Мешковци јас пак дома ,ништо ново ме вратија пак се беше ок нема контракции нема болки ,може ке ме задржеше денес но не ми кажа дека не трба да сум јадена јас од 4 сум станата си јадев лубеница и една кришка маргаринче па неможев да издржам а и не ми кажа дека несмеам да јадам,па сега здравје утре ,да не ве залажувам само со ова мекициве мои историски. Најсмешен беше мажот ми излегувам и викам ајде си одиме дома мислеше го зезам и вика абе не те носам остани си доста веке болница дома ,а и сите ме напнаа веке од денес тел го исклучувам неможам да се објаснувам веке.
Имам уште едно прашање дали имате проблем со вените на нозете од пред извесно време приметив синило и испукани вени на нозете како и отоци од вени. Денес мајками ми донесе хепарин некоја германска крема за вени незнам колку е тоа ок да мачкам или да не мачкам. Чудно ми е а немам качено килажа . Од што може да биде ова венозново...
`со лесно да ви минуваат деновите трудничкииииии ве читам секоја ден иако не сум бремена и понекогаш ми е мерак да ви дадам по некој совет ако можам за киселините еве ви нешто што мене ми помагаше некаде после месец почнав да имам киселина ама такви јаки киселни како да ми гореше грлото осекав како жештини ми поминуваат низ грло ама јас пак во чаша си ставам лажица шекер лимонтус и ставам вода и во водата сода бикербона кога ке почне да врие испијте го сето и ке ви помине демек кој има киселини бебето ке има косичка хахахахах мојата цуца до пола главичка гола а од пола само мов аа си викам габе киселините ги трпев на леонина сакам да и кажам да не се коси јас мојата цуца над термин 16 дена ја износив и на крај без болки отидов и со провокација ме породија бацки за сите вас
Не мачкај ништо, обично не се препорачливи кремите за вени и капилари за трудници. И јас на почеток имав неколку испукани капилари и вените ми се познаваа, сакав да ставам хепатромбин, но не се препорачува, па ги оставив без ништо. Поминаа, сега не се познаваат веќе. Инаку јас еве овој пат и не дочекав 2недели, од денес почна кафениот исцедок. Три дена си бев со континуирани болки како за добивање, за кои пак ќе кажам сметам дека не се контракции, зошто беа постојани, а не да почнат прекинат, па пак да почнат. Така да мислам дека матката се шири, но што е тоа е. Утре одам на контрола, па ќе ви пишам како било, што кажал докторот. Се надевам на добри вести, ме радува ова праската во мене си пливка, па се надевам дека е добра. Добра ноќ мешиња, мене ептен ми се спие, премногу сум уморна, но ќе видиме како ќе биде времето и дали ќе се спие ноќва.
и јас се мислам да си легнам, мн ми е мака, секое утро во 7сатот сум станата, ама некако чудно се чувствувам вечерва цел стомак некако ме боли а и нозете може дека вечерва малку повеке се движев ? добра нок на сите
Значи вчера ми беше многу тежок ден, а гледам на повеќето така им било....станував цела ноќ, а дента на секои 4 часа заспивав, детево се утепа од гледање телевизија...злато на мама па ме слуша бе, носи перничиња пушта клима.....цел ден дома го преседовме.. за стриите сакав да спомнам, не само што не се мачкам ич, туку и нон стоп сум со тушот по нозе и раце, па стварно ќе кажам генетика...и со првото дали 2-3 стрии имав, и исчезнаа. Топло ми е премногу, уште да се намачкам и ке полудам. А и капилар имам налик на вена помала позади десното колено....се надевам ќе се намали кога ќе заслабнам.... Така како Леонтина со првото ми беше, дојди, оди си, дојди, оди си.......ја надносив цели 10 дена....и на ккрај и провокаци и триста чуда и се отворив 1цм смеа, па со царски поминав....и ден денес мислам дека беше рано. Ова сега како бутка, првава цурица никогаш така не стискала а и јас сум поспремна, имам подготвено техники и мантри па ќе видиме што ќе биде велат психолошкиот аспект е голем, па баш да видам колку ќе биде смеа ако ништо од тоа не употребам ко ќе ме стегне машки ајде и јас да си легнам, поздрав и се читаме утре! п.с. киселини имам од благо главно, па навечер гледам да се накркам овошје место тесто или благо, и кога ме фаќаат ладна вода пијам и 3-4 зрнца неварен ориз - така ќе го голтнам па ми помага...или семки од маслинки
Zdravo zdravo devojki jas sum nova tuka i bas mi e ubavo koga vi gi citam razgovorite i doznavam poveke okolu bremenosta I jas veke vlegov vo bremenite i sum 5 nedela, sega za sega nemam nikakvi problemi so toa osven so zeskoto , a se nadevam i deka ke nemam i ponatamu vo bremenosta, ako treba nesto ve prasuva ! se nadevam ubavo ke se druzime
Да ви се пофалам...денес бев на гинеколог,и ми кажаа дека носам ДЕВОЈЧЕ. Ептен сум среќна,веќе почнав име да и барам.
еј супер силк и јас најискрено на девојчиња најмногу се радувам не дека и машкото не го сакам ама девејченце уф уф по мерак ми е па можеш да бираш те фустанче те сукничка те тиролче хеланчиња абре милина инаку со лесо нека ти е и со лесно да си ја изгураш бременоста и баш ми е мило за малата феминка
Добро утро мешиња, јас денес малку подранив , не знам зошто ама воопшто не можам да спијам, а и забите многу ме болат ова мојава принцеза се зема од мене Инаку како сте ми вие , како издржувате по жешково , се подготвувате ли за вашите сонциња ? Силк баш ми е мило, мислам дека спомнав некаде дека оваа година доминираат девојчињата, ако ако па да се порадуваме и ние малку, не дека машките не ги сакам ама здравје па другото машко Имајте убав ден сите
Хахаха денес тема ззаби значи И јас се приклучувам, денес прв пат ме болеа, уште додека спиев. Ова бебињата ,цицачи невидени, има уште нешто што не ни земаа? Девојки кај мене кафениот исцедок продолжи, па еве си закажав за во 18ч. се надевам се ќе биде како што треба, додуша не смее поинаку
Силк баш убаво, сега едно убаво име да смислиш и можеш да почнеш да купуваш по нешто. И јас мислам дека во изминатиот период девојчињата доминираат. Ајде и јас утре ќе дознаам какво е, ако се гледа де, ама се си мислам дека ќе го наруши просекот.
Meu секако дека ке биде добро, ајде уште малку нека земаат сега што да им правиме тоа е, денес тема заби а хахах да одам да си купам јогуртче да внесам малку калциум во мене инаку и вечер нема да има спиење... Маya какво сака нека е само да е живо и здраво.. па нека има и по некое момченце да ни ги чува девојчињата хехе Инаку јас прекинав да ги пијам витамините може и од тоа да ми е ама па не можам многуу ме тераат на јадење, почнав многу повеќе да јадам од предходно, ке пробам сите потребни витамини да ги внесувам преку храната
И јас ќе дознаам за неколку дена, едвај чекам. Некако чуствувам дека е девојче само треба да се потврди.
Не е фер стварно одвај ја преживеав нокта ,денес одам на лекар др се разболела па утре пак нејкеа да ме задрзат имало гужва а јас сум била без болки и се ок,неможам да издржам веке готово психички забегав. Меу се надевам добри вести од контрола ке ни кажеш, ке имам многу снашки за бирање само да се .живи и здрави
Добро утро и од мене, денес по ладно од вчера фала богу или мене ми се причини така ? Како сте ми, гледам некој имал тешка ноќ имав и јас станата од 4 сабајле само не од некои болки или слични работи туку од чудни мисли и соништа . Кој знае дали е тоа нормално во бременоста или со мене нешто не е ок. Денес темата е заби ... јас по препорака на моиве бивши трудници (старосватицата која и сега треба да се породи со 2) и другарките си пијам флуор навечер пред спиење и сега за сега немам никакви проблеми освен што имав благо крварење од непцата (но за тоа читав дека е од хормоните ) Е сега знам дека имаше полемики тука за тоа флуорот ама искрено го пијам затоа што со јадењето сум некако скарана и не пијам многу млеко јогурт. Еднаш во неделата едвај да се натерам. Што човек ќе бев со јадењев0 сум нула којзнае дали и бебушов мој ќе јаде. Пијам прегназон сомега фолна и магнезиум и ништо не ми се јаде. Денес се измерив само 1 кило имам качено од почеток на бременост. И јас да кажам дека уште на скринингот ми рекоа дека носам момче само тогаш незнам колку се гледаше па кје видиме на следна контрола. ТУку да прашам после скринингот за колку време ви закажаа следна контрола мене за 8 недели а тоа доаѓа некаде во 21 недела ????????? Меу за кафеавото не му ја мисли тоа е од капиларите околу матката и како матката се шири послаби капилари и тие пукаат и го прават тоа кафеавото. За вениве решив да не мачкам ништо затоа што и така не се могѕ една групација од 5-6 на едната нога и две три на другата па не е ваљда ништо страшно. поздравче и се надевам дека денес ќе имаме убав ден
Лео ајде издржи уште малку цели девет месеци супер сега за малку мора да се издржи. Знам дека е тешко сега најмногу тежина смета и времево е ужас само издржи нема психичко забегување. Тука сме и ние сите те подржуваме може сака малиот празнично да те изненади.... ПОздравче и само одмарај и уживај убаво му е кај мама
Ајдее можеш ти да издржиш кај и да е ке биде, цели 9месеци го носеше па сега за неколку дена Е а мене јогуртот ми е најдобро другарче многууу сакам да пијам јогурт а во последно време и млеко многу ми се пие.. Инаку за соновиве и мене ме мачат, заспивам и сонувам нешто ни јас не знам што, се потам и се будам ама така наеднаш се штрекнувам и не можам веќе ми се смачи.. А и ме мачи тоа докторката што ми кажа дека стомачето било многу мало во однос на главата и нозете.. АХ ГОСПОДЕ СЕ НАДЕВАМ СЕ КЕ БИДЕ ВО РЕД И КЕ ДОНЕСАМ НА СВЕТ ЖИВО И ЗДРАВО БЕБЕНЦЕ...
Ивановичка јас не сум баш компетентна да кажувам како што треба да се оди на контрола после првиот скрининг, туку да си кажам искуство. Во 17н ми земаа брисеви, во 19н поради кафено бев, излезе хематом, во 20н, на контрола да видиме до каде е хематомот, па пред 21н пак поради кафено, и во 22н полна на втор скрининг. Што значи ако не биле вонредните ситуации ќе сум одела во 17н па во 22н. Инаку за соновите е многу нормално, јас можев едно 10тина филма да изрежирам од сонови на почетокот Леонтина и да знаеш дека ќе имаш за бирање хаха, а денес што ми се уврте во глава, да прашам дали е уште девојче да не се има предомислено па да и ја згрешиме бојата
Мамички јас да ве прашам...а имате ли грчеви во нозете? Сабајлево додека спиев ме разбудија грчеви и во двете нозе долу на листовите и еве уште ме болат нозете поздрав имајте убав ден..