ДОБРО УТРО МАМИЧКИ ИМАМ ЕДНО ПРАШАЊЕ СРЕДАТА ГИ ЗЕМАВ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МИКРОБИОЛОГИЈА И СЕ МИ ВО РЕД НИКАКВА ИНФЕКЦИЈА НИ ВО УРИНОКУЛТУРАТА НО ОВИЕ ДВА ДЕНА. ОСЕКАМ БОЛКИ ПРИ МОКРЕЈНЕ ПЕЦКАЈНЕ ЈАДЕЖ ДАЛИ Е НЕКОЈА ИНФЕКЦИЈА ИЛИ ШТО НЕЗЗ .ШТО ДА ПРАВАМ .
Odi kaj maticniot mozno e da si nastinata i da ti e cistit pij uvin caj dodeka otides i vitamin C pozz
Здраво мамички како сте? јас прилично добро сакам да прашам ме болат долу јајниците посебно вчера на левата страна синоќа имав болки а и сабајлето сега ми е добро па си викам дали е нормално, дали сум настината а имам и некогаш пецкање при мокрача, а резултатите во микробиологија беа се во ред (или ми е од бебушко што ме удри завчера толку силно па затоа може ме боли а тоа си е во ред си го осеќам си мрда ) А исто така и што се однесува до чајот што го спомнувате немам никакви проблеми ама си пијам така само планински општо од чај има лошо во тоа или вие од брусница и увин го пиете по потреба ( мислам така читам ) Каталеа не се секирај и јас непијам ништо освен витамини и кај мене беше се во ред па го прашав докторот дали да пијам ми рече нема потреба сега за сега само витамините па изгледа така и кај тебе Поздрав
добар ден мамички како сте? одамна ме нема јас влегов веке во 8 месец 33 недела сум малце ме фака паника за породување ама ајде здравје. Иначе ми се случи негода пред неколку дена паднав се лизнав на ламинат и ептен се испласив одма отидов на доктор и тој ме прегледа и цтг ми направи и вагинално и ехо. Само вагиналниот преглед немозев да го издрзам почнав да викам и се тргав мн бев стегната психолошки и целото тело ми беше стегнато никако немозев дасе опуштам така што др.ми даде пауза и на вториот пат го викнав мм да биде до мене ималку ми дојде полесно али пак така со викање.Фала му на бога се беше во ред .Ова ми беше прв вагинален преглед до сега немав направено можеби и заради тоа бев таква
Здраво, женички, како сте? И мене одамна ме нема на форумов, веќе сум 29-та недела и ми се случува една непријатност што ми ја намалува самодовербата иако сум свесна што значат сите промени во организмот во текот на бременоста. Последниве денови имам многу гасови, и ај тоа туку чувствувам како дури и здивот ми мириса непријатно :'( што се не сум пробала а и внимавам на исхраната, ама ова некако останува.. Сте имале ли вие вакво искуство? Решение на проблемот? Hellllpppp
нема потреба од паника јас имав гасови како да сум машина за гасови а за здивот бонбончиња ментол ке си цуцкаш не се секирај и после бременоста некој период ке имаш гасови и ке си поминат позз
Гасви имам и јас, нормално е тоа, не се секирај, а за здивот, можеби ти е расипан некој заб, оди на една контрола кај заболекарот да те види, да не ти е од тоа.
Па приватниве ординации не само на жени од Шутка туку на сите ни наплакаат зборувам за со плави картони кај што одиме,јас конкретно немав правено брис 3 и пол години и сега матичниот ми го наплати прегледот!!!
Здраво феминки, да ве прашам и јас за совет, според последниот ден на менструација би требало да ја поминеме осмата недела, два пати сум била на контрола досега, и денес ми рече дека бебето е многу мало за неделите што ги има или не се развило, или сум ја погрешила датата на последната менструација, ама не сум ја погрешила, јас сигурна сум за датата, само знам дека имам долги циклуси по 35 и дена, и сигурна сум дека овулацијата ми е подоцна, накај 21 ден, и нормално е бебесто да е помало според тоа што се зачнало десетина дена покасно од тоа што тие предвидуваат. некако не сакам да прифатам дека не се развива и дека ке треба на киретажа да одам, ако следната недела не се слуша срцевата акција, ке треба да ме исчистат многу ја сакав ова бременост, не можам да верувам дека ми умрело бебето, ако ми рече за киретажа не сакам да прифатам, ако почекам уште малце, можда е мало... или овие се само моите психички притисоци. дали некоја од вас има слично искуство, плус не сум во Македонија, некако на никому не верувам, многу ми е тешко не сакам да ми умре бебето цел ден плачам
Душо смири се ,чим циклусот ти трае - дена -исто како мене значи имаш закаснета овулација,бебето ти е покасно зачнато и тоа е се без потреба се потресуваш,ти зборам од лично искуство ,ако си во мозност појди на друг гинеколог и нагласи дека циклусот ти трае 35 дена а ти израчунај си според тебе две недели пред да ти дојде повторно и ке знаес кога е од прилика зачнато,не се нервирај причекај и се ке биде во ред,на крај краева предложи преку крв-висината-вредноста на хцг да определат која недела си од бременоста,поздрав и не се нервирај
Линда никако не прифаќај веднаш киретажа! И на мене ми се случи истото,имам на претходните страни пишувано за тоа. Отиди и кај друг доктор да те видат со друг ехо апарат. Ќе биде се во ред,ќе видиш
линда и јас имав циклус на 35 дена и овулацијата ми беше на 23 ден и останав бремена со керка ми насекој преглед она беше за 2 недели помала од тоа што го сметаше гинекологот на крај се породив 16 дена над термин уствари таман на времена крај од термин така да верувам и кај тебе не е 8 недела бебето туку 6 а за срцева акција кај и да е за 1 неделча најкасно ке ја чуеш нека поминат 3-4 дена и оди на друг гинеколог
Lele uste ova mi falese-nastinka! Nosot mi e zatnat,ne mozam da spijam po cela nok.Grloto me grebe i glavata me stega.Da ne bev bremena,ke zemav nesto da se napijam,vaka si se macam ko grevce nekoe.Pomagajte mesinja,sto smeam da se napijam osven paracetamol? Po cel den pijam tecnosti.de caj,de supa,de gusti sok...nisto ne pomaga
Душичке препарати на база на прополис можеш да земеш за грлото, така ми кажа мојот доктор кога го прашував превентивно за да си знам ако имам проблем Можеш и инхалации на правиш со прополисот. а за капки прашај во аптека,мора да има некои кои можат да ги користат и трудници
Мамички и јас сум многу исплашена.... утре влегувам во 12недела а имам чувство како стомакот да ми се намалува последниве недели Ич не сум како трудна јас сум и онака слабичка, и едно време ептен ми беше излезено стомачето, а сега го нема.... И мм приметува и многу сме исплашени. Имам и болки во долниот дел од стомање слични како оние за пред добивање само што траат кратко. Скрининг имам закажано за утре но многу ми е страв =( Имате ли искуство ако ако нешто не е во ред со плодот дали би било морално да искрварам или можно е едноставно утре да дознаам (не дај боже).....Преплашена сум
Ај јас да прашам нешто, макар и да е истресена глупост Една моја пријателка е бремена, па кога ќе се видиме се поздравуваме обавезно во образ. Сега некако ми е глупо, да не ја шлапам вака додека е бремена (знаете, има некои глупи суеверија по луѓево, па да не испаднам на крај нешто јас крива ). Што мислите вие за тоа? Исто и за бебиња и деца малечки, ако ми се блиски нормално ќе ги бакнам, гушкам, а вака некои туѓи евентуално ги галам по косичката или ноџето, не сакам да го чепкам, сепак се малечки деца.
12та недела на некого не му се познава ама ич. Еве мене пред да забременам кога ке се напиев вода ми се дуе стомакот, исто и во бременоста сега. Мислам, штом немаш страшни, видливи (не дај Боже) симптоми, не се секирај непотребно. ќе види шутре докторот ќе те израдува. Само без нервози, стомачето допрва ќе почне да си расте. Мене еве сеуште не ми се познава убаво, ама дури сега почнува да се дуе. Претходно порамно од било кога. Ајде со лесно утре и чекаме убава дијагноза.
Ке си земес аквамарис капки за нос ,ке правис инхалации повеке ( во зовриена вода стави камилица ,босилок и напарувај се ) и можеш да земеш прополис воден раствор и земај го со шекер на лажиче. Поздравче и без нервози ке ти помине