во оваа состојба мислам дека ракијата треба да ја оставиш може не си настината може бебето е баш таму кај мочниот меур сместено и притиска и затоа одиш често во вц пиј си топли напитоци а избегавај топло да ставаш на стомакот и една битна ствар не спомната на форумов бар до сега е на овие термо печките никако седење одозгора на топло
36 недела. Не ми се верува значи колку брзо ми минуваат трудничките денови. Вчера се породи една другарка, па малку ме фати паника, две недели бевме разлика со бременоста, па не мислев дека е толку блиску моментот кога и мене ќе ми дојде редот. А јас уште не се чувствувам подготвена, треба да докупам уште некои ситници, ама треба и да се испере, испегла, да се намести креветчето. Викендот изгледа треба да се фатам за работа, да ги завршам тие работи, а потоа и психички да се спремам.
Мешиња јас сум скрос избезумена сабајле кога станав на гаќите имав малку кафенко и веднаш се јавив кај братучетка ми која работи во Систина ми препорача да лежам да одмарам да не мрднувам уФ ке спобудалам сама сум во туѓа земја но ќе морам да се снаоѓам и да барам помош да отидам тука на преглед ве молам кажете ми некој совет имам читано дека може да се појави кафен исцедок но колку би можело да трае тоа ?????????
ауу не очекував да си во толку рана бременост, денес ако можиш одмарај, а утре уште сабајле право на лекар мора да се прегледаш. Позитивна вест овде е што не е црвено (крв) туку е кафеаво, а кафеаво може да е знак и на инфекција или да си настината, преладена, битно утре пот итно на лекар. и извести не што се случува ок?
Во која земја и да си можеш да се јавиш кај твојот гинеколог. Ќе ти дадат вагиналети за зедржување на бременост и ќе ти помине. Поздрав
абе немаш мака кркај си таму, смееме ние чат пат и вино да пиеме или по малку пиво, не ни е алкохолот скроз исклучен. А другарка ми кога беше трудна во од 7ми месец се додека не се породи лекарот ја тераше секоа вечер да пие по една чашка виски, оти многу беше нервозна, и многу ниско беше бебето, па да не си направи беља пиеше виски за релаксација така да уживајте се може ама по малку
одмарај лежи и најди гинеколог да ти даде прогестерон или нешто слично за задржување на бременоста тоа е тоа што можеш да го сториш даго заштитиш плодот
Душички абе да ве прашам скам да одам на преглед во некоја од приватните клиники у систина или ремедика за второ мислење па незнам кај кој доктор да закажам.Па да ми предложите некој др. од кој сте задоволни и кај кој можам да закажам во петок или понеделник зошто не сум од СК па да не ми дојде многу пат да си поврзам со викенд. Инаку јас ви пишував за мјата ситуација дека прокварив еве две недели како си лежам дома и утре сума на контрола и мислам дека ке ми го прекине матичниот болувањето па така јас да си прашам за др мислење од друг доктор. Па ако имате предлози за некој док. пишете ве молам за да закажам што побргу зошто ми е битно да видам што ке ми каже друг доктор.
ама вистина ее, на нервна база добиваше контракции, и на неколку пати крвареше а оти не смее да прима лекови за смирување, мораше да пие секоа вечер по една чашка виски, за да не се породи пшред време, оти од сите жестоки пијалоци само вискито по една чашка не било штетно за трудници и делувало смирувачки на нервниот систем, и тоа смеете да го пиете нормално ако имате некое нервно пореметување. и јас не верував додека не се уверив со свои очи.
здраво драги феминки, јас пред една недела ви пишав дека сум многу загрижена за моето бебенце пошто не се слушаше срцева акција и бебето беше многу мало за неделите, ама многу сум срекна пошто денеска бевме на контрола и ги слушнавме најубавите звуци на свет Моето бебенце има срцева акција, пораснало, ама според последниот датум на менструација бебето е две недели назад, сега тераме седма недела, иако според последниот ден на менструација би требало да сме 9 недела. како што рекоа и повекето од феминките тоа се случува и се надевам нема да имаме големи проблеми до крај. Фала на феминките што ми пишаа и што ме охрабруваа минатата недела. ве сакам сите
Јас одам во Систниа кај д-р Митко Ивановски и сум многу задоволна. Ако сакаш можеш да си закажеш бидејки навистина е прекрасен и како доктор и како човек, што е многу важно
фала на потсетувањето јас ова со топлото го имав слушнато само овие два дена си седев на термо печка ама не баш многу а баш и моето бебе е многу ниско и секогаш кога ке клоцне мене ми се оди во вц можам да кажам дека буквално ми ги има отепано јајниците а има уште половина до крај
се препорачува не не се седи на термо печка затоа што од топлото може да се деси да се отвориш а со тоа знаеш што следува затоа друг пат заборави печка и дупот на топло
ке може ли некој да ми објасне како изгледа кога ке ти се спушти стомакот надоле, и околу коа недела се случува тоа?