фала ви многу ете уште сношти ми помина лошењето, сигурно ми било од наеднаш што вдишив, ама повеке нема... понекогаш несвесно ги правам некои работи, заборавам дека сум бремена , ама мора да внимавам повеке
и јас знам да влезам у тоалет да зачистам со полирапид ама збегавам да вдишувам многу...а морам сами живееме не често... ама не му е ништо нели? па со што да чистиме?
Кај нас на работа доаѓаше хигиеничарка да чисти до 7 месец со полно работно време и роди нормално здраво дете.Си работеше со ракавици и маска по потреба. Така што еднаш неделно ако зачистиме нешто по дома, не може ништо трагично да биде, што да кажат жени што работат во фабрики или хигиеничарки по цел ден. Јас исто користам и полирапид и арф и циф, меѓутоа со ракавица и тоа брзински за 5-10 минути да финиширам чистење на крај, оти ужасно ме нервираат траги од бигор на славина и исушени капки на огледало А нормално избегнувам јаки средства како доместос или незнам солна киселина(тоа не ни купувам) или било какво средство што нема потреба, бидејќи домот не ми е јавен сервис па да треба секој ден да дезинфицирам.
ништо не му е не се секирај ,јас цела бременост ги раотев сите работи по дома ,доместосот ми беше многу јак нели дека иам остар мирис па чистев со полирапид
и јас кога го чистам вц-то чистам со маска и ракавици, и во последно време чистав со глосс, зато шо доместосот мн ми мирисаше, секогаш кога чистам се отварам за да имам повеке воздух ама ете така бидна сношти, ама затоа сите ве советувам да си внимавате за не ве фака паника како мене после
фала ви мешиња него...пишав нешто у темата за секс во бременоста има ли некој да ми каже поискусен слично искуство? фала ти најмногу
Девојќи мене многу ме мачат кошмари последниве денови. Еве денес успеа денов да ми се уништи... Се плашам да не му се случи нешто на бебево... Не ми се верува дури како мозоков ми продуцира такви хорори, да се будам препотена среде ноќ...
Мене ми рекоа дека е нормално да имаш секакви соништа и дека не треба многу да ги толкуваш. Нам трудниците ни се качени хормони и сетилата ни се три пати поизострени од порано, така што, се што ни се случува преку ден си го репродуцираме на сон во вид на кошмар или убав сон, (веројатно зависи од тоа кој е песимист а кој оптимист, не знам не сум психолог). Меѓутоа, немој во ниту еден момент да дозволиш твоето бремено главче да мисли дека ќе се оствари нешто што сонуваш, затоа што ќе ја поминеш цела бременост во мисла што би било ако би било. Уживај си во бременоста, твоето буце во стомак си ужива сместено под срцето на мама
Истата бев и јас , и пред и после пораѓајот . Се некои безвезе работи сонував ,ама не е ништо страшно Сонував се нешто дека на бебето ке му се случи , ама се е од тоа што сакам да му е најдобро на бебето Ама еве здрави живи и јас и бебе
Викаат дека трудниците кои имаат кошмари ќе имаат полесен пораѓај. И јас бев со кошмари, посебно последните денови. Без гајле нормална работа е што сонувате многу.
Девојки ме интересира дали е нормално да се има тахикардија во 10та недела ??? и дали може нешто да се напијам, пошто цел ден ме мачи
мешиња ајде и јас да ви се приклучам Како се справувате со нискиот притисок, Леле спијам немозам да функционирам 19 недела сум , пред некоја недела на преглед ми измерија 70/50 лелеее мислам дека ќе запијам стоејќи
И јас сум со низок притисок, по цел ден како издрогирана сум...ама ме убедија дека за во бременост било многу подобро притисокот да ти е низок, одколку обратно... Инаку гледам наутро да се расонам со чаша цеден лимон, и пијам многу течности...во итни ситуации, ако треба да завршам некоја обврска пијам нескафе или газиран сок. Само така ми се крева притисокот инстант, инаку левитирам и не сум способна ама баш за ништо.
мена најмногу ме убива и вторава смена на работа не се издрзува спијам..... Ај да сум дома ќе прилегнам ама вака немозам и плус гинекологот ми забрани нес само турско мозе
Како сте мешенца со бебенца јас денес бев на преглед, се видовме со цуцето многу беше неумен, ама ич не сака да го гледат незнам на кој е волку срамежлив инаку пораснат е и рекоа дека немало да ја чека нова година многу биле големи шансите да се роди околу 38мата недела, оти се спуштил неверојатно ниско (е колку е тоа јас незнам ) и до сега е тежок околу 3кг, што мене посебно ме радува. Му спомнав на докторот дека по сигурно е со царски да ја редиме работава да помини и за некоја среќа тој се сложи со мене, и од понеделник натаму ке се договараме како и кога ке биде Д деи
Аааа сењорита ти значи ситно ситно броишм ајде нека е само се во ред и со убаво да си поминиш па кога и да дојде д денот нека дојде, само живи и здрави да сте и двајцата Јас иначе денес баш си правам муабет со мм, му викам лелелеее па јас за 2 недели влегувам во 9 месец колку брзо минува времето значиии, ќе треба од понеделник да почнам со спремање,да ги исперам алиштенцата,постелата,да го наместиме креветчето,да спремам торбата за пораѓај оти не се знае кога ќе му се излезе, може му се брза, може пак ќе сака да си поседи внатре во мешето на топличко повеќе,којзнае..ќе ни каже тој кога ќе одлучи Вие мамички кои сте сега во брзо време, си купивте ли се што треба за бебето? Јас уше некои ситници треба да земам, не сум 100% спремна, здравје само
и јас незнам што е тоа, мене денес ми даде една другарка список за на болница бт што и кажале што треба да носи, ај ке го напишам во темата кај шо пишува што треба за на болница
Здраво мешенца како сте мене малку ме снема ама тука сум ве читам Добре ни дојдоја новите мешина доколку ги има и со лес нека му е на тие што се пред самиот крај да си се олеснат Јас имам многу за фалење како прво во средата бев на контрола и си го видовме бебушко наш се си е во ред душе на мама бевме околи 614 g што докторот констатираше дека тоа е добро според неделите му ги видовме сите органи ама баш сите и се си е добро развиено, срценцето добро си чука, дури и очичките ни ги покажа ама буквално се ни покажа докторот, надолу си е свртено како што треба и попочната врка е нормална само за полот се измачивме да го видиме се завртив дури на страна за да ни се каже што е ама на крај успеавме и тоа нели првиот пат ни рече му личи на женско и овој пат му личеше така нормално легната му личеа на устенца ама кога се свртив на страна му се виде таквото (машко е и докторот искоментира е машко е 100 посто сум сигурен дека е машко нема промени му ги видов и тестисите и таквото ) според неделите си е секако поголемо веќе имав и пишано тука нема промени. А и со мамичка се е во ред притисок супер. урина во ред, железото само малку надолу ама уште не е страшно, тестови во микробиологија и патологија чисти ехе нема ко мене дајбоже така да продолжи. Се извинувам за долгиот пост ама морав да се изнафалам и јас