Имама пишувано тука....најубаво ке си поминеш БЕЗ врска. Не е толку лошо како што пишуваат тука бе луѓе..и таму луѓе работат...имаат обзир Е сега ако си разгалена жена и ако мислиш дека треба цел персонал да трча околу тебе, тоа е друго. Болка си е болка и мора да ја истрпиш (благородна болка) и Св.Петар да го ,,фатиш,, нема помош тука Следи што ти зборат таму бабиците и се ќе е во ред.
А зошто тие што не сте задоволни од третманот на прегледите на Гак никогаш не сте ја размислиле опцијата-Чаир?
Јас побрзо би дала пари во приватна, ако треба и кредит би кренала, отколку на болница на државно. Мислам, незнам за таму Скопје, ама во другите градови во државава условите по болниците се мизерни, жени умираат, или се заболуваат. Бебињата се ужасно третирани. Не е дали на човек му се даваат или не... туку некој едноставно не сака да ризикува. Инаку во Битола во Плодност третманот е беспрекорен, а пороѓајот кошта 500 евра. А во болница без 200 евра да ги почастиш не те ни погледнуваат. Епа затоа ќе даваме, не оти многу имаме.
Јас не сум од Ск ама и далеку ми е секако за таму,во мојов град нема ниту еден асален доктор за да се породам тука,плус пораѓа само една докторка која ако не е на смена и ја викниш бара одредена сум на пари за да дојди и многу жени ги има оставено на цедило.Има еден доктор како овие во Гевгелија(често е пијан,не знам зошто никој не го пријавил досега) и искрено сакала,нејќела морам приватно.Одев овде во градов ама ми ја зафркнаа првата бременост и искрено немам намера пак низ истото да поминувам.Кога одев на пракса во гинекологија,една жена се породи и така ја плеснаа плацентата на сред ходник и си стоеше таму неколку сати,никој не зеде да исчисти.Така да овде да се пораѓам...никогаш, а за пари имам да и од кај моите и од кај мм.
Се согласувам со Жаки, во Ск имате уште некој избор, ама овде во Бт одамна се случуваат ужасни работи на пораѓај. Не знам дали се сеќавате колку случаи на сепса имаше пред некоја година во Пп и Бт. Таму па и доктори немаат, од тука одат. Свесна сум дека сегде може нешто да се случи, недај Боже, ама барем те третираат како човек и се трудат максимално. А за пари не значи дека сите сме со сјајна финансиска состојба, ние лично од многу работи се откажавме годинава. И кредити се креваат за секакви материјални работи, зошто не и за пораѓај?
Јас пак ке пишам дека ако сее во ред со вас и бебето нема од што да се плашите болките ке бидат исти и во систина,гак,санте и чаир.Бидејки знам дека по другите градови е ужасно и сосема е во ред да се оди на приватно.На гак нее нај сјајно но нее ни до толку ужасно,сигурно знаете дека во приватните клиники ако нешто се искомплицира препраќаат во Гак.Јас сум за прегледите да се прават на приватно бидејки тие се најважни а пораѓајот на државно.
не знам зашто уште истите муабети од порано на гак не ги пракаат од што не можат да ги лечат на приватниве туку зашто финансиски не се во можност да поднесат. цените на неонатална интензивна нега достигаат и до илјадници евра. Побогу зар подобри доктори има на гак или пак опрема од систина ремедика кои се клинички болници не се само ко порано систина што беше само гинекологија. во однос на порагајот..парите се заработуваат и трошат, впрочем и за тоа служат за трошење. А за најбитното нешто во животот не се стискаат парите, не се ни битни во однос на она што се добива
Jas sum RH negativ,a mm RH pozitiv,vo 28 nedela koga go pravev ispituvanjeto za antitela na transfuziologija bese negativo i ne primiv inekcija,ama koga se porodiv i na sinko mu ispitaa krvna grupa izleze deka e RH pozitiv i togas primiv.
Со првото дете имав убаво искуство на ГАК! Добро, да , со врски бев отидена но заминав сосем задоволна. Сега веќе пишував за моето незадоволство од Систина при прегледите и ако правам споредба со ГАК повторно добивам подобар и покоректен третман на ГАК!!! Па сега, со Господ напред планирам и да се породувам на ГАК бидејќи цела бременост ми ја водат таму.
Не да немам пари, ама ич немам. Ама животот ми е драг. Сеуште ми е во потсвеста на сестра ми искуството, 3 дена никој крв да не и провери, излезе со 62 хемоглобин, бела ко ѕидот, молеше да и се измери притисок осекаше дека и е лошо никој не мрдна со мал прст. Тазе ми е и искуството на Елена Мак од форумов од Чаир, таму ни под нож не би идела. Да, нова е зградата, ново е се, но персоналот е тој. Лоши се сестрите, докторите се сосема во ред. Од лично искуство, докторот понудената бомбоњера и парфем ги врати, а сестрите ко попчиња си ги прибраа. Реално докторот заслужи, а сестрите ни кесите за поклон не ги заслужија, ама се кажало да почастиш, срамота било, ова од сестрите лично муабет не од луѓето. Уште не ми е јасно како ќе се одвива се ама здравје, ќе видиме, нека се биде во ред. Ич не сум тип принцес кој аман заман сака да ја галат со перце, ама сакам човечки однос и толку, ми смета однос од типот Ај ма прва ли си што се пораѓа, Доста не се дери гуско една, Не ми се лигуши да не ти ја лепнам една, Ова е државно ако сакаше да те мазиме иди си на приватно, Чекај да допушам цигарата кај ќе избега бебето, Кај најде баш у оваа гужва да се пораѓаш... Сите се овие муабети кои мои блиски ги доживеале на ГАК, е таков однос не трпам. Затоа најдобро фати си некоја сестра блиска, оти од нив сите нервози потекнуваат.
Idni mamicki drugarka se porodi vo Cair pred 3 dena i pokatastrofalno nemozese da pomine, poragjajot ajde de bolki si se bolki, ama negata katastrofa. Denes bev na ginekolog i mi kaza maticnata deka Cair ne e toa toa otkako zaminal Jegeni :/ a jas i go ispofaliv Cair na drugarkava, a mn loso iskustvo od nea..
Во Пп пак на една родилка и вели чистачката од кога се породи: Ајде сега се породи,ова се што си извалка да си го исчистиш... . Бев јас на гинекологија во државно 2 години,знам какви гнаси се. А за принцеза,јас сум далеку од тоа ама не сум куче некој да се понаша така со мене,ваму барем кај што ќе се пораѓам човечки се однесуваат спрема пациент плус за време на пораѓајот има соработка,кај нас сама ќе си се породиш. Секоја мајка би го дала животот ако треба за своето дете,па камоли пари...парите најмалку болат во животот...
Сосема си во право. Јас имам искуство и со приватниве клиники, веднаш ми поставија таква дијагноза и ми закажаа операција од денес за утре, што не знаев како да си дојдам до дома. На ГАК добив по нормален третман, смирувачки пристап и објаснување, што е навистина чудно, ама игледа ми се погоди докторот Тофовски. Е сега одам секој втор ден нели на контрола, зачудувачки е што мажите гинеколози кои ми се паднале на смена биле далеку попријатни и повнимателни него жените. Сестрите сега за сега ми се ок, освен тие на ЦТГ што се вечито нерасположени. А па на дежурство, боже ти си им крива што работат. Имаше и трудни со болки и трудни со крварење, зборувам понеделникот околу 10 часот. Молеа да ги примат побрзо. Сестрата внатре на фиксниот си правеше муабет со домашните, затоа што како што напоменав, дента им забраниле употреба на мобилни. Тоа во дежурната амбуланта. Не сум свилена да се разбереме. Не се жалам за се и сешто. Барем животното искуство ме научило да стиснам заби иако сум релативно млада. Со докторот што сакам да ме пораѓа, Ќаев, успеав да стапам во контакт и на мобилен, и сосема си е во ред човекот. Само ако имам среќа да му појдам на смена. Немам јаки врски за од дома да го викнам нормално. Друго, имам благи менструални болки, претпоставувам од прегледот денес. На пола саат, на 15 мин, и така. Ама зборам ептен тапи болки. Дали се тоа контракции, што мислите?
Ја има испρовоцитано пρегледот денес! И κај мене κога ме пρегледа доκтоρот видов ѕвезди, цтг уρедно, цел ден шетав и ноќта почнаа неκои болκи, одма отидов Стρуга два пρста отвоρена. До пладне ја гушκав пρинцезичκата!!! Со лесно @Eli23
@Eli23 Таа што ти ја бутала раката разбуричкала нешто И кај мене така почна, благи менструални болки, дај боже што посккоро да се олесниш . И тебе и малата принцеза да ве чува едно и се да мине ко песна.
Јас кога бев бремена прокрварев во 6та недела. Со сопругот веднаш се упативме на ГАК за да видиме што се случува. Прво немаше кој да ни каже каде е собата за итни случаи. Второ откако ја најдовме немаше доктор. Не знаев ни каде е ВЦто за да проверам каква е состојбата со крварењето. После 45 мин се појави сестрата и кога ја прашавме за доктор и и кажавме дека крварам ми рече дека секако ќе дојде да си чекам За пола саат се појави докторката ме прегледа и ми кажа дека е се ок. Кога излеговме со сопругот од ГАК се погледнавме и си рековме дека ќе се откажеме од одмор, ќе намалиме излегувања ама наша нога не стапнува во државна болница. Бевме спремни ако требаше и кредит да земеме, но заштедивме и се пораѓав во приватна клиника. Многу тежок пораѓај имав, но доколку бев во државна или мене или бебето ќе не немаше. Односот и третманот во приватна и државна клиника не се споредува. На ЦТГ ме ставаа од 36 недела. За време на пораѓај бев под постојан надзор од доктор, сестри, бабица. Кога се породив постојано доаѓаа доктори за мене и педијатар за малото. Парите се печалат, ама животот на мајката и бебето немаат цена. Не можам да ги сфатам оние кои одат да се пораѓаат во државни клиники а фукаат по 1000 евра за мекици, а при тоа се жалат дека не можат да ги видат сопругите и бебето. Па што е побитно?Мекиците или двата живота? И кога би останала бремена со второ-трето дете пак би се пораѓала приватно. Налет и пари и се. Битен ми е односот, пристапот, грижата за мене и бебето...тоа за жал во државна клиника го нема. И не, не сум разгалена да сакам да ми трчкаат доктори и да ме носат на раце само барам човечки однос, пристап и грижа а јавното здравство е отидено кај што не треба.