

    zajche Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Доброутро мамички.Јас се се канам да напишам некој ред за мојава ситуација но овие денови никако да стинам.
    Во вторникот требаше да си одам а редовен преглед и да ги правам испитувањата што се прават во 12 недела.Но не требало така едноставно да биде :( . Станувам вторник утрото за на работа и што да видам крв на гаќите и уште течеше.Тоа беше една бледа розеникава крв.Се испаничив мамички ама многу.Му велам на мм станувај ке одиме на доктор ама еве престана крварењето веднаш па бидејќи докторот ми беше втора смена си викм ај ке го почекам кај него да си отидам на преглед. Си отидов на работа ама цел ден ми беше мислата што се случи зошто така и постојано се проверував да немам уште крв.И немав тоа што бесе утрото тоа беше.
    После работа јас одма на доктор и кога му кажав за ситуацијата ме гледаше на 4Д ехо и виде дека имам некое одлепување од матката и поради тоа настанало крварењето.Ми реше не е ништио страшно но треба да се внимава ама многу и да лежам постојано само за до ВЦ да станувам и дури д јадам во кревет. Ми ставија Прогестерон инекција и ми реце нареднит вторник пак на инекција и да видиме каква е ситуцијата тогаш.
    И сега си лежам јас дома ме гледаат свекрвата и мајка ми која од сабајле која попладне ама многу ми е тешеко да неможам воопшто да станувам,едно од грижи за бебчо мој а друго и досада страшна ке ме утепа.Ама тоа е.
    Ај ве молам мамички ако имла некоја ваков проблем да ми каже како поминала.Јас малку на долго и на широко можеби досаѓам ама сум загрижена. Ќе пишувам и во др тема за проблемот но овде има многу повеќе активни па можеби некој побрзо ќе ми одговори.
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Не е одлепување на матката, туку одлепување на постелката(претпоставувам)?
    Нема досадно или не, мораш да си најдеш некоја занимација и да се помириш со ситуацијата, полесно ќе ти биде така. И биди спремна дека доколку не се поправи ситуацијата можно е вака да биде до крај.
    Ако разгледаш понапред во темите, ќе видиш колку се жалев зошто ми беше досадно, а морав да лежам до крај, по цели денови бев сама дома, ни свекрва ни мајка(ти имаш среќа) но феминките не ме оставија во ниту еден момент, така да знај дека не си сама и имаш друштво во секое време
     
  7. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Со помислата дека тоа што го правиш го правиш за твоето бебче за еден ден да си го гушнеш нема да ти биди досадно , само помири се со фактот дека мора само да лежиш и готово јас лежев само два месеци ама тоа е кога се мора се мора. За најмилото би направиле се нели... Ајде земи си списанија , филмови и тука е фемина да те разведрува. Само позитивни мисли и се ќе биде во ред.
     
  8. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Здраво девојчиња :D мамички и идни мамички...Одамна ме нема да напишам некој збор иако сум присутна и читкам само се некако се канам да напишам ама нешто друго ќе искрсне па ќе станам од компјутер и никако да напишам...БЕЗВЕЗЕ :) ама тоа е со милион обврски. Еве јас некако изгурав до 31 недела и еве полека ја терам бевме на контрола бебушко е 1кг и 600 гр.добро се развива во мешко сеуште е горе високо и абер нема за спуштање (фала богу ) бар да истераме до 36 недела па после како што е Господ... Ми останаа да доземам некои работи од аптека и нешто за мене , нешто гардароба иако фала богу сеуште можам да ја носам оваа ама мм вика ај да купиме нешто да се подновиш како будуча мама :rofl: па деновиве мислам да излегувам да земам. Се си средивме креветче транспортер облека за бебуш цуцли шишенца пешкирчиња јорганчиња ама се , баш се уште ова од аптека и да ги спремам торбите здравје боже ...
    Морам да отворам тема БЕБЕ иако ја читав пред некој ден за некоја да ни објасни за јекодермот дали се мачка само на главичката или цело тело , кои капки се користат од раѓање дали вигантолот се добри за по една навечер на бебушко , слушнав пожелно било некои капки за грчеви да се давале ама незнам ни кои ни што :?: дали павлодермот е добра или само оргинал павловичева , кои влажни марамици ги почнавте да ги користите ...ама ај да не замарам овде ....

    ЧЕСТИТКИ ДО НОВИ МАМИЧКИ ДОБРЕДОЈДОВТЕ и само ПОЗИТИВНО ....

    Поздравче до сите вас... :inlove:
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ивановичка, јекодермот ќе ти покаже и патронажната, после бањање а и доколку имаш потреба кога ќе се лупи кожата се става насекаде, на главата, позади ушите, вратчето(местата каде има собрана кожичка).
    За капки и на отпусното картонче ќе ти пишува , јас давам Пливит Д3 по 5 капки на ден, но шишето од ког аќе се отвори, употребливо е само 3 недели не повеќе, а се даваат до 18месеца(ова најсвежи информации, во средата бевме на ортопед).
    За грчеви ќе даваш по потреба, доколку има детето. Нас после втората недела ни почнаа грчевите. Јас давам Еспумисан капки(пишува пред секој подој по 25, но јас давам по 15 или 20 еднаш или два пати на ден) и Бекутан чајче за грчеви, исто така треба да внимаваш на исхраната, онаа која тебе ти ствара грчеви ќе му прави и на бебето. Јас грав, зелка варена, грашак и сл сеуште не сум јадела.
    За кремче прво купивме онаа розевата што е, но од кога се нафрли малата(од Памперс пелена), во Систина ни кажаа само со перу балзам кремата што е да ја користиме. Земам од Еурофарм(само таму има големо пакување) на Фитофарм е.
    Влажни марамици не употребуваме, туку имам повеќе марамчиња купено и едното е влажно, а другото суво, па прво со влажното ја бришам , а потоа тапкам за да се исуши(со сувото) и ставаме кремче(внимавај да не биде влажно бебето долу). Марамчињата ги перам постојано, а имам исечено и неколку тетра пелени. Влажни користиме ептен кога немаме вода до нас.
     
  10. zajche

    zajche Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Значи колку разбрав јас а не разбрав многу јасно дека настанало одлепување на постелката од матката ама што разбирам јас од тие работи.Што и да е во никој случај не е добро :(
     
  11. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Здраво мамички. се надевам дека сте добро и вие и вашите бебушки. Јас..уффф..душа во мене немам. Бебушко мој го нема ни за лек..еве денес цел ден воопшто не го сетив. Вчера само еднаш вечерта, толку кратко што се утепав мислејќи бебето беше или нервите ми се при крај па ми се причинува. Завчера бевме во св.Лазар и го потврдија истото. Има срцева акција но не мрда и не знаат зошто. Аман..... што ли бидна со Филипчо мој господ знае. Можете да замислите цели филмови си правам во глава..што ли не помислувам.Наместено е со главчето надолу и си дреме така. Ни со раче ни со ноџе мрда а го гледаа точно 50 минути на ехото. што стискања ми дадоа по стомаков и пак ништо. Се утепав пиејќи кафе, кока кола и повремено од тоа енергетските пијалоци како што ми препорачаа на ГАК - ништо пак! Аман заман...мамички..ако има некоја некакво слично искуство нека кажува одма- нервиве ми се кончиња жими се.
     
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Леле бе Анчетупанче што све не ти се деси тебе... Како бре не мрда...? Па докторите што ти викаат,ова прв случај им е ваков? Чим има срцева реакција, бебето е добро...а зашто не мрда...Па добро може така си е мирно, може се свртело надоле и сега додека се прилагоди...А ти кажаа ли дали имаш доволно плодова вода...? Зашто знам дека ти течеше,нели....
    По мене мислам дека ништо сериозно не е.....
    Нека го чува господ твоето бебенце, и ајде Филипче размрдај се, растепај ја мама, една клоца во јајник, една во желудник, мрдни малце со газето, ќе нанаш кога ќе излезеш надвор, а сега удри мавај... :*
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Легни странично и види дали ќе има некоја реакција. Пробај и со чоколадо.
     
  14. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    76
    На Dreem.Girl и pepita82 им се допаѓа ова.
  15. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Мене истото ми се случуваше во првата бременост па така некаде бев 29 недела два дена не мрдна а претходно ми го превртуваше стомакот, му се јавив тогаш на докторот тој се насмеа и ми рече сигурно му се погодило спиењето |-) ама ако продолжи така дојди да го ѕирнеме,нокта кога си легнав ми наплати и за тие два дена :) не се секирај може само така си кулира :rock: поздравче :*

    Не се страшни не се секирај,и кај мене ги имаше значи на првата контрола ако ги имаше, јас само брусница пиев на следната контрола кога отидов мокрачата беше чиста, уживај :rock: поздрав :*

    Ве читам за магнезиумов па да упаднам ко ѓокер у покер :lol: мене сега докторот ми рече да поцнам да го земам ни количина ми кажа нити кој ни колку :( ама пребарував по интернетов па читам многу бил значаен за стегање на матката или да нема контракции,е сега по мое нели би требало да ги пиеме до 8ми месец по логика??? :geek:
     
    Последна измена од модератор: 11 април 2017
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    имаш магнесол има биолектра и др можеш да земаш по 1 дневно мене така ми беа и нема врска кој месец си магнезиумот треба да го внасаш бидејки не се знае кога ке добиеш контракции јас добив во 6 месец од искуство ти кажувам не чекај 8 позз
     
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мене магнезиумот ми рекоа да го земам до крај на бременоста, и ви имав напишано погоре, до 5ти месец по 150милиграма дневно а после 2 пати на ден по едно апче од 250милиграма.
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Јас магнезиум пиев од 4ти месец до крај по 350мг два пати на ден.
    Некој прашуваше погоре за увин чај. Слободно пијте, препорачливо е во бременост поради честата појава на уринарни инфекции. Јас го пиев цела бременост , понекогаш и од брусница пиев, има корист само треба упорност. Првите резултати може да ги осетите дури после 1 недела, секојдневно пиење.
     
  19. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Добро вечер мамички.. Гледам го спомнувате магнезиумот. Јас вчера бев на контрола и имав направено микробилогија и уринокултура и се беше во ред. Веке еден месец пијам само Витрум пренатал витамини.Само тие.. И бидејки резултатите ми беа добри, докторот ми рече само да ги продолжам истите да ги пијам.. Други витамини немам пиено, нели првите три месеци фолна и овие сега.. А гледам дека викате дека магнезиумот е многу важен па се запрашав дали и јас да му спомнам на мојов доктор или да си продолжам како што ми вика он?! Што мислите, треба ли да се покаже нешто на микробиологијата или нема никаква врска, туку треба да се пијат бидејки викате дека се многу важни? Некако ме ставивте во мисла..
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    нема врска ако тие се во ред, немора да пиеш магнезиум... јас почнав да пијам некаде во 7 месец мислам беше, затоа што осекав дека ми се грчи стомакот, и тогаш ми ги даде докторката.
    јас пак одвреме навреме осекам како да ми се стега цел стомак, а и бебво многу изгледа ми е горе дури ми смета , хехе ме боцка одма под десната града ;) и многу се уморувам кога се движам, и малку да попешачам одма ми е тешко :( ова е нормално, или да ја барам докторката??? :?: