одамна помина вреето кога моите две дециња беа бебиња али мили сте ми вие трудниците и редовно ве читкам само да ви кажам да не плискате пари за алишта и разни работи и да не гледате да бидат фирма сега кога ги гледам работите алиштата се се фирми на венис чико бебето како ми е криво што сум давала толку пари за алишта кои за бргу време ги надрастија и ми останаа како спомен качени на таванот во картонски кутии земете си нешто поефтино и онака нема да ги користите многу долго а и ке ви донесат на сповојница алиштенца
пак јас да си прашам нешто, и ова ми го спомнаа, ехех навистина ако се пораѓаш природно, требало да седиш на боксот околу 2 часа, после породувањето ???
да обично после порагај уште 2часа остануваш на бокс од кој 1час ти се средува постелка ревизија шиење и што е финтата со тоа да си купиш попречници за на бокс и јасне свакам што е тоа
и јас навистина тоа не го сфакам, а му го кажала сестрата кога оделе на вежби за трудници вторник ке одам за брис кај мојата матична и баш ке ја прашам за ова
да ,јас мислам дека и повеке од 2 часа останав, ги прекрстив нозете така ми кажаа претходно за да не биде обилно крварењето
Мамички изгледа добив хемороиди многу ме боли и боцка кога седам...неми требаше сега ме фака паника за породување.како ке ми ги снема и се плашам дека ке смета тоа ако неми помине... дали имаше некој од вас ваков проблем и што правевте
да седиШ 2 саата за сваки слуцај првин ти ја вадат постелката ја тегнат со папочната врвца па ја гледа др.дали е цела па те сијат и така епа ке си земес епидурална и ресен проблем јас кога ми дојдоа болките стварно мислев ке умрам си викав само да го родам па со мене со сака нека биде па фино лепо се развикав по сестрата за епидурална и колку бесе се лесно потоа екстра усте 10 би родила али смо со епидурална и не се пласи сите трпат болка
мене ми се појавиа хемороиди во седми месец кога влегов не можев да седам па и дека бев доста поправена а и надвор жешко беше се изнамачив,после ми зема мм од зегин маст хеморал мислам се викаше .се консултирав со докторот ми препорача да ги мачкам со јод ,да се одмивам со камилица а најмногу ми помогна на памукче кантарион ,само некој мора да ти помогне јас огромна бев не можев сама ,инаку има сега секакви масти прашај по аптекиве,а за на пораѓај не се секирај нема да ти сметаат и јас многу се плашев
Леле си викам уште ова ми фалеше.Јас имав често и запек ама незнам зашто јадам многу овошје пијам течности и ете сега хемороиди.Баш утре ке отидам до аптека да прашам па да изреагирам на време...
Дали некој имал проблем како мене. Чувствувам болки во долниот дел на стомакот но благи не се јаки но се мислам дека ми се јајниците бидејќи нозете ми мрзнат никако неможам да си ги стоплам. Но пред 10ден имав кафен исцедок но за 2 дена ми престана и сеуште примам утрогестан со бебенцето се бесе во ред и срцева реакција имаше но морам 2недели да мирувам но мене место не ме фаќа бавно ми мине времето само чекам да дојде 17ти и повторно да си отидам на контрола
Кога ќе бидеш трудна пак ќе го поставиш прашањево но наместо страв дека ТИ ќе умреш на пораѓај ќе се плашиш да не му се деси нешто на бебето. Ќе биде повеќе нека боли колку сака само бебето да е добро
и јас така викам нека боли нека коли што сакаат нека ми прават мене, кај сакат нека ме сечат, само тој да е во ред ништо да не му се случи. И за стриите бев исплашена леле каков ке ми биде стомакот со стрии се гадев од помислата а сега викам ако сака се нека ми испука не стомакот абе се, само за син ми се ке дадам. ај ако може тие по искусните мешиња да ми кажат дали осетиа кога му падна чипот, и како изгледа тоа?
Леле женски треба да сме многу јаки али и психички спремни и тоа е многу битно.. Не е лесно да се стане мајка
Абе се ближи ама несакам многу да се возбудувам зошто чуствувам дека после термин ќе се породам Па да не ми се види многу чекање Плус сега сфаќам дека никогаш нема да бидам спремна, се нешто ми е погодено, се наоѓам некое шпикозниче што повеќе ми се допаѓа па го менувам во торбицата и така. Само да ми пукне водењакот прво се молам зошто ако ме фатат болки и одам во болница се плашам да не ми речат рано е дојди за неколку саати, вака со пукнат водењак мора да ме задржат. И така.... А инаку сум запишана за пораѓај со епидурална така да со Господ напред!
cecilia ти дојде до финишот , со убаво со лесно нека е.. сакав да те прашам каде одлучи да се пораѓаш???
Девојки не се секирајте, притиска бебето некаде па затоа осеќате болки, не е ништо страшно , поминува само по себе, повеќе лежете и одмарајте. И јас го имав тој проблем кога бев отприлика така 20,22 недела и еден ден се разбудив со толку силни болки што мислев дури дека ми е слепото црево, не можев да се исправам од болки и ми се укочуваше целата таа страна, десната мислам беше ако не се лажам и правец на гинеколог од страв, колку плачев само лелееее кога се сетам сега за тој ден ме виде на ехо др.и немаше ништо, бебето си беше супер, си кулираше постелка и вода се ок и така ме испрати на едни испитувања за мокрача да недај боже може сум имала некоја инфекција и ништо немаше,се си беше чисто, одмарав тој ден и нарениот ми помина, после 2 дена пак ме фати иста болка и до вечерта ми помина и од тогаш не ми се десило ништо такво. Ете тоа е се нормално, да не се секирате, уживајте и галкајте ги мешињата сега на ладново им треба топлина од мамичка