можеби е подобро да биде така пошто висок притисок во бременоста и отоци е ептен лоша комбинација која со себе си носи големи ризици сигурно и да е пред време е помал ризикот од тоа да си останеш со висок притисок и недај боже нешто да се искомлицира лекарот сигурно собрал 2+2 и затоа се решил на таква ситуација се ке се среди само без нервози и стресови не ни пиша која недела си инаку?
јас имав покачен притисок само што влегов во девети месец со првата бременост ама немав отоци , во секој случај подобро да си под надзор на докторите не мора да значи дека пред време ке се породиш
па сигурно ке му ги созреаат белите дробови а тоа трае 72 часа значи 3 дена а и веке е сигурно2 килограми и некои си 42-43 см долго па не е толку страшно де само да е живо и здраво а тежината ке си ја надокнади и побрзо од што мислиш сигурно е подобро така инаку притисокот може промлем голем да направи а стално ти е толку притисокот или паѓа? поправена си многу?
рак а белите дробови му ги созреаа ли ? читам дека си бремена со близнаци така да не ретко и близначињата се пораѓаат малку порано али може нема да те породат може само ке си лежиш во болница за да те следат по често
NE NEMA DA ME PORAGAAT SAMO DA ME SLEDAT INACE BEBINJATA SE SUPER 2300 I 2200 SE PLODOVA VODA NORMALNO PLACENTA NORMALNO SAMOMTOJ PRITISOK I OTOCITE
е па тогаш што се плашиш не е страшно а и бебињата имат добра тежина само ке те следат ако треба и ке си полежиш уште две недели па штом влезеш во 9 ке те породат некогаш мора и вака да биде али само да се во ред бебињата другото не е важно ке стиснеш заби и ке издржиш позд
За тежината и немора да значи дека се толку. И мене ми мереа дека е 3100гр, за да се роди на крај со 2490гр, а исто и јас имав притисок. Поради притисокот неможат да се хранат доволно и паметно е тоа што ќе те задржат во болница, па ако треба и порано да те породат. Јас немав некои страшни отоци, онака нормално бев отечена, а имав притисок 150 со 100. Докторите цело време, не е страшно, ќе следиме едно друго, никој ништо не следеше, и искрено многу бев разочарана што така ситно бебе се роди. Но, брзо растат, а тој притисок е навистина зезната работа.
и мене ми се случуваше тоа , многу ме фаќаа грчеви и поима немам од што ми беше само знам дека мм ме масираше секогаш пред да си легнам па подобро ми беше , инаку ми се има случено пола саат да лежам да не можам да станам од грчеви..
Здраво мамички. Јас само да ве поздравам и чисто да напишам некој ред со ефект на - еве ме и мене- ситуација...хаха... Вчера бевме на Набуко со мажулево мое и доживеавме откровение. Филипчо наш целиот се стресе кога почна операта. Мислам дека едно 5-6 салта направи внатре. Спобудалев од радост. Па сега дали му се допадна или уши го заболеа од примадонава не знам но фала богу, на наше драгоцено изненадување се размрда како во старите добри денови. До душа немаше удар како таков но добив чувство дека едноставно се преместува. Што се однесува до грчевите во нозете , во последно време и мене ме фаќаат, обично во сон. Богами ич не е убаво да те разбуди таква остра болка. Па како болат бре..леле..леле... Само магнезиум му е мајката. Јас сум ги имала и претходно, пред да останам бремена и истото и тогаш како и сега ми го препорачувале лекарите -само магнезиум и калциум. Инаку за да моментално си помогнеш само стапалото свиткај го нагоре, боли но олеснува моментално. Испробано
Мешенца убвави... сакам да ве поздравам,на сите нови трудници мирена бременост, а на вас кои сте при крај да бидете силни како што бевте и досега....релаксирајте се и уживајте во новогодишната еуфорија, украсете го домот со вашето мешенце заедно. поздрав до сите....
Здраво мешиња како сте? Како издржувате? Прво да ви посакам убав и пријатен викенд. Поврзано со грчевите и јас имам но на рацете, посебно навечер, а сум во 8 месец од бременоста и докторот ми кажа дека ние трудниците треба да внесуваме калциум повеќе, Јас пијам и магнезиум по препорака на докторот едно насабајле едно навечер и + пијам Прегназон омг и имам подобрување, па здравје ке издржиме уште 1 месец Поздрав до ситеее
Добро утро девојки ај да ве насмеам малку, во петокот бев со резултати од крв кај матичниот гинеколог и он ми вели дека крвта ми била јака како на КОЊ! упс ,се сети што рече и после ја ублажуваше ситуацијата ама тоа КОЊ убаво се слушна,дури и тие во чекална слушнаа мислам се разбравме што сака да каже а на мене косата врзана во коњско опавче
Здраво мамички! Во темата ви се приклучува уште едно меше Рана бременост 7 недела, вашите совети ќе ми бидат добредојдени
Добредојде Афродита25, ти посакувам лесна и убава бременост исполнета со многу убави мигови. Верувај дека тоа што си дел од нас ке ти помогне многу
16 недела и ми вика докторкава ке имала издолжена глава на татко и...и јас сега ја замислувам ко оние од филмот јацеглави било поубаво да е со такво главче дека е девојче него топчесто ама ете мене ми е чудно и го сваќам тоа трагично...се дуго е фала богу во ред.
Здраво мамички.Како сте ми? Добредојде за новите мешковци и им посакувам лесна бременост. Над мене дефинитивно како да надвиснал некој невиден малер и несреќа. Денес моравме да си го еутанизираме кучето, мојата преубава далматинка што си ја чував цели 13 години. А јас, емотивна глупачка, останав со неа до самиот крај.Морав, кој чувал знае, не сакав да биде сама во последните моменти. Ама сега мислам тиквава ми пука , од цел ден стресови и плачки. И да сака повеќе не може да ме боли главава. Ма каков парацетамол какви бакрачи.Немам веќе идеа што со неа..( ептен токмак немам иначе ќе и покажев јас неа ако не престанеше да боли ..хахаха) Ни дремка не ме фаќа а се чувствувам преморено. По се изгледа долго ке си висам на форумов вечерва.
анце ајде смири се сега најмалку што ти треба е нервоза ајде свари си едно топло чајче со лимонче и релакс на фемина
Ancetupance а како е бебушка после операта? Мисли на неа и не и приредувај дополнителни стресови. Јас пред еден месец бев на свадба и цела вечер имав торнадо во мешето, исто и во кино не престана да клоца, изгледа се размрдуваат од гласните звуци. Еден совет од мене, купи карти и со маж ти во кино, препорачливо е некоја комедија.