Добро утро мамички прво фала богу што ни ја вратија темата назад инаку ве барав по сите теми иначе ве читам секој ден. Е сега да ви се пофалам денес влегов во 12та недела и тоа едвај. лезејки и со секакви болки се надевам сега ке се намали сето ова. поззз до ситее
Ќе се намали Гладиола. После две недели ќе бидеш како нова,без болки и силна како бик . Не се секирај, ова е најосетливиот период кога бебето се зацврстува за матката и мора да боли. Ама од 14-15 недела веќе све се менува на подобро. После имаш уживање до кај 30-та недела, и после веќе почнуваат други болки и тежини, ама све тоа си е слатко и си е составен дел од бременоста. Само повеќе одмарај, пиј магнезиум и уживај во бременоста.
а колку убаво, ете сега на купче ке можеме да си правиме муабет, баш ми е мило ,ама да си внимаваме за да не ни ја заклучат пак инаку не се секирај ич мама 25, и моето до пред некоја недела беше карлично, па и горе многу, ама на последниот преглед ми рече матичната дека е се како што треба а и јас си реков готово ке мора царски, и се зафркававме со мажето кај него сите машки во фамилијата се карлично родени па си реков оди тоа наследно, ама ете не е така, чекај си на наредните прегледи ке видиш како ке е инаку јас официјално зафршив со средување на алиштенцата од бебушко, вечер ги местиме торбите и ке си чекаме а и јас одвреме навреме имам болки, сега незнам дали да ги наречам болки, туку како да ме сечи нешто долу, а и кога ке мрдне бебушко ме боцка во џозефинче ( така си ја викам )
да, така е. толку бука за наталитет а сите гледаат да заработат на трудниците. кога се работи за живот секој би платил не жалејќи ги парите ама не е фер,многу голема е разликата во цените на лековите,јас невелам да се заборават сосема старите луѓе ама треба да се мисли и на младината. барем за нешто некој лек да одеше на позитивна листа. што знам пријателки што лекуваат неплодност се оддадоја од пари, не само за лекови туку и за испитувањата. еве и кај трудниците не се баш ефтини испитувањата,освен ехото на клиника што е 150 денари,за скрининзите. знам дека стварам нервоза со муабетов ама револтирана сум! а за подготовки и ние се подготвуваме полека треба можеби малку да побрзаме ме зафркаваат другаркиве дека по продавници ќе ми пукнел водењакот многу полека сум се подготвувале,демек се се купувало во два дена
хехех е да се се купува во два дена, ама требаат мн повеке за да се спремаш, да ги испериш, испеглаш и слично а во врска со цената на лековите да високи се и тоа како, и што е најтрагично се досега ете на пример јас што користам се купувам на приватно, ништо не оди на рецепт... а да не ги спомнуваме тука сите анализи, тестови, брисеви и слично, секаде се плака... и секако тука е мојот матичен кој иако ми е матичен за секој преглед си плакам , а картонче си зема
Женски како сте ми денес добри ли сте? јас од денес влегував 38 недела.одвреме навреме ми поминува една болка долу под стомакот како струја како нешто даме сече...е сега дали тоа се тие болки или не ? и јас исто не го осекам многу спуштен стомакот.А највеќе сум сега надуена во рацете односно прстите посебно сабајле неможам ни да ги свиткам...
Како сте ми мешиња? Не знам за вас ама јас си уживкам во бременоста во секоја смисла на зборот Не дека не се движам ама гледам дека за секоја работа (на работно место) ме поштедуваат и си научив да го користам тоа Е сега мм е ептен на штрек со мене (не знам зошто кога јас не се жалам на ништо) ако се задржам повеќе од 10 минути во тоалет одма доаѓа и тропка на врата да провери дали ми е добро, џабе се објаснувам дека сум зиморлива и ми треба време дур да соблечам боди, хулахопки, бубрегарки (стружанка памучните гаќи) До сите мешиња што допрва треба да влезат во 15та недела (јас влегувам во 19та ама од 15та ми е се супер) УЖИВАЈТЕ НАЈМНОГУ ШТО МОЖЕТЕ!
леле за ова отоциве и јас еве почав да си го имам тој проблем од минатата недела веќе пишав некаде дури и едвај пишувам по тастатурава од што ме болат прстиве сега не се веќе нормални туку како кобасици не ќебапчиња туку оние кобасиците големи , а боли кога ќе ги виткам убива, а синоќа приметив и дека нозеве ми немаат веќе глуждови споени се , немам кондури за облекување, а да не зборам за чизмите ниедна неможам да облечам , денес бев излезена во едни скапани патики два броја поголеми , ми смрзнаа нозете. Сакав да прашам . како се облекувате, сами или ви помага некој? Носите ли под панталони хеланки или хулахопки? Јас едвај некако сама се борам со гардаробава да се облечам, а за чорапи и обувки да не збориме, под панталони ништо не облекувам, претежно сум сега во тренерки , со кратки чорапчиња, иако мажево вика да помогне, ама несакам да ми се помага зошто не е нонстоп со мене, ... како стоите на тоа поле...
и јас имам мака со облекување особено со чорапите, ама се трудам и сама си ги облекувам, а со другите алишта ми е полесно малку инаку кога излегувам од дома, носам хеланки и под нив едни ѕифри од мажево мое, хехехе моите ми се мали а не планирам уште за малку да купувам други,така да му ги користам некоговите а за чевли и јас сум хаос еден број ми порасна ногата, вчера сум купила едни чизми, само за носење ама за гледање јок а за отоците јас летото имав , некако наеднаш како да се подув како балон,еххе ама сега да не се заречам пупу немам ич, незнам до што е , дали дека повеке се движа, пијам многу течности...
ма срцуш јас се движам, дури и претерувам со движење и со активности, ако не чистам по дома и ако не средувам тогаш сум низ град се нешто ми истекнува да барам, еве денес шетав купував поклони за нова година и божиќ , бидејки незнам после како ќе ми биде алот, може и бебушка да дојде порано и да изнеди а имам уште за средување, па китев елка дома местев за нова година украси, (иако ме караат годинава да не китам заради бебушка, ама нема да му биде ништо, во спална не ставив никаков украс ,да не собира прашина) ама дневната ја направив,па мерак ми е . Па после ќе одам да купувам пакетчиња за дечињава од братми од старосватицава и другарка една (не се многу 5 дечиња се ,ама и играчиња треба да земам покрај пакетчињава - за возрасниве скоро за сите купив и од кај мажми и кај мене... ама избегав од темава , сакав да кажам дека сум стварно многу активна ама изгледа тоа со отоциве е нормално, а искрено сум слаба со течности, неможам да поднесам повеќе од две до три чаши вода.
и јас да се вмешам во омиленава тема. со првото дете немав никаков проблем,ни оток ни ништо,се смеев кога ке слушнев дека на некоја трудница и помагаат за облекување,ама се се враќало. сега сум бремена на второ,33 недела,ама едвај си облекувам чорапи,мм ми помага кога ке ме види дека облекувам. за чизми ич да не правам муабет,едвај ги носам да не купувам нови за малку,а до год да ми бидат големи. имам преголеми болки во колковите кога спијам,а дали се собира 2 саати да отспијам дали и некоја др девојка има ист проблем и што пиете,мене остеокер не ми помагаат,нити магнезиумот. поззз и уживајте
можно е и дека пиеш малку течности, пробај повеке, макар и со сила а јас забележав летото, бев болна и тогаш мн малку се движев и тогаш цела се подув како балон, ехех па после почнав мн да пијам вода, и да се движам па се вратив во нормала ама и сега не сум потечена , се надевам така ке остани и до крај
И мене ми оди многу мачно облекувањето, посебно чизмите па маж ми кога е тука ми ги облекува..Веќе оваа 35 недела ми е неподнослива, се одвај правам... Среќа што не сум потечена, а можда е и рано.Кога се јавуваат отоци на нозете? Сите ми викаат кај и да е ке потечеш... И секој ден како што се ближи крајот ме фаќа страв од пораѓање, само сонувам доктори, опперациони сали...
до крај на термин немав ни отоци ни стрии после терминот изгурав усте 16 дена е во тиа 16 дена добив и отоци и стија по некоја предходно беше мами 25 мислам читнав за бебето што е карлично поставено не се коси мами кај мене до 14ден над термин бесе карлично ме ме примија за царски али на ехото пред се виде дека се свртело па продолзивме со провокација а јас бев уплашена изпаничена од царски и плачев од страв па кога ми рекоа дека е свртено се радував како дете а сите околу мене се чудеа дека се радувам на природен пороѓај за срека се беше добро за 4 саати почна болките и испадна бебето
Јас сум премногу задоволна од тие панталони што си ги купив црни класични труднички ич не ми се свигаат за изглед,али ги изнаносев но под нив облекувам дебели хулахопки сто се растегаат еден број поголемки ги купив од пенти ама многу се згодни се растегаат... а за спиенје на мм тренерки и зиври изгледам крш во нив ама мора ... иначи од кондурите само еден пар ми се точни и тие се така со широк калап а сега си купив чизмички ама точни ми се почто купив од тие кратки чизми и мн се згодни...а за отоците мм ме кара да не јадам солено ама јас сум ептен по сиренје кашкавал млечни производи односно се што е солено
Фала Меу, бидејќи отсуствував долго од темава , со задоцнување ти честитам за твоето девојченце.Едвај чекам да ги дочекам тие волшебни денови, се надевам дека ќе се снајдам со бебец ...
од кој месец потекуваме? треба сега да земам невестински кондури а свадбава на 26.01 да не не ми бидат точни после? Dо сега сум си иста не сум отекла..
нема правило дека треба да отечеш или како да се изразам, некои трудници воопшто не отекуваат или може пред порагајот, јас два дена пред да се породам само устата ми беше ко силикони да сум ставила
во право е пепита82,, дека нема правило, ете јас пишав и погоре веке 37 недела сум па ич не сум отечена, а јас пак отеков во првите месеци , а после се вратив во нормала